Следната година планирано е Дојранското, Беровското и Мавровското Езеро да добијат пешачки патеки. На денешната отворена владина седница ова го истакна министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. „Изготвен е проект за втората фаза за пешачка патека во Дојран. Досега реализиравме 2.800 метри пешачка патека, а во март или април планирано е да почне изградбата на втората фаза од 2.600 метри. Патеката ќе се протега од Стар Дојран кон Нов Дојран и со оваа втора фаза ќе бидат изградени вкупно 5,5 километри пешачка патека покрај Дојранското Езеро“, нагласи Јанакиески. Покрај…
повеќе...Tag: транспорт
Јанакиески: Кинеска компанија собира понуди за изградба на автопатите
Јавното претпријатие за државни патишта заедно со локалните самоуправи во текот на годинава има изградено 145 километри локални патишта во вредност од околу 800 милиони денари, информира директорот Љупчо Ѓеоргиевски. На отворената владина седница тој оцени дека изградбата на локалните патишта се одвива според предвидената динамика. „Изградени се вкупно 14 магистрални и локални патни правци меѓу кои се Ангелци-Вељуса-Водоча-Бањица, Струга – Дебар… во должина од 146 километри, за што беа одвоени една милјарда и 600 милиони денари. Паралелно се работеше и на изградба и санација на мостови во вредност од…
повеќе...Од март почнуваат градежните работи на пругата кон Бугарија
Во март следната година ќе почнат градежните работи за реконструкција на железничката делница Куманово – Бељаковце во должина од 31 километар, прва од планираните три за железничко поврзување на Македонија со Бугарија, на Коридорот 8. Претставници на изведувачот на градежните работи, германската компанија „Вибе“, потпишаа Договор со раководството на ЈП „МЖ Инфраструктура“ за реализација на проектот во вредност од 39.753.000 евра. „Сметаме дека проектот ќе го реализираме во рок од две години како што е планирано. Датумот за почнување на работите е 17 март 2014 година, но претходно имаме исцрпни…
повеќе...Јанакиески побара повеќе пари за транспортот од претпристапните фондови на ЕУ
Повеќе пари од претпристапните фондови на Европската унија за програмскиот период 2014-2020 година во делот на транспортот, денеска побара министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески обраќајќи се на конференција во Брисел. На средбата на министри за развој на сеопфатна мрежа на ССЕТО (Транспортна опсерваторија на Југоисточна Европа), ги претстави капиталните проекти за изградба и обновување на железничката и патната инфраструктура во Република Македонија. „Во следниот плански период 2014-2020 имаме амбициозни цели – нашиот фокус ќе биде насочен на развивање на железничката мрежа во Република Македонија и подобрување на безбедноста…
повеќе...Договорени дополнителни транспортни дозволи со Италија
Македонско-италијанската мешовита комисија за меѓународен превоз на патници и стока во патниот сообраќај потпиша протокол со кој е договорено за 2013 година да се размени дополнителен контингент од 50 поединечни транспортни дозволи за превоз на стока за возила со ЕУРО 5 стандард. На состанокот на македонско-италијанската мешовита комисија за меѓународен превоз на патници и стока помеѓу Република Македонија и Република Италија која се одржа на 26 и 27 ноември 2013 година во Скопје, договорена е прелиминарната квота на дозволи за превоз на стока за 2014 година и тоа: 950 билатерални…
повеќе...Министерот Јанакиески се сретна со неговиот бугарски колега Папазов
Ве информираме дека Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, во рамките на својата работна посета на Република Бугарија оствари билатерална средба со Министерот за транспорт, информатички технологии и комуникации на Република Бугарија, Данаил Папазов. На средбата, министерот Јанакиески го информираше својот бугарски колега дека целосно е подготвена проектната документација и финансиската конструкција за железничката делница Куманово – Бељаковце и дека градежните работи се очекува да започнат во првиот квартал од следната година, а на отпочнувањето со градежните работи ќе присуствува и министерот Папазов. Исто така, министерот Јанакиески информираше дека…
повеќе...Јавна презентација по извештаи за стратегиска оцена на животната средина
Врз основа на став 11 од член 24 и член 50 и 50 б од Законот за просторно и урбанистичко планирање („Сл.весник на РМ“ бр.51/05, 137/07, 91/09, 124/10, 18/11, 53/11, 144/12 и 55/13), став 1 од член 69 од Законот за животна средина („Сл.весник на РМ“ бр.53/05, 81/05, 24/07, 159/08, 83/2009, 124/2010, 51/2011, 123/12,) како и член 3 од Уредбата за учество на јавноста во текот на изработката на прописи и други акти, како и програми од областа на животната средина („Сл.весник на РМ“ бр.147/08 и 147/11), Министерот на Министерството…
повеќе...Законски измени за подобар превоз на ученици и основен англиски за таксисти
Поквалитетен превоз за учениците и другите патници со новини во правилата за вршење посебен линиски превоз, воспоставување поголем ред во такси превозот, задолжително познавање основен англиски јазик за таксистите, категоризација на автобусите во меѓународниот превоз со еколошки стандарди за да не плаќаат високи патарини, се дел од предложените измени и дополнувања на Законот за превоз во патниот сообраќај. „Со цел воспоставување поголем ред во такси-превозот, што е едно од постoјаните барања на граѓаните и на Град Скопје, при вршење на авто-такси превоз превозникот да може да стои исклучиво на авто-такси…
повеќе...За легализираните куќи откуп на земјиштето по евро за квадрат до 500 квадрати
Земјиштето на легализираните семејни куќи од денеска може да се откупи по цена од 61 денар за метар квадаратен за парцели до 500 метри квадратни. Доколку парцелата е поголема делот кој е над 500 метри квадратни ќе се отуѓува согласно цените за продажба по пат на непосредба спогодба, односно истите цени кои се плаќаат за оформување на парцелата. Износот на цената за откуп на земјиштетото го соопшти на прес-конференција министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, презентирајќи ја уредбата што за таа намена ја донесе Владата. Според Јанакиески, досега во…
повеќе...Анкета: Граѓаните со позитивни оценки за Министерството за транспорт и врски
Според резултатите од неодамна спроведена анкета на Институтот за политички истражувања – Скопје (ИПИС), 62,6 отсто од вкупно 1.107 испитани граѓани одговориле дека би го користеле повеќе железничкиот превоз по реализацијата на проектот за набавка на нови патнички вагони и рехабилитацијата и проширувањето на железничката мрежа, а 86,2 отсто го сметаат овој проект за оправдан, соопшти Министерството за транспорт и врски. Според резултатите од анкетата за испитување на јавното мислење во однос на работењето на Министерството, повеќе од половина испитаници изразиле поддршка на проектите и активностите од областа на инфраструктурата…
повеќе...