Деновиве Охрид е полн со гости. Метеж во сообраќајот, полни плажи и угостителски објекти се показател дека Охрид е секогаш исполнет со домашни и странски гости за празникот Илинден. Летните горештини ги наполнија охридските плажи, а навечер полни се чаршијата, шеталиштата и летните бавчи во градот. Зголемената посетеност е резултат и на одржувањето на голем број концерти и настапи на познати музички имиња од земјава и странство. WebOhrid
повеќе...Tag: туризам
Дестабилизацијата на времето ги избрка гостите од плажите
Ветерот, разбранетото езеро и слабиот дожд ги избрка туристите од охридските плажи. За момент се создаде метеж во сообраќајот од автомобили кои се упатуваа кон Охрид. Утре ќе преовладува променливо облачно и свежо време со локален дожд, а ќе дува и ветер од северен правец. Температурите ќе опаднат и ќе се движат од 21 до 29 степени. Од вторник, не очекува стабилизирање на времето со постепено покачување на температурите. WebOhrid
повеќе...Учество на Македонија на Интернационалниот B2B саем за туризам ‘TTG Incontri’, Римини
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија четврта година по ред ќе учествува на Интернационалниот B2B саем за туризам ‘TTG Incontri’, Римини во период од 12-14 Октомври 2017 година. На саемот “TTG Incontri” својата туристичка програма ја претставуваат над 130 туристички дестинации, учествуваат над 63.000 професионалци од областа на туризмот, 700 новинари, 300 блогери, се одржуваат тренинг конференции и семинари, учествуваат голем број истражувачки институти, авиокомпании, национални и природни паркови, хотелски брендови, компании за промоција и маркетинг, интегрирани комуникации, банки, финансии, осигурување во туризмот и туристичката индустрија.…
повеќе...На охридскиот Аеродром: ТАВ го дочека првиот сезонски лет за 2017 од Амстердам
Со воден мост , традиционална македонска закуска со леб и сол и разнобојни колачиња, ТАВ Македонија ги дочека 180-те патници кои утрово пристигнаа на охридскиот аеродром Св. Апостол Павле од Амстердам со авиокомпанијата Корендон, со првиот сезонски чартер лет кој ја отвори летната сезона 2017. „Овде сме утрово да го дочекаме првиот сезонски чартер лет на охридскиот аеродром годинава и во исто време да го одбележиме отворањето на летната сезона 2017, која веруваме дека ќе биде успешна од аспект на зголемен авиосообраќај. Покрај редовните линии кои ги имаме преку целата…
повеќе...Македонија како туристичка дестинација на саем за туризам во Косово
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТРМ) по втор пат учествува на интернационалниот саем за туризам “Travel Fair” во Приштина, Косово, (20-21 Април 2016). Интересот на индивидуалните туристи за туристички локации во Македонија е ставен на зимските капацитети, Скопје City tours, Кањон Матка и добро познатите дестинации Струга и Охрид. За време на саемот, претставници на АППТРМ остварија состаноци со менаџерите на туристичките агенции“In Tours”и“Sharri eco tour”, со кои се разговараше за организирање на туристички пакети за Македонија во нивниот систем за резервирање и планирање на…
повеќе...Ученици од ОУТУ „Ванчо Питошески“ во посета на ФОН Универзитетот во Струга
Во просториите на ФОН Универзитет во Струга, учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ – Охрид учествуваа на настанот Book Swap (Размена на книги) и Промоција на две книги од студентки на ФОН. Исто така се информираа за факултетите и условите за студирање кој ги нуди ФОН Универзитет-Струга.
повеќе...Охрид претставен на саемот за туризам во Велико Трново, Р. Бугарија
Општина Охрид во склад со активностите за промовирање на Охрид како атрактивна туристичка дестинација продолжи со саемското претставување на природните, културни и историски знаменитости на Градот овој пат од 6 до 8 април на Меѓународниот саем за културен туризам и филмски фестивал во Велико Трново, Р. Бугарија. Штандот на општина Охрид беше посетен од многубројните посетители кои изразија особен интерес да го посетат Охрид. Штандот беше посетен од бугарскиот министер за култура Рашко Младенов и министерката за туризам Стела Балтова, кои изразија заинтересираност за активностите на општина Охрид во насока…
повеќе...Туристичкиот производ од Македонија промовиран со нова содржина и во нов формат
Агенцијата за промоција и поддршка на туризам на Р. Македонија, оваа година според програмските активности изготви нови промотивни материјали за потребите на саемските настапи и презенатициски активности за странските туристички пазари. Туристичките дестинации и продукти од Македонија промовирани со нова содржина и во нов формат се однесуваат на промотивен материјал брошура и краток туристички филм. Брошурата содржи автентични фотографии и текстови за туристичките центри во Република Македонија, со интересен дизајн за да го привлече вниманието на страствените патувачи подготвени да ги откријат туристичките богатства на Македонија. На следните 52 страници…
повеќе...Македонските туристички дестинации промовирани на Рускиот пазар
На најголемата саемска манифестација за туризам во Москва, Руска Федерација,“Mitt” и оваа година се промовираат туристичките дестинации на нашата земја,во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТ). Оваа година поголемо внимание е дадено на промотивните активности во делот на религиозниот, културниот и винскиот туризам, како продукти со најголем интерес од страна на руските туристи. Македонскиот штанд кој ги отсликува атрактивните туристички производи на нашата земја, го посетуваат новинари и тур оператори чии фокус е на балканските туристички тури. Новинарскиот Сојуз на Русија оствари средба…
повеќе...Зголемен бројот на туристи во јануари
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јануари 2017 година изнесува 43 220, а бројот на ноќевањата изнесува 87 894. Бројот на туристите во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, е зголемен за 13.3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 11.7%. Бројот на домашните туристи во јануари 2017 година, во однос на јануари 2016 година, е зголемен за 10.3%, а бројот на странските туристи е зголемен за 15.5%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2017 година, во однос на јануари…
повеќе...