Иван Тричковски е член на тимот Ал Наср од Дубаи. По истекувањето на неговиот договор со белгискиот Клуб Бриж, Тричковски беше поврзуван во голем број клубови од кои најголем број беа европски. Сепак, Тричковски се одлучи за тимот на Ал Наср од Обединетите Арапски Емирати како најдобра можна понуда, при што потпиша двегодишен договор. Имено, минатата сезона Ал Наср беше победник во Лигата на шампиони за клубовите од Арапскиот Полуостров. WebOhrid
повеќе...Tag: трансфер
Борче Маневски на печалба во Тајланд
Борче Маневски направи трансфер од Работнички во тајландскиот клуб Чаинат. Тој ќе биде третиот Македонец кој ќе игра во Тајланд, по Марио Ѓуровски (Муанг Тонг Јунајтед) и Дарко Тасевски (Бангкок Глас). Маневски беше дел од репрезентацијата на пријателските натпревари против Камерун и Катар, а токму поради овој трансфер, селекторот Ѓуровски го ослободи од контролните натпревари кои нашата репрезентација ќе ги игра против Кина денес и на 22-ри јуни. WebOhrid
повеќе...Трансфер на Дејан Блажевски во тимот на Казар Ланкаран во Азербејџан
Македонскиот фудбалер Дејан Блажевски е нов член на фудбалскиот клуб Казар Ланкаран од Азербејџан. Тој потпиша договор со Казар до крајот од следната сезона. 28-годишниот играч од средниот ред, кариерата ја започна во Пелистер, потоа продолжи во Грција во тимовите на Астерас, Вериа и Пиерикос, пред да се врати во Македонија во тимот на Турново. Дејан Блажевски беше најдобар стрелец во есенскиот дел од сезоната 2013/2014 во Првата македонска фудбалска лига со 19 постигнати голови на 18 натпревари. Исто така, тој е човекот кој во последниот натпревар за Хоризонт Турново на…
повеќе...Јакимовски се врати во Србија
По една година помината во Јапонија, македонскиот интернационалец Никола Јакимовски се врати во Србија. Негов нов клуб е Јагодина, кој моментално се наоѓа на третото место, веднаш зад Партизан и Црвена Ѕвезда. Минатата година, Јакимовски направи трансфер во Јапонија, во тимот на Нагоја Грампус каде тренер беше Драган Стојковиќ – Пикси, додека пак негов помошник беше сегашниот селектор на македонската репрезентација Бошко Ѓуровски. По нивното заминување, Јакимовски реши да се врати од каде што дојде, во Србија, но тогаш играше за Јавор од Ивањица, а сега ќе игра за Јагодина.…
повеќе...Трансфер на Јани Урдинов во Видзев Лоѓ
Јани Урдинов е нов член на полскиот прволигаш Видзев Лоѓ. Тој потпиша договор до крајот од оваа 2013/2014 сезона, со можност за продолжување на уште една сезона. Управниот одбор на Видзев Лоѓ за нивната официјална веб-страна истакнуваат дека подолго време го следеле Урдинов. Нивниот приоритет во зимскиот преоден рок бил токму засилувањето на левата страна на одбраната. Претходно Урдинов играше за Железничар од Сараево, литванскиот Екранас, Работнички од Скопје, и холандска Рода. Урдинов е роден во Белгија, а кариерата ја започна во младинските категории на Мехелен, ПСВ Ајндховен и Рода.…
повеќе...Трансфер на Крсте Велкоски во ФК Сараево
Крсте Велкоски е нов член на ФК Сараево. Поранешниот капитен на Работнички, потпиша две и пол годишен договор со прволигашот од Босна. Според директорот на ФК Сараево, за македонскиот напаѓач е платено обесштетување кон Работнички, а нивните очекувања се Велкоски да се наметне во репрезентацијата на Македонија, бидејќи тој ги има тие квалитети. Крсте Велкоски, покрај многуте понуди, се одлучил за Сараево. Тој контактирал и со Адис Јаховиќ, кој како поранешен член на ФК Сараево, му кажувал многу убави работи за Сараево. Велкоски денес играше на пријателскиот натпревар помеѓу Бротњо…
повеќе...Христијан Кировски потпиша за Белшатов
Македонскиот 28-годишен напаѓач Христијан Кировски потпиша договор со полскиот клуб Белшатов. Кировски беше слободен играч по завршувањето на договорот со ЦСКА Софија. Тој потпиша договор до крајот од оваа натпреварувачка сезона 2013/2014, а со можност за негово продолжување на уште две сезони. Кировски ќе го носи дресот со број 10. Белшатов моментално е на второто место во полската Прва лига, а претендира на крајот од сезоната тимот да заврши на едно од првите две места кои водат едно ниво погоре, во најсилната лига во Полска – Екстракласа. WebOhrid
повеќе...Мартин Богатинов потпиша за Стеауа
Македонскиот голман Мартин Богатинов потпиша со романскиот клуб Стеауа. Богатинов беше слободен играч по завршувањето на неговиот договор со украинскиот тим Карпати. 27 годишниот Богатинов во Стеауа ќе го носи дресот со бројот 86. Покрај Богатинов кој има 15 настапи во македонската репрезентација во тимот на Стеауа игра уште еден македонски репрезентативец, дефанзивецот Даниел Георгиевски. WebOhrid
повеќе...Трансфер на Денис Махмудов во Цволе
24 годишниот напаѓач Денис Махмудов е нов член на холандскиот прволигаш Цволе. По одличната полусезона за тимот на третолигашот Ексцелзиор ’31 со постигнати 19 голови на 15 натпревари, Махмудов го привлече интересот на клубовите од првата лига, а Цволе најбрзо успеа да се договори и го доведе во своите редови. Македонецот Махмудов досега не е повикан да настапува за македонската репрезентација. WebOhrid
повеќе...Трансфер на Ферхан Хасани во Брондби
По неколкуте неуспешни обиди за трансфер, Ферхан Хасани конечно ја промени средината. Хасани е член на данскиот Брондби. Тој потпиша 2-годишен годовор, а ќе го носи дресот со број 22. Хасани за официјалната веб-страна на Брондби изјави дека знае многу работи за Брондби, како и дека клубот имаше проблеми минатата сезона, но дека сега е време за нов почеток, дека Брондби има прилично млад тим со огромен потенцијал и тој со нетрпение чека да му помогне на тимот. Брондби по 7 натпревари се наоѓа на последното место во Данската Суперлига, без победа,…
повеќе...