Македонија земја на богато културно наследство промовирана на саемот за туризам во Истанбул, Турција

Успешно по четврти пат Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот учествуваше на “ЕМИТ” саем за туризам во Истанбул, Турција од 22-25ти Јануари, 2015. Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и оваа година имаше успешно саемско промовирање, со нов модерен штанд кој ги истакнува главните туристички капацитети и промовирање на туристичката понуда добро позната на турските туристи. Македонија земја на богато културно наследство, Македонија како земја на Кемал Ататурк и неговиот татко Али Риза ефенди кој е роден во Коџаџик, Дебар. Туристичкото промовирање е уште една одлична можност за…

повеќе...

Најдобри хотели во светот според Trip Advisor

Секоја година се состава листа на најдобрите хотели на светот, а листата зависи од оценките на посетителите на туристичкиот сајт Trip Advisor и нивните критики за квалитетот и услугите на хотелите кои ги посетиле. Погледнете ја листата на најдобри хотели

повеќе...

Македонија тренд дестинација за финските туристи

Успешното и континуирано претставување на Македонија на нордискиот пазар, како и зголемениот број на туристи од Финска е причина повеќе за учество на најголемиот нордиски саем за туризам „Matka“ кој се одржува во Хелсинки од 15 до 18 Јануари, 2015. По успешното саемско претставување што го имавме изминатите неколку години, како и успешната презентација во 2014 година на директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Кристијан Џамбазовски кои се обрати пред повеќе од 25 тур-оператори од Финска презентирајќи ги условите кои ги нуди Владата на Република Македонија за…

повеќе...

Зголемен бројот на туристи во Македонија во ноември

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во ноември 2014 година изнесува 36 475, а бројот на ноќевањата изнесува 81 307. Бројот на туристите во ноември 2014 година, во однос на ноември 2013 година, е зголемен за 6.9%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 2.9%. Бројот на домашните туристи во ноември 2014 година, во однос на ноември 2013 година, е зголемен за 7.5%, а бројот на странските туристи е зголемен за 6.6%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во ноември 2014 година, во однос на ноември…

повеќе...

Македонија како земја на езера и квалитетно вино промовирана на саемот за туризам во Утрехт, Холандија

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот според програмските активности за 2015 година од месец јануари започнува со промовирање на туристичките потенцијали на Македонија и привлекување на потенцијални туристи со учество на интернационалните саеми за туризам. Со нов модерен штанд кој ги истакнува главните туристички капацитети и промовирање на туристичката понуда, четврта година по ред Македонија учествува на саемот за туризам во Утрехт, Холандија од 13-18ти Јануари, 2015. Саемот за туризам во Утрехт, “Vakantiebeurs” е место за повеќе од 1.400 егзибитори од целиот свет и повеќе од 100.000 посетители за…

повеќе...

Започнува проектот бесплатен туристички викенд за пензионерите

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, директорот на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, Амет Даути и претседателот на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, Драги Аргировски информираа за проектот “Бесплатен туристички викенд за корисници на пензија за 2015 година”. Министерот Спасов рече дека третото доба е период од животот, кога треба да постои сигурност на повозрасните лица и квалитетно живеење. „Години наназад како ресорно министерство ја покажавме нашата грижа за овие лица низ програмски документи, но и низ конкретни проекти и иницијативи на повеќе…

повеќе...

Зголемен бројот на туристи во октомври

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во октомври 2014 година изнесува 62 079, а бројот на ноќевањата изнесува 143 807. Бројот на туристите во октомври 2014 година, во однос на октомври 2013 година, е зголемен за 1.3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 3.9%. Бројот на домашните туристи во октомври 2014 година, во однос на октомври 2013 година, е зголемен за 14.3%, а бројот на странските туристи е намален за 4.8%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во октомври 2014 година, во однос на октомври…

повеќе...

Кинески медиуми ќе ги презентираат можностите за инвестирање и туристичката понуда на Охрид

Новинари од најпознатите печатени и електронски медиуми како и претставник од Секторот за меѓународна соработка од провинцијата Чунгчин од Народна Република Кина денеска беа во работна посета на општина Охрид. Во име на градоначалникот Никола Бакрачески кинеските гости ги примија, Претседателката на охридскиот Совет, Гордана Коњановска и раководителот на Секторот за туризам и локален економски развој, Ѓоко Апостолов. Според домаќините средбата беше добра можност за претставување на туристичката понуда на Охрид и можностите за инвестирање во градов пред кинеските медиуми, но и практично истата е првиот резултат по неодамнешниот работен…

повеќе...

Туристичките потенцијали на Македонија претставени на интернационалниот саем за туризам во Измир, Турција

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од 4-ти до 7-пми декември 2014 година ја промовираше Македонија и македонскиот туристички производ на интернационалниот саем за туризам Tavel Turkey, Izmir 2014. Саемот за туризам Travel Turkey, Izmir оваа година беше домаќин на околу 900 изложувачи од 34 различни земји и 30 000 посетители. Македонија успешно беше претставена како сериозен учесник во овој втор по важност саем во Турција. Посетителите покажаа голем интерес за туризмот во Македонија, посебно за културата и историјата на нашата земја. Беа остварени бизнис средби со поголеми тур…

повеќе...

Зголемен бројот на странски туристи во септември

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во септември 2014 година изнесува 66 033, а бројот на ноќевањата изнесува 156 554. Бројот на туристите во септември 2014 година, во однос на септември 2013 година, е зголемен за 3.5%, а бројот на ноќевањата остана на исто ниво. Бројот на домашните туристи во септември 2014 година, во однос на септември 2013 година, е намален за 1.0%, а бројот на странските туристи е зголемен за 5.1%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во септември 2014 година, во однос на септември…

повеќе...