Струга домаќин на шестиот конгрес на педијатрите на Македонија

Здружението на педијатрите на Република Македонија го организира Шестиот конгрес на педијатрите на Македонија со интернационални учесници, кој ќе се одржува од утре 8-ми до 11-ти октомври во Струга. Повеќе од 500 доктори од целиот свет меѓу кои и 24 врвни експерти во полето на неонатологијата и педијатријата од 13 држави ќе присуствуваат и ќе одржат предавања на неколкудневниот настан.

повеќе...

Завршена надградбата на системот за обработка на Царински декларации

Од Царинската управа на Република Македонија информираат дека најавената надградба на Системот за обработка на царински декларации, е успешно завршена. Состојбата со спроведување на увозно-извозни операции во цринските испостави Охрид, Струга и Ќафасан после 9 часот е нормализирана. Утре прекин во работењето на Макцис системот во царинските испостави Охрид, Струга и Ќафасан

повеќе...

Затворени нелегални обложувалници во Струга, Кичево и Дебар

Осум диви обложувалници во Струга, Кичево и Дебар, беа цел на акциските контроли на тимови од полициски службеници и инспектори на УЈП. Акциската контрола беше реализирана на 30-ти минатиот месец во врска со Законот за приредување на игри на среќа-обложувалници и забавни игри. Во шест нелегални обложувалници, инспекторите констатирале дека организаторите на обложувањето имале работници на пулт кои наплатуваат и издаваат друга документација за обложување. Ниту еден од организаторите на обложувањето немале лиценца и друг вид одобрение за приредување на игрите на среќа. Инспекторите од УЈП извршија увид во затекнатата…

повеќе...

Пет годишно девојче почина при пад од зграда во Струга

Вчера околу 19:00 часот во Струга на улица „Ристо Крле“од зграда од 5-ти спрат паднало пет годишно девојче и истото било пренесено во МЦ-Струга каде што од страна на лекар била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршил Ј.О. и увидна екипа од ПС Струга, а по наредба на Ј.О. телото на починатото девојче е предадено на семејството за погреб.

повеќе...

Кривична пријава за лица од струшко поради кражба на дрва

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „кражба на дрва“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Л.И.(31), Д.Д.(18) двајцата од струшкото село Франгово како и против Ш.М.(20) од селото Радолишта. На 17 овој месец, пријавените биле затекнати во бесправна сеча на букови дрва во шумски терен кај местото Гропа во атарот на струшкото село Франгово. Полициските службеници како и шумскиот полицаец констатирале дека пријавените на туѓ имот неовластено пресекле околу 40 стебла букови дрва кои веднаш потоа ги префрлиле на соседна локација оддалечена околу 100 метри.…

повеќе...

Јавна дискусија во Струга „Избирачките системи, во интерес на граѓаните или политичките партии”

„Избирачките системи, во интерес на граѓаните или политичките партии” е насловот на првата јавна дискусија организирана од Диверзити медиа во рамки на проектот Глокал Дискусии, што ќе се одржи денес во Театар Пошка во Струга, со почеток во 17 часот. Панелисти кои ќе дискутираат на темата ќе бидат Башким Бакиу, политиколог и Адриан Демири, правник, а целта на првата, како и на останататите 11 јавни дискусии што ќе се организираат во рамки на проектот Глокал Дискусии е да се потикне дискусија и да се зајакне доброто владеење давајќи им глас…

повеќе...

КУД „Дримкол“ – Вевчани учествуваше на Меѓународен фестивал во Грција „Музика и море“

КУД „Дримкол“ од Вевчани преку својот детски и младински фолклорен ансамбал овие денови ја презентира Македонската култура и традиција на Меѓународниот фестивалот за музика и танци „Музика и море“ кој се одржува во туристичкото крајбрежно место Паралија. Покрај настапите во официјалната програма на фестивалот кој се одвива во анфитеатарот во Паралија, младите членови на Дримкол ја воодушевија публиката и во туристичките места: Катерини, Олимпик Бич. Организаторот задоволен од Вевчанци, синоќа им довери 15 минутна програма на свеченоста по повод доделувањето на Гранд При наградата на фестивалот. Во рамките на овој…

повеќе...

Гостиварец заработи кривична пријава поради тешка кражба и одземање моторно возило во Струга

Поради постоење основи на сомнение за сторени шест казнени дела „тешка кражба“ и едно дело „одземање моторно возило“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Џ.И. (21) од Гостивар, лице кое се бараше со потерница за издржување казна затвор. Пријавениот, казнените дела ги сторил во текот на август и септември оваа година во Струга. Тој со употреба на погоден алат и прибор, насилно отворал прозори од куќи и деловни објекти низ Струга. На тој начин но и со кршење на стаклата од влезните врати, успеал да влезе во внатрешноста…

повеќе...

Извршено авионско прскање против комарци

Рано утрово, во периодот од 5 до 8 часот, на подрачјето на општина Охрид, Струга и Дебрца, беше извршена авионска адултна дезинсекција против комарци. На територијата на општина Охрид со дезинсекцијата беше опфатен потегот од Прентов мост до вливот во Охридското езеро по течението на Коселска река. Во градското подрачје во зона на Касарната и Дебело поле како и во населбите Воска и Даљан. На територијата на општина Струга се спроведе дезинсекција во атарите на селата Мислешево, Мороишта и Драслајца, како и на потегот од Подмоље по магистралниот пат кон Ќафасан…

повеќе...

Македонски државјанин се обидел од државата да изнесе 105 илјади евра

Царинските службеници од граничниот премин Ќафасан спречија обид за нелегално изнесување на голема сума девизи од државата. Вчера за излез од државата се пријави автомобил со македонски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин (Е.А, 38 години). На прашање на царинскиот службеник, лицето изјавило дека нема ништо да пријави за царинска контрола, но прашан дали носи девизи со себе, одговорил дека има околу 2 илјади евра. Поради сомневање во изјавата, пристапено е кон детален преглед на возилото и претрес на лицето, при што во џеб од неговата облека се пронајдени пријавените…

повеќе...