Со бурен аплауз и со овации беа наградени актерите на Македонскиот народен театар, кои синоќа во Националниот театар во Будимпешта, со претставата „Вечната куќа“ по текст на Јордан Плевнеш и режија на Дејан Пројковски, настапија во рамките на второто издание на реномираниот театарски фестивал „Митем“. Изведбата на претставата „Вечната куќа“, која е едно од најкомплексните дела во македонската драматургија, предизвика огромен интерес кај многубројната публика, присутните актери и гости, меѓу кои беше и министерката за култура Елизабета Канческа–Милевска, како и претставници на дипломатскиот кор во оваа земја. На театарскиот фестивалот,…
повеќе...Tag: театар
Охридскиот Народен Театар гостува на фестивалот „Денови на Нушич“ во Србија
Охридскиот Народен Театар во сабота, 18-ти април ќе гостува на фестивал „Денови на Нушич” во Смедерево – Србија, со хит претставата „Детектор за лаги“, во режија Ненад Витанов. Годинава се одржуваат 32-рите „Денови на Нушич”. Фестивалот е основан во 1984 година во чест на Бранислав Нушич кој своето детство и младост ги поминал во Смедерево. „Детектор за лаги“ е театарско дело работено по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. За костимите на актерите се погрижи Александра…
повеќе...„Детектор за лаги“ утре гостува во Скопје
Хит претставата „Детектор за лаги“ на охридскиот Народен театар утре, четврток 9-ти април ќе биде изведена и на сцената на Македонскиот Народен Театар во Скопје. „Детектор за лаги“ е театарско дело работено по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски. За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски.
повеќе...Македонскиот народен театар го прослави јубилејот
Актерите на Македонскиот народен театар денеска беа публика во гледалиштето и со аплауз ги поздравија гостите што дојдоа за 70-тиот роденден на театарот и кои за момент беа на нивното работно место. МНТ ги изненади своите пријатели, поддржувачи и публика, споделувајќи го она што ним им е најважно – сцената, нивната фабрика за правење соништа. „Овој аплауз е од нас, сите актери на Македонскиот народен театар, целата сценска техника, цела администрација, затоа што седумдесет години бевте заедно со нас, бевте на нашите претстави, со вас зреевме, пораснавме големи и ќе…
повеќе...Аплауз на настапот на израелскиот танцов театар
Со бурен аплауз и овации синоќа во Македонскиот народен театар беше награден настапот на израелскиот танцов театар од Тел Авив со што започна реализацијата на богатата културна програма со која во текот на оваа година, во Република Македонија и Израел, ќе се одбележат две децении дипломатски врски меѓу двете земји. Преку претставата насловена „Ојстер“ во режија на Инбал Пинто и Авшалом Полак која критиката во еминентните меѓународни весници и списанија, веќе ја оцени како возвишена и посебна форма на танцувачки театар, македонската публика синоќа имаше можност да ужива во необичен…
повеќе...Одбележан Светскиот ден на театарот
Македонија има извонреден театар, силен уметнички потенцијал, врвни уметници кои создадоа големи театарски остварувања и освоија бројни признанија и награди во странство, истакна министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, честитајќи им го Светскиот ден на театарот на актерите, режисерите, драматурзите и директорите на театрите во државата. На денешното одбележување на празникот на театарот, таа рече и дека сценската уметност е меѓу приоритетите во културата и затоа се изградени и се градат нови театарски згради, редовно се поддржуваат премиери и гостувања натеатарските куќи и голем број домашни театарски фестивали, а се вработува…
повеќе...МНТ го продаде 100.000-тиот билет
Донка Радоешка од Скопје денеска во Македонскиот народен театар го купи 100.000-тиот билет по отворањето на новиот објект на таа национална установа на 7 декември 2013 година. Таа стана добитник на ваучер со што ќе има можност да биде почесен гостин на претставите на МНТ кои ќе може бесплатно да ги гледа во театарската сезона 2015/2016. „Оваа година првпат во мојот живот на Бадник ми се падна паричката. Добив билет за Василичарскиот концерт, а сега добив и ваков билет, па можеби нешто значи тоа париче за Бадник“, рече Радоешка. Појасни…
повеќе...Албанскиот и Турскиот театар на фестивал во Бурса
Во рамките на фестивалот, Албанскиот театар пред турската публика, ќе ја изведе претставата „Предавање“ од Мартин Мек Донах во режија на Ќендрим Ријани. Во претставата која претставува приказ на четири човечки драми од обичното секојдневие ќе настапат Адем Карага, Џевдет Јашари, Амернис Нокшиќи и Луран Ахмети. Турскиот театар, пак, на фестивалот во Бурса ќе ја изведе претставата „Сон на летната ноќ“ од Вилијам Шекспир, во режија на Александар Поповски. Сценограф на претставата е Свен Јонке, костимограф Јелена Проковиќ, а музиката е на Кирил Џајковски. Улогите ги толкуваат Атила Клинче, Сузан…
повеќе...Средношколците од „Св.Кирил и Методиј“ одиграа театарска претстава
Синоќа во Центарот за култура „Григор Прличев“, учениците од средното економско училиште „Св.Кирил и Методиј“ Охрид, одржаа самостојна театарска претстава. WebOhrid
повеќе...Откриени извршителите на кражбите во театарот „Комедија“ и Албанскиот театар
СВР-Скопје до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против лицата Д.Ф. (20) кој се сомничи за извршени седум кривични дела – “тешка кражба“ , Д.О. (23) , Б.С. (23) и М.Б. (16) за извршени по три кривични дела – “тешка кражба“, како и против лицата И.Н. (21) за едно кривично дело “тешка кражба“ казниво по чл.236 од КЗ на РМ и Р.С. (44 ) , Р.С. (30 ) и Г.А. (16) кои се сомничат за сторено кривично дело – “прикривање“ предвидено и казниво по чл. 261 од КЗ. Пријавените, кои кривичните…
повеќе...