Холандскиот магазин „Columbus Travel“ веќе подолго време го следи Охрид. Мотото на магазинот е: „Место од каде можете да добиете инспирација за патување, создадено од и за патниците“. Покрај Охрид, овој магазин има објавено фотографии и написи за Струга, Битола, Скопје, за Охридското Езеро од македонска и од албанска страна. Охрид со својот сјај отсекогаш го привлекувал и ќе го привлекува вниманието на пошироката светска јавност, а ваквите написи се голем плус за Охрид и за Македонија. WebOhrid
повеќе...Tag: туризам
Македонија дел од медитеранско-балканската туристичка понуда
Претседателот на Туристичко – угостителската комора при Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Аркан Керим со делегација од комората, присуствува на конференција во Будва во организација на Министерството за одржлив развој и туризам на Црна Гора и Светската туристичка организација (UNWTO). „Во фокусот на конференцијата е квалитетот на туристичките производи, кои треба да бидат двигател за успех на медитеранските дестинации. Во оваа насока дискутираме и Република Македонија да биде активно промовирана во медитеранско-балканската туристичка понуда на Светската туристичка организација. Правиме заложби нашата земја да биде промовирана во трети земји…
повеќе...„Денови на македонскиот туризам“ во Софија
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот денес во Софија, Бугарија ќе организира „Денови на македонскиот туризам”. Како што информираат од Агенцијата, настанот се организира со цел афирмација на започнатата туристичка сезона, да им се претстави туристичкиот производ од Македонија и можност за зголемување на бројот на Бугарски туристи кои традиционално секоја година ја посетуваат нашата земја. Настанот ќе биде збогатен со дегустација на македонско вино, македонска музика и пригодна наградна игра, а најсреќните ќе имаат можност да бидат добитници на автентични производи од Македонија, тоа се охридските бисери, филигранот…
повеќе...Зголемен бројот на странски туристи во април
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во април 2015 година изнесува 52 298, а бројот на ноќевањата изнесува 103 727. Бројот на туристите во април 2015 година, во однос на април 2014 година, е зголемен за 17.6%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 10.3%. Бројот на домашните туристи во април 2015 година, во однос на април 2014 година, е намален за 5.2%, а бројот на странските туристи е зголемен за 30.9%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2015 година, во однос на април 2014…
повеќе...Нема откажувања на туристички аранжмани
По неколкуте откажани туристички аранжмани, состојбата се стабилизира и нема нови откажувања, туку се потпишуваат и договори за наредната туристичка сезона. Ова беше потенцирано на денешниот работен појадок во хотелот „ Гранит“ , кој го организира Секторот за туризам и локален економски развој, а присуствуваа градоначалникот Никола Бакрачески и претставници на туристичкиот бизнис сектор. „По најавите за откажување на неколку туристички аранжмани, на иницијатива на локалната самоуправа , пред три недели одржавме работен состанок со туристичките работници и се договоривме како брзо да реагираме. Со помош на министерствата за надворешни…
повеќе...Македонија e идеална земја за мото-туризмот
Италијанскиот магазин „Motociclismo”, кој е еден од најстарите во светот, прослави 100 години постоење со патување низ Македонија. По овој повод денеска Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот организира средба со група од 12 моторџии меѓу кои и директорот на магазинот „Motociclismo”. Тие се во посета на Македонија, земја за која, како што велат, имa идеален амбиент за оваа турнеја и освен што е погодна за мото-туризам, има голема историја и туристичка идентитет. „Македонија нуди специјални тури, различни од вообичаените“, смета директорот на „Motociclismo“, уверен дека тие ќе бидат…
повеќе...Стартува директната редовна авиолинија Лондон-Охрид-Лондон
Охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“, доцна попладнево го пречека првиот лет од Лондон, со што официјално се означи отворањето на новата редовна директна линија Лондон-Охрид-Лондон во текот на летната сезона. Авионот кој пристигна од од лондонскиот аеродром „Лутон“, во туристичкиот бисер на Македонија – Охрид, донесе 133 патници. Нововостановената авио-линија е резултат на реализирањето на јавниот повик за субвенционирање што го распиша општина Охрид, а за оператор е избрана авио-компанијата WizzAir. Градоначалникот Никола Бакрачески, кој заедно со генералниот директор на ТАВ Македонија, Зоран Крстевски, на охридскиот аеродром ги пречека првите…
повеќе...Од среда нова авио линија Охрид – Лондон
На 10-ти јуни (среда) на охридскиот аеродром „Свети Апостол Павле“, по повод првиот лет Лондон – Охрид – Лондон, ТАВ Охрид во соработка со општина Охрид организираат пречек на гостите. Меѓу присутните ќе бидат Претставници од ТАВ Македонија, Претставници од Министерството за транспорт и врски, Градоначалникот на општина Охрид, Никола Бакрачески и Претставник од ВиззАир.
повеќе...ДЗС: Цените на угостителските услуги во мај исти како во април
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во мај 2015 година, во споредба со април 2015 година, остана на исто ниво. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Алкохолни пијалаци за 0.1%. Индексот на цените на угостителските услуги во мај 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.6%. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари- мај 2015 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.4%, додека во…
повеќе...Ќе се формира туристичка инспекција
На иницијатива на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, на седумдесет и шестата седница на Владата на Република Македониа оддржана на 26-ти Мај, одлучено е да се формира туристичка инспекција. „Владата на Република Македонија ја прифати иницијативата на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија и одлучи да се формира туристичка инспекција како самостојна институција, со ингеренции и организациона поставеност по моделот на Државниот пазарен инспекторат. Инспекторите кои ќе бидат дел од туристичката инспекција ќе бидат преземени од Државниот пазарен инспекторат.“– информираат од…
повеќе...