Со регионална пакет понуда до поголем број туристи

Со понуда на целокупните продукти на туризмот кои се карактеристични за овој регион, општина Охрид заедно со Вевчани и Дебрца од македонска и Корча и Поградец од албанска страна, ќе се стреми кон привлекување поголем број туристи кои бараат туристичка понуда во која се вклучени алтернативен, духовен, верски, спортски, културен туризам. „Наша цел е да ги нудиме целокупните продукти во туризмот кои што навистина и Охрид и околните општини од Р. Македонија и од Р. Албанија ги поседуваат . Она што значи природно наследство, културно наследство , верски , духовен…

повеќе...

Зголемен бројот на домашни и странски туристи во земјава

Податоците за туристичките движења во Република Македонија за изминатата 2014 година, од страна на државниот завод за статистика се сумирани. Изминатата 2014 година во однос на годината пред неа се карактеризира со зголемување на бројот како на домашните така и на странските туристи. Бројот на туристи во 2014 година, во однос на 2013 година е зголемен за 4.8%, кај домашните туристи имаме зголемување од 2.7%, додека кај странските туристи зголемување за 6,4%. Бројот на остварените ноќевања во 2014 година во однос на 2013 година е зголемен за 1,8%, кај домашните…

повеќе...

Успешна промоција на Македонија како туристичка дестинација на саемот за туризам во Софија, Бугарија

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и оваа година успешно ja претстави Македонија како туристичка дестинација на “HOLIDAY & SPA EXPO 2015” саем за туризам во Софија, Бугарија кој се оддржа од 12-15ти Февруари. „Успешните промотивни активности на АППТРМ на туристичкиот пазар во Бугарија, континуираната медиумска кампања во печатените медиуми и на веб порталите позитивно се одразија на зголемување на број на туристи од Бугарија кој изминатата сезона изнесуваше повеќе од 10%. Остваривме средби со тур оператори од Бугарија меѓу кои: Global Tours, Bohemia Travel, Viva travel agency, Modern…

повеќе...

Со директни авио – линии до поголем број странски туристи

Охрид станува дел од светската туристичка мапа. Воспоставувањето на двете редовни авио- лини Охрид- Базел и Охрид – Лондон и обратно кои стартуваат од 1-ви јули годинава, се доволна потврда дека вродија со плод заложбите на општина Охрид за туристички и локален економски раст и развој на градот. Наредните денови со потпишување на договор ќе се официјализира воспоставувањето на директната авио линија Охрид- Лондон и обратно. Компанијата „Виз Ер“ ќе оперира до лондонскиот аеродром и таа согласно условите во тендерот е обврзана да го промовира Охрид низ Светот и да…

повеќе...

Писмо: Како треба да изгледа една винска карта?

Веќе неколку месеци со професорката Ангела Василеска, од факултетот за туризам и угостителство од Охрид, работевме на тоа да изнајдеме соодветно идејно решение како треба да изгледа една винска карта. Моменталната состојба во однос на оваа, винска карта, кај нас е очајна. Отвораме листата на пијалоци во рестораните и во некое ќоше ставени неколку вина само името на виното, цената и толку. Ништо повеќе за виното. Виното е многу повеќе од обичен пијалок, и токму за тоа треба да го третираме на посебен начин. Размислувавме како треба да изгледа една…

повеќе...

Македонија земја на езера и богато културно наследство претставена на саемот за туризам „Brussels Holiday Expo” во Брисел, Белгија

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот предводена од директорот, Кристијан Џамбазовски од 05 до 09 февруари 2015 година ја промовираше Македонија на интернационалниот саем за туризам Brussels Holiday Expo во Брисел, Белгија 2015 година. Интернационалната туристичка берза “Brussels Holiday Expo” годинава е форум за презентација на 100 земји и повеќе од илјада излагачи од областа на туризмот. На овој саем традиционално е претставена Република Македонија во организација на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, со што на пазарот во земјите на Бенелукс се претстави како привлечна и атрактивна…

повеќе...

Зголемен бројот на туристи во Македонија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во периодот јануари- декември 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 4.8% и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 2.7%, а кај странските има зголемување за 6.4%. Во периодот јануари- декември 2014 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 1.8% и тоа: кај домашните туристи има намалување за 0.2%, а кај странските има зголемување за 4.7%. Бројот на туристите во декември 2014 година изнесува 32…

повеќе...

Полетилиште за параглајдери во Галичица

Планината Галичица, која е една од најатрактивните локации за летање со параглајдер во Македонија, во текот на оваа година ќе добие уредено полетилиште и слетилиште за параглајдери. Ова е предвидено во рамки на проектот „Параглајдинг туризам“ кој Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот го реализира во соработка со УСАИД. „Ќе се пристапи кон уредување на полетилиштето со поставување на информативни табли и патокази, како и поставување на ветроказни и метеролошки станици како дел од завршувањето на првата фаза“, пишува во Програмата на АППТ предвидена за 2015 година. Освен полетилиштето…

повеќе...

Непроменети цените на угостителските услуги

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2015 година, во споредба со декември 2014 година, остана на исто ниво. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Алкохолни пијалаци за 0.1%. Индексот на цените на угостителските услуги во јануари 2015 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.2%.

повеќе...

Можност за промоција на приватен туристички сектор на macedonia-timeless.com

Агенцијата за промоција и поддршка на турзмот на Република Македонија официјално ја пушти во употреба новата интернет страна за промоција на туризмот на Републка Македонија – macedonia-timeless.com/macedonia.travel. Оваа интернет платформа нуди можност и за промоција на приватниот туристички сектор. Со следење на чекорите наведени подолу ќе можете самостојно да ги објавите податоците за вашата компанија: 1. Внесете ги податоците за вашите услуги во Promote your service делот на веб страната; 2. Откако ќе бидат одобрени од аминистраторот на страната, истите ќе бидат веднаш објавени на истата.

повеќе...