Културниот центар „Бран“, Ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга и НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, во рамките на VII-та Меѓународна манифестација „Струшки книжевни средби“ организираат претставување на Александар Чотриќ – сатиричар од Белград, Србија. Претставувањето ќе се одржи утре во 19:00 часот во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид. Промотори ќе бидат Тоде Илиевски и Петко Шипинкаровски. WebOhrid
повеќе...Tag: струга
Голем пожар беснее помеѓу струшките села Делогожда и Поум
Вчера околу 16:10 часот на потегот помеѓу с.Делогожда и с.Поум,струшко, на поголема површина, полициски службеници забележале шумски пожар со кој била зафатена нискостеблеста, дабова и букова шума. За пожарот биле известени Теротиријалната противпожарна единица, Шумското стопанство и Центарот за управување со кризи. Утрово во 07:00 часот пожарот се уште бил активен и не постоела опасност за населените места. Се преземаат мерки за гаснење на пожарот.
повеќе...Кривична пријава за две лица поради бесправно градење
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против С.И. (82) од струшкото село Подгорци и А.Е. (56) од селото Калишта. Пријавениот С.И. нелегално односно без одобрение, на катастарска парцела 595 во селото Подгорци започнал со градба на ограда со должина од 6,90 метри и висина од 0,35 метри. Второпријавениот А.Е. со нелегална градба отпочнал на катастарска парцела 407/1 во струшкото село Калишта со должина од 55м +24м, а во површина од 1281 метри квадратни. Од страна на градежна инспекција…
повеќе...Стружанец со чекан нападнал продавач
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против О.С. (34) од Струга. На 25-ти април годинава, пријавениот, во продавницата за електо-материјали во Струга, предизвикал караница со сопственикот на продавницата и ја загрозил неговата сигурност. Настанот се случил околу 13 часот кога, сега пријавениот влегол во продавницата за електо-материјали „Солун“ лоцирана на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга. Притоа, побарал бакарен кабел со должина од околу 400 метри за монтирање на терен со ветување дека…
повеќе...Приведен стружанец кај кого била пронајдена дрога
Вчера во периодот од 12:00 до 13:30 часот, со Наредба од Основен суд Струга, полициски службеници од ПС за ГН „Франгово“ извршиле претрес во домот на О.Д. (61) од Струга. При претресот во кујната бил пронајден керамички тањир со непозната бела прашкаста материја, една пластифицирана картичка со траги од непозната бела прашкаста материја, како и едно парче од најлонско ќесе со траги од непозната прашкаста материја. О.Д. бил приведен во ПС Струга за понатамошна постапка. Пронајдените предмети ќе бидат испратени на вештачење.
повеќе...Стружанец во дворот пронашол рачна бомба
На 17.06.2017 година околу 10:30 часот во ПС Струга, В.Т. (53) од Струга пријавил дека на 15.06.2017 година во дворот од сопствената куќа пронашол една рачна бомба од непознато потекло. В.Т. ја предал експлозивната направа во ПС Струга. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
повеќе...НВО „Натура Лаб“ одржа јавен собир изразувајќи незадоволство поради ново отворениот каменолом
Вчера, во периодот од 14:00 до 15:00 часот во с.Боровец, струшко, поточно на спортското игралиште, околу 500 граѓани во организација на невладината организација „Натура Лаб“ од с.Лабуништа одржале ненајавен јавен собир, изразувајќи незадоволство поради ново отворениот каменолом на м.в. „Стижак“ од А.Д „Илинден“ – Струга. За време на собирот немало нарушување на јавниот ред и мир.
повеќе...Лишен од слобода албански државјанин кој бил баран со меѓународна потерница
На 12.06.2017 година во Полициска станица Охрид бил задржан A.П. (48) од Корча-Република Албанија, кој претходно бил лишен од слобода на ГП „Ќафасан“ по издадена меѓународна потерница. Истиот ден лицето е изведено пред Основен Суд Струга каде му е изречена мерка притвор во траење до завршување на постапката за екстрадиција. Веднаш потоа, од страна на полициски службеници е предаден во Казнено поправната установа – Затвор Охрид.
повеќе...Гледачка на кафе во с.Јабланица измамила две лица
НК КР Струга поднесе кривична пријава против Ф.М. (49) од Република Албанија поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“ и против И.В. (43) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање“. На 04.05.2017 година во с.Јабланица, струшко, Ф.М. со помош на И.В. дошла во домот на Н.Д. каде побарала да и гледа на кафе на Н.Д. и нејзината снаа. За истото требале да и дадат златен накит и 100 евра. Откако истите и го дале, пријавената им кажала дека треба да го земе…
повеќе...Пронајдена дрога кај скопјанец при претрес во неговиот дом во Струга
Вчера во 10:10 часот, со наредба од Основен Суд Струга, полициски службеници од ПС ОН Струга извршиле претрес во домот на А.Ѓ. (33) од Скопје со цел пронаоѓање на предмети кои потекнуваат од кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При претресот биле пронајдени едно мало пакување со непозната тревкаста материја, еден шприц со непозната темна течност, една бела најлонска ќеса со мала количина непозната тревкаста материја и една најлонска ќеса со 11 шприцови со непозната темна течност, додека во дворот биле…
повеќе...