Поради дефект прекин во водоснабдувањето во делови на општина Дебрца

Поради дефект на главната водоводна мрежа, во близина на село Горенци, од Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“, ги информираат жителите на с.Горенци, с.Оровник, с.Подмоље, дел од с.Требеништа, аеродром св. Апостол Павле, дека во вечерните часови, и попладневните часови утре – понеделник, ќе нема вода за пиење.

повеќе...

Нов несреќен случај во охридско

На 25 јули во село Требеништа, охридско, Благоја Л. (56) од истото село, се качил на бандера, со цел да ја замени прегорената улична светилка, при што паднал на земја. Од страна на екипа од итна медицинака помош бил пренесен во болницата Св.Еразмо–Охрид, каде е констатирана смрт. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

повеќе...

Дефект на главната водоводна мрежа во Подмоље, Оровник, Горенци и Требеништа

Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ испрати известување до медиумите, во кое стои: „Се известуваат жителите на населените места Подмоље, Оровник, Горенци и Требеништа дека поради дефект на главната водоводна мрежа, во текот на денешниот ден и ноќта, нема да има вода за пиење. Екипите на Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ се на терен и во утринските часови се очекува нормализирање на водоснабдувањето.“ – известуваат од ЈПК „Дебрца“.

повеќе...

Две лица загинаа во сообраќајка кај Требеништа

Две лица го загубија животот во тешката сообраќајната незгода што се случи синоќа во 00:30 часот на магистралниот пат Кичево-Охрид во близина на селото Требеништа.  Сообраќајната незгода се случила во момент кога сега починатиот возач на патничкото моторно возило марка „Мерцедес“ кое се движело во правец од Кичево према Охрид, од засега неутврдени причини изгубил контрола над возилото и удрило во еластичен браник од десната страна и во металната заштитна ограда од надвозникот. Возилото, потоа излетало од коловозот и се срушило под надвозникот на локалниот пат што води кон селото…

повеќе...

Поставен камен темелник на повеќенаменската балон сала во Требеништа

Денес беше поставен камен темелник  на повеќенаменската балон сала во село Требеништа, која што е со должина од 48 метри, ширина 26 метри и висина од 10 метри.  На  настанот присуствуваше градоначалнкиот на општина Дебрца, Игор Трајкоски како и пратениците Антонио Милошоски, Александар Николоски и Сашо Василески. „Денес за општина Дебрца претставува еден значаен ден, бидејќи ние започнуваме проект со кој што ќе им овозможиме на младите да имаат долг репрезентативен примерок во однос на спортот. Оваа сала ќе претставува еден допринос пред се за младите и за другите кои…

повеќе...

Со поддршка од глобалниот еколошки фонд ќе се реконструира основното училиште во Требеништа

Општина Дебарца во соработка со Здружението на граѓани Проактива од Скопје во месец јануари започнаа со реализација на проектот „Енергетски ефикасна општина – 4. дел“. Главната цел на проектот е преземање на енергетско-ефикасни мерки со цел намалување на загадувањето на животната средина со стакленичкиот гас СО2, а конкретни цели се: · Намалување на емисијата на јаглерод двооксид од јавните објекти во Општината Дебарца. · Намалување на трошоците за енергија во јавните објекти во Општината Дебарца. · Теоретска и практична обука на локалното население за енергетска ефикасност и обновливи извори на…

повеќе...

СДСМ Дебарца: Спортското игралиште во Требеништа е неквалитетно изградено

СДСМ Дебарца повторно реагира во врска со игралиштето во Требеништа. Во продолжение следува интегралниот допис: „За жал уште еднаш сме приморани да реагираме за изградбата на спортското игралиште во село Требеништа од страна на Општината Дебарца. И за да не бидеме повторно погрешно разбрани дека сме биле против изградбата на спортски објекти на почетокот уште еднаш го повторуваме нашиот став дека во целост ја поддржуваме секоја активност за изградба и осовременување на спортска инфраструктура, ама не било каква, туку квалитетна и изградено согласно стандардите и техничките прописи за ваков вид…

повеќе...

Заврши почетната фаза на асфалтирање на игралиштето во с.Требеништа

Во селото Требеништа заврши почетната фаза „асфалтирање“ со цел изградба на спорски терен кој ќе биде наменет за повеќе видови на спорт. Средствата за асфалтирањето во износ од 1.500.000 денари целосно се издвоени од буџетот на Општина Дебарца. Игралиштето во с. Требеништа е наменско и ќе допринесува за подобар развој на спортот во општина Дебарца, соопштуваат од Локалната самоуправа. Во наредна фаза следува изградба на метална конструкција со што практично целосно ќе се покрие игралиштето, со што Општина Дебарца ќе добие Балон сала која ќе биде наменета за сите жители…

повеќе...

Градоначалникот на Дебарца Трајкоски оствари средба со МЗ Требеништа

Градоначалникот на Општина Дебарца, Игор Трајкоски оствари средба со претставници на Месната заедница од селото Требеништа. Тој на средбата ги слушна нивните проблеми и се поразговара за тоа до каде е решавањето на некои отворени прашања кои не биле решени со години, а се зборуваше и за стартот на градбата на балон за покривање на спортски терен во зима како и реконструкцијата на училиштето.

повеќе...