Претставници на АНТОР (Асоцијација на тур оператрори и туристички работници од Норвешка) и новинари од Норвешка се на неколку дневно информатино патување во Македонија. Во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и во соработка со економскиот промотор во Норвешка Марија Ковачевич, гостите ќе ги посетат атрактивните туристичките дестинации низ нашата земја, ќе се запознаат со културно-историските споменици, традиционалната македонска кујна, ќе го посетат винскиот регион и ќе се организира велосипедска тура низ Галичица, особено интерсна за Норвешките туристи како љубители на активностите во природа. Целокупното искуство од…
повеќе...Tag: туризам
Швајцарски искуства за развој на охридскиот туризам
Се зацврстува соработката помеѓу Локалната самоуправа и швајцарската Влада во делот туризмот. Меморандум за соработка помеѓу општина Охрид и швајцарската фондација SWISSCONTACT, денес потпишаа градоначалникот Никола Бакрачески и директорката на програмата „Зголемување на пазарната вработливост“, Розанди Лоу. На чинот на потпишувањето присуствуваше и амбасадорот на Швајцарија во Р. Македонија, Н.Е. Стефано Лазарото. Според градоначалникот Никола Бакрачески меморандумот за соработка е исклучиво важен документ поврзан со развојот на туризмот и користењето на швајцарските искуства во овој бизнис сектор. „Крајната визија на ваквата соработка треба да биде целосно искористување на богатите културни…
повеќе...Француски медиуми објавија видео за Македонија
Првото видео објавено во Француско Travel Trade emagazine ова утро за Македонија
повеќе...Продуцентска куќа од САД снима промотивен материјал за туристичката понуда на Македонија
Продуцентска екипа од САД, предводена од продуцентот и експерт за туризам Дејвид Хофман, престојува во Македонија каде собира материјал за изработка на видеа и репортажи наменети за промоција на Република Македонија како туристичка дестинација, пренесе МИА. Станува збор за активност што ја спроведува Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, со цел изработка на промотивни видеа за Македонија, односно куси документарни филмови што ќе ја претстават туристичката понуда на земјата во светот. Деновиве екипата од САД престојува во Охрид, каде собира материјал за еден од неколкуте документарци за Република Македонија,…
повеќе...Зголемен бројот на странски туристи во јули
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во јули 2015 година изнесува 119 742, а бројот на ноќевањата изнесува 520 283. Бројот на туристите во јули 2015 година, во однос на јули 2014 година, е зголемен за 11.7%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 8.6%. Бројот на домашните туристи во јули 2015 година, во однос на јули 2014 година, е зголемен за 7.5%, а бројот на странските туристи е зголемен за 16.1%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јули 2015 година, во однос на јули…
повеќе...Започна со работа локалното координативно тело за развој на туризмот
Врз основа на Меморандумот за разбирање и соработка, потпишан меѓу Општина Охрид и „ИМЕ“ програмата на Швајцарската агенција „СВИСКОНКТАКТ“ , денеска се одржа првиот состанок на Локалното координативно тело за развој на туризмот. На состанокот на кој присуствуваше и Елена Иванова од Секторот за туризам и угостителство при Швајцарската фондација за техничка соработка, се разговараше за улогата на координативното тело, стратешките промени и методологијата за развој на туристичката дестинација и изготвувањето на стратегија за развој на туризмот во Општина Охрид. „Целта на формирањето на Локалното координативно тело за развој на…
повеќе...Од идната туристичка сезона чартери Белгија – Охрид со „Томас кук“
Еден од најголемите и најстари тур-оператори во Европа, групацијата „Томас кук“ од идната година официјално почнува да работи и со Македонија. Ќе организира чартер летови Белгија – Охрид и сместувања во Охрид, соопштија денеска вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот Кристијан Џамбазовски. Договорите со нашите хотелиери, вкупно 16, се веќе потпишани и од наредната недела ќе бидат достапни на интернет страницата на „Томас кук“ за резервирање. Деталите околу летовите и аранжманите воопшто ќе бидат подоцна дефинирани, но извесно е, како…
повеќе...Туроператори од Турција и членки на ТУРСАБ во посета на Охрид
Делегација од Турција предводена од претседателот на регионалниот совет на ТУРСАБ- Асоцијација на тур оператори од Турција, Мехмет Акус, заедно со уште осумнаесет туроператори и нивни членки, од денеска се во официјална постета на Македонија, со цел проширување на туристичкиот пазар, зголемување на турстичката размена меѓу Турција и Македонија, зацврстување на веќе постоечките и создавање на нови партнерства со Македонија. Претседателот на регионалниот совет на ТУРСАБ, Мехмет Акус со Аркан Керим, претседател на Туристичко угостителската комора при Сојузот на стопански комори потпишаа Меморандум за соработка со цел поголема конторола, зацврстување…
повеќе...Во Македонија годинава 11,6 отсто повеќе странски туристи
Македонија позитивно се движи во развојот на туризмот. Во првите пет месеци од годинава забележан е раст на туристи од 6,5 проценти при што се бележат 11,6 отсто раст на странски и пад од 2,9 проценти на домашни туристи. Ова денеска го истакна министерот за економија Беким Незири на средбата со претставници на туристичките здруженија во Република Македонија на која биле анализирани резултатите објавени на 13 август од Заводот за статистика. „За разлика од претходните години каде што имавме раст од 6,1 проценти, оваа година имаме покачување од 0,4 отсто…
повеќе...Претставници на англискиот туроператор „Thomas Cook Group“ во Македонија
Претставници на најголемиот и најстар тур оператор во светот „Thomas Cook Group“ од Англија од денеска се во постета на Македонија, соопштија од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот(АППТ). Директорот на Агенцијата Кристијан Џамбазовски на средбата со директорот на „Thomas Cook“ во седиштето на комапнијата во Англија, Тим Џотс, на која присуствувале и менаџерите на компанијата за Германија и за Белгија, Феликс Хортолами и Стефан Џоли, му ги презентирал условите кои ги нуди Владата за субвенционирање на туризмот како и инвестирањето во маркетинг кој е исплатлив за Македонија. „Охрабрени…
повеќе...