Во Струга ќе се промовираат активностите од проектот „The afterlife of plastic dragons“

„Млади во акција“, во рамките на своите програмски активности на проектот „The afterlife of plastic dragons“, подигнување на еколошката свест кај сите нас, во и надвор од Македонија кој се реализира во периодот помеѓу 12 и 20 февруари 2017 година, во Центарот за обука на млади кадри Солферино во Струга, на 19.02.2017 година организира јавен настан за промоција на активностите и успешни резултати од досега сработеното за време имплементација на истиот. Ова е проект од меѓународен карактер во кој активно учество и особен придонес во промоција, изработка, планирање и подготовка…

повеќе...

Кривична пријава за албански државјанин кај кого е пронајдена дрога

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, криминалистичката полиција од Струга, поднесе кривична пријава против Л.К. (27) од Тирана-Република Албанија. Кон крајот на минатата година, при преглед во патнички автомобил „Мерцедес“ со струшки регистарски ознаки извршен во Струга на улицата „Ѓуро Салај“, кај пријавениот, пронајдено е мало најлонско пакување со 0,42 грама кафаеава прашкаста материја.  По извршено вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје, констатирано е дека се работи за опојна дрога хероин. Пријавениот…

повеќе...

Измама при купопродажба на автомобил

НК КР Струга поднесе кривична пријава против А.П. (49) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во почетокот на декември С.И. од Струга нудел на продажба возило кое било во сопственост на С.С. од с.Шум. при што му се јавил пријавениот под друго име како купувач на возилото. Со оштетниот се договориле да го купи возилото за 3500 евра, а како гаранција да му даде капар од 500 евра, додека останантите 3000 евра да му ги даде кога ќе потпишат договор за префрлување на сопственост на возилото.

повеќе...

Отслужена литургија во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга за денешниот празник

Денес, на празникот посветен на тројцата светители: св. Василиј Велики, св. Григориј Богослов и св. Јован Златоуст во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија. Со литургијата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештениците Васко Голабоски и Петре Бојчиноски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа.

повеќе...

Кривичнa пријавa за насилници кои упаднале во дом во Струга

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „насилство“, криминалистичката полиција Струга, поднесе кривична пријава против 4 лицa: Ф.Н.(53), Ф.Н. (32), Е.Н.(29) и С.Н.(25), сите од Струга. Пријавените, казненото дело го извршиле на шести овој месец околу 22 часот на улицата „Црн Дрим” во домот на А.Е. од Струга. Откако неговата сопруга ја отворила вратата, го забележала Ф.Н. кој физички ја нападнал удирајќи ја со шлаканица и со тупаници по целото тело. Потоа, зедно со останатите пријавени, влегле во домот на А.Е. каде ги забележале лицата З.А. и Е.А.…

повеќе...

Приведен вевчанец кој нападнал полициски службеник

НККР Струга поднесе кривична пријава против К.Р.(51) од с.Вевчани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста”. На 04.02.2017 околу 12,15 часот од страна на полициски службеник, додека преземал службени дејствија во рамки на редовното работење кои што се состојат од конторола на безбедноста во сообраќајот во Струга бил физички нападнат од страна на К.Р. на начин што кога од страна на службеникот му било кажано дека ќе му биде издаден мандатен платен налог за сторен сообраќаен прекршок пријавениот најпрво…

повеќе...

Кривична пријава за жител од с.Добовјани поради „загрозување на сигурноста

НК КР Струга поднесе кривична пријава против Б.П. (27) од Дорманген, Германија со постојано место на живеење во с.Добовјани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 21.01.2017 година во ПС Струга, полициски службеник пријавил загрозување на сигурноста извршено од страна на пријавениот. Имено, на 18.01.2017 година, при преглед над пријавениот, од страна на полицискиот службеник било пронајдено пакување со непозната растителна материја кое било одземено за понатамошна постапка. По ова, пријавениот, изреволтиран од настанот, на 20.01.2017 година на мобилниот телефон во повеќе наврати на…

повеќе...

Мајка ја пријави ќерка си за исчезната

Вчера во 11:40 часот, лицето Г.М.(58) од Струга за исчезната ја пријави нејзината ќерка Р.М. (33) која живее во Скопје. Според пријавителката, Р.М. имала нарушено здравје и во психичка криза можела да се самоповреди. Полициската станица во Струга работи по добиената пријава и презема натамошни неопходни мерки.

повеќе...

Иванов: Ние на Балканот го чувствуваме отсуството на ЕУ и на НАТО, што може да ја загрози стабилноста на Балканот

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денес во Струга приреди прием за претставниците на дипломатскиот кор, воените аташеа, претставници на меѓународни организации и почесните конзули во Република Македонија. На приемот, што традиционално го приредува претседателот на Република Македонија по повод новогодишните и божиќните празници, свои обраќања имаа претседателот Иванов и доајенот на дипломатскиот кор, амбасадорот на Руската Федерација, Н.Е. г. Олег Шчербак. „Ова е моето 8. обраќање пред дипломатскиот кор во Република Македонија. Годинава, не би сакал да го повторувам веќе кажаното. Нема да зборувам за политичката криза во…

повеќе...

Стружанец заработи кривична пријава поради затајување

НК КР Струга поднесе кривична пријава против Н.К. (24) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. На 20.01.2017 година во ПС Струга од страна на Н.С. пријавено е затајување на парични срества подигнати од брза пошта во фирма за брза пошта од Струга, од страна на пријавениот кој бил вработен како возач, со што причинил материјална штета на фирмата од 56.000 денари. Полициски службеници извршиле разговор со пријавениот при што истиот го признал делото и посочил дека го извршил затоа што бил револтиран од сопственикот,…

повеќе...