Спречен обид за шверц на накит

Царинските службеници на граничниот премин Деве Баир спречија обид за нелегално внесување на околу 1500 парчиња накит Swarovski. На 18 ноември 2013 година, околу 9 часот наутро, на граничниот премин Деве Баир за влез во државата се пријави патничко моторно возило со бугарски регистарски ознаки, управуван од бугарски државјани, а како сопатник патувала и осомничената во случајот, исто така бугарска државјанка, со иницијали И.А. На прашање на царинските службеници дали имаат нешто да пријават, патниците изјавиле дека немаат ништо за пријавување и дека патуваат туристички  во Скопје каде ќе останат…

повеќе...

Запленети обувки со кои може да се опреми еден помал град во Македонија

Министерството за внатрешни работи откри огромна количина на криумчарени обувки. Во соработка со Царинската управа во натамошна постапка ќе се утврдува дали запленетите обувки се оригинали или фалсификати и кои стои зад нивниот увоз во Република Македонија, односно дали истите биле наменети за нивна продажба во земјава или за натамошен извоз.   Случајот е откриен откако патрола на мобилната единица “Алфа” запрела возило на патот кој води од с.Визбегово кон Шуто Оризари, при конторла на возилото алфите забележале неколку кутии со обувки кои веројатно биле земени како мостри, веднаш потоа…

повеќе...

Спречен обид за шверц на 70 илјади евра

Царинските службеници на граничен премин Богородица во средата спречија обид за нелегално внесување на 70 илјади евра. На 13 Ноември околу 14:30 часот за влез во Македонија се пријави патничко моторно возило со бугарски регистарски ознаки, управувано од грчки државјанин  со иницијали М.П. со кој патувале неговата сопруга и ќерка. На прашање дали имаат да пријават нешто за царинска контрола, возачот и патниците во возилото одговориле дека немаат ништо за пријавување. Поради основано сомневање во одговорот, царинските службеници извршија контрола на возилото при што на задното седиште, во црна ташна пронајдени…

повеќе...

Спречен обид за шверц на лекови

На 1 ноември 2013 година (петок), царинските инспектори од специјалната оперативна единица на граничниот премин Блаце при извршена контрола на товарно моторнo возило-комбе спречија обид за шверц на лекови. Царинските инспектори при вршење на контрола на обиколницата околу Скопје во правец кон Тетово, на 01.11.2013 година околу 16:45 часот сопреа товарно возило-комбе со косовски регистарски ознаки управувано од косовски државјанин со иницијали А.Ѓ. Лицето започнало транзитна постапка за лекови наменети за фирма увозник од Косово, низ Република Македонија во 15:34 часот од граничниот премин Богородица кон граничниот премин Блаце. Првична…

повеќе...

Запленето огнено оружје и муниција на Деве Баир

На граничниот премин Деве Баир вчера, царинските службеници спречија обид за шверц на поголема количина огнено оружје, муниција и распрскувачки материи. Вчера 13.10.2013, околу 15:00 часот, за излез од Република Македонија на граничниот премин Деве Баир се пријави патничко моторно возило марка „Опел Астра“ со грчки регистарски ознаки управувано од албански државјанин.  При преглeдот на возилото во фабричките шуплини од левата и десната страна на задните врати под тапацирот, како и во багажниот простор исто така под тапацирот, царинските службеници пронајдоа> ·         8 автоматски пушки, ·…

повеќе...

Запленето поголемо количество шверцувана стока вредна околу 500.000 денари

Регионалниот центар за гранични работи-Север, завчеравечер (10 октомври) реализираше случај на кримчарење со текстил при што беа запленети околу 3254 парчиња разновиден текстил натоварени на четири коњи со вредност на стоката од околу 450 000 до 500 000 денари. Во врска со случајот РЦ за ГР Север до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, ќе поднесе соодветна  пријава против НН сторител, поради постоење на основано сомнение дека извршило кривично дело „криумчарење“. Имено, по предходни оперативни сознанија и изготвен план за постапување на службите на м.в. “Широка ливада“, атар…

повеќе...

Спречен шверц на околу 500 свечени фустани за Германија

Царинските службеници на граничниот премин Богородица спречија обид за шверц на голема количина свечени фустани. На 21.09.2013 година во 02:00 часот на влез во Република Македонија на граничниот премин Богородица, пристигна патничко моторно возило со германски регистерски таблички, управувано од турски државјанин придружуван од сопатник германски државјанин. При рутински преглед на возилото, царинските службеници забележаа дека истото е полно со картонски кутии со стока, која лицата воопшто не ја пријавиле за царинска контрола. При детален преглед, пронајдени се вкупно 480 непријавени свечени фустани, спакувани во 18 картонски кутии, сместени во…

повеќе...

748 штеки цигари запленети на аеродромот во Скопје

Царинските службеници на Аеродоромот „Александар Велики“ – Скопје, утрово спречија обид за шверц на 748 штеки цигари. Околу 05:00 часот на скопскиот Аеродром Александар Велики царинските службеници во соработка со граничната полиција, при вршење на редовна контрола на стоки и патници за летот на релација Скопје – Лондон Лутон, кај четворица македонски државјани пријавени за излез од државата открија поголема количина цигари од различен бренд. На прашањето дали имаат нешто да пријават четворицата патници, сите со двојно државјанство и носители на бугарски пасоши, одговориле негативно. По барање на царинските службеници…

повеќе...

Семејството, па дури и малолетната ќерка, му биле „параван“ и ги заглавил во шверц со хероин

Министерството за внатрешни работи, во содејство со Царинската Управа на Р.Македонија, вчера, пресече меѓународен канал на недозволена трговија со хероин на релација од Р.Турција преку Р.Грција и Р.Македонија со крајна дестинација западно европските земји, при што се запленети 2 кг и 430гр високо квалитетен хероин, а од слобода се лишени две лица. Вредноста на наркотичната дрога хероин  доколку би се продал на нарко-пазарот во Западна Европа би достигнала цена од околу 300.000 евра. При преземени координирани мерки и активности на вчера (31.08.), околу 12,30 часот, на ГП „Богородица“ при влез…

повеќе...

117 кг марихуана откриени во албански автобус на Табановце

Царинските службеници од граничниот премин Табановце открија обид за пренесување на 117 кг високо квалитетна марихуана, во автобус со албански регистарски таблички. Имено, на 14.06.2013, околу 20:30 часот) за излез од Република Македонија се пријави автобус марка NEOPLAN со албански  регистарски таблички, сопственост и управуван од албански државјанин со инцијали Е.Б. од Тирана. Како втор возач на автобусот е лице – албански државјанин со иницијали К.Б.  Во автобусот патувaле околу 20-тина патници. Според изјавата на возачите, крајната дестинација на автобусот бил Белград, Србија. Иако и патниците и возачите изјавиле дека…

повеќе...