Владина инвестиција во туристички содржини во Преспа

Владата продолжува со инвестирање во туристичките содржини во македонските туристички места. Заедно со субвенциите за привлекување на странски туристи, поддршката на евтините авио линии, оваа компонента на инвестирање во создавање на содржини од значење на туризмот претставува сериозен придонес во развојот на туризмот. Во текот на јули Владата преку Министерството за транспорт започнува со реализација на еден крупен и сериозен проект. „Растот на туризмот е една од стратешките определби на Владата за која цел се реализираат поголем број на мерки и проекти, како што се субвенционирањето на домашните туристички агенции…

повеќе...

Отворен комплексот „Македонско село“ – Македонската традиција и култура на едно место

Отворен комплексот „Македонско село“-Македонската традиција и култура на едно место. На отворањето беа присутни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, вицепремиерот Владимир Пешевски, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи Никола Попоски, како и лица од јавниот и политичкиот живот. Со одлука на Владата, „Тинекс“ и хотел „Квинс“ – два субјекта кои се во сопственост на Владимир Тодоровиќ и неговото семејство, ќе стопанисуваат со комплексот „Македонско село“ во наредните 20 години. Постапката за избор на концесионерот ја спроведе владината Служба за општи и…

повеќе...

ТАВ го пречека првиот чартер-лет на Томас Кук на охридскиот аеродром

Со традиционална церемонија за пречек, ТАВ Македонија утрово на аеродромот „Св. Апостол Павле“ – Охрид со големо задоволство го поздрави пристигнувањето на првиот чартер-лет од Брисел реализиран преку најголемиот европски тур-оператор Томас Кук.  Над 120 патници пристигнаа со воздухопловот од типот Ербас А 320 од центарот на Европската Унија, минувајќи низ Тиват во Црна Гора, во рамките на нивното патување во различни земји од Балканот. Од денеска, 20 јуни, сè до средината на септември, овие чартер-летови ќе оперираат еднаш неделно, во понеделник, со време на пристигнување во Охрид во 8:20…

повеќе...

Зголемен бројот на домашни и странски туристи

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во април 2016 година изнесува 57 462, а бројот на ноќевањата изнесува 118 111. Бројот на туристите во април 2016 година, во однос на април 2015 година, е зголемен за 9.9%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 13.9%. Бројот на домашните туристи во април 2016 година, во однос на април 2015 година, е зголемен за 16.6%, а бројот на странските туристи е зголемен за 7.0%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во април 2016 година, во однос на април 2015…

повеќе...

Информативна тура за туроператорот Voyager Autrement од Франција

Агенцијата за промоција и поддршка на туризам на Република Македонија организираше тродневна инфо тура за тур операторот Voyager Autrement, кој на годишно ниво испраќа над 15.000 туристи насекаде во светот. Македонија е вклучена во нивната програма за алтернативен туризам, како нова и неоткриена дестинација. Со живописни села, регионот на вино, планини, прекрасни езерски одморалишта, убави пејзажи, богата култура, сончеви денови, љубезни луѓе и поволни цени за странските туристи, велат дека Македонија е идеална за одмор и релаксација. Туристичката понуда на Скопје и Охрид и нивното историско и културно наследство беа…

повеќе...

Утре стартува авионската линија Белград – Охрид

Со заеднички заложби на Општина Охрид, Македонската амбасада во Белград- Србија и авио компанијата „Ер Србија“ се воспостави новта авио линија Белград – Охрид и обратно што стартува утре од охридскиот аеродром,„Св. Апостол Павле“. На свеченоста закажана за утре ќе присуствува градоначалникот Никола Бакрачески кој беше главниот иницијатор за воспоставување на оваа линија и кој со поддршка на Владата на Р. Македонија ги реализира првите преговори и работни средби со менаџментот на реномираната „Ер Србија“. Покрај Бакрачески на настанот ќе присуствуваат и генералниот директор на ТАВ Македонија Зоран Крстевски и…

повеќе...

Иванов – Земан: Размената на туристи е празнина која треба да се пополни

Традиционално добрите пријателски односи меѓу Македонија и Чешка треба да ги следат и бизнис-заедниците на двете држави, а исклучително позитивната политичка и културна соработка да биде насока за понатамошно интензивирање и унапредување на релациите и во областа на економијата. Ова денеска на учесниците на Македонско-чешкиот бизнис-форум, што се одржува во Охрид, им го порача претседател на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов. „Особено значајна за двете држави е соработката во енергетскиот сектор, обновливите ресурси, развојот на малите хидроцентрали, ветерните електрани, сончевата енергија, геотермалните технологии, рударството. Посебен интерес постои и во областа на…

повеќе...

Потпишан договор за изработка на Просторен план за НП Пелистер

Министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети, директорот на Националниот Парк Пелистер, Амет Аџиу и директорот на Агенцијата за планирање на просторот, Љупчо Георгиевски, денеска, потпишаа договор за изработка на Просторен план за Националниот Парк Пелистер. Вкупната вредност за изработка на овој просторен план изнесува 3.665.320,00 денари, при што Министерството за животна средина и просторно планирање преку Годишната Програма за изработка на просторни планови за 2016 год. за таа цел има предвидено 900.000,00 ден. Останатите средства за реализација на целокупниот проект ќе се предвидат во Програмата за изработка…

повеќе...

Настаните со светско реноме ветуваат плодна туристичка сезона во Охрид

И покрај политичката криза, Охрид очекува плодна туристичка сезона и продолжување на трендот на пораст на туристичкиот промет во однос на изминатите години, онака како што се стартуваше во првото тримесечје од 2016 година. Музичките настани со светско реноме кои годинава ги поддржува општина Охрид, а кои ќе се случаат ова лето се очекува само во еден викенд да донесат над 15 000 нови гости на охридската ривиера. За вакви настани како и за состојбите во туризмот се разговараше на осмиот по ред состанок на Локалниот економски совет со кој…

повеќе...

Туроператори од Казахстан на инфо тура во Македонија

Агенцијата за промоција и поддршка на туризам на Република Македонија повторно организираше инфо тура за тур оператори. Станува збор за истакнати имиња од туристичката индустрија на Казахстан, како Premier Travel Astana, Sayat Travel Astana, HRG Kazakhstan Almaty, Global Air Almaty, Transavia Almaty, Otrar Travel Almaty, Travel Express Almaty, Be Star Almaty, Tem Tour Almaty, Kazakh Tourist Assosiation, Delovoy Kazakhstan newspaper, Turan TV, STV channel, THY ALA. За време на престојот остварија вкупно 30 средби со приватниот туристички сектор на Македонија, и ги разгледуваа потенцијалите за вклучување на Македонија во нивната…

повеќе...