Агенцијата за промоција и поддршка на туризам на Република Македонија во координација со економскиот промотор на РМ во Гуангдонг, НР Кина, организираа петдневна инфо тура за тур оператори и новинари од Народна Република Кина. Делегацијата на Народна Република Кина ја сочинуваа претставници на едни од најголемите тур оператори, меѓу кои Guamg Zhi Lu, убедливо најголемиот тур оператор во 100 милионската провинција Гуангдонг и кои годишно испраќаат над 50.000 туристи во Европа; Nan Hu Guo Lu Travel Service, помала но амбициозна агенција која има свои канцеларии во Германија и испраќа илјадници…
повеќе...Tag: туризам
Македонија е скапоцен камен што допрва треба да се претстави на европскиот пазар
Владината Агенција за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТ), предводена од Директорот Лела Крстевска, во Охрид оствари средба со топ менаџментот на ТУИ. На средбата се разговараше на повеќе теми од областа на туризмот меѓу кои и досегашните искуства кои произлегуваат од успешната соработка со овој голем меѓународен туроператор, нови можни чекори и услови за дополнителна соработка на полето на организиран туристички промет, како и инвестициски можности во туризмот, а сето тоа во правец на подобрување на квалитетен туризам и унапредување на туризмот во Македонија. За време…
повеќе...Охрид очекува плодна туристичка сезона
Активностите за претстојната туристичка сезона предвидени во Програмата за поттикнување на развојот на туризмот, зголемените мерки и политики за создавање услови за максимално искористување на потенцијалите на градот полека но сигурно го сместуваат Охрид во рангот на светски топ туристички дестинации. Воспоставената пракса на континуирана и директна соработката со странски тур оператори, развојот на нови туристички производи и воведувањето на современите пракси на презентација и промоција на туристичката понуда, продуцираат позитивни ефекти во изборот на потенцијалниот гостин, турист и посетител на Охрид. Имајќи во предвид дека туристичкиот производ мора да…
повеќе...Општинскиот инспекторат ќе ги санкционира туристичките водичи кои работат на диво
Денес овластените туристички инспектори при општинскиот инспекторат во координација со државниот пазарен инспекторат извршија контрола на повеќе туристички групи во централното градско подрачје при што беа затекнати нелегални туристички водичи и истите на лице место беа санкционирани од страна на инспекторите. Од општинскиот инспекторат истакнуваат дека ваквите контроли и во иднина ќе продолжат и потсетуваат дека сите туристички групи кои вршат разглед на градот треба да се придружувани од локален туристички водич или придружник согласно законските одредби. Во Охрид регистрирани се околу 90 легални туристички водичи.
повеќе...Конак Завој
Конакот Завој се наоѓа во срцето на селото Завој, оддалечен на само 16 километри од Автобуската станица во Охрид. Овој конак претставува одлично место каде ќе можете да се одморите, рекреирате и релаксирате, како и да вкусите традиционални јадења од македонската кујна. Кога станува збор за рурален туризам, Конакот Завој е новиот, а може да се каже и најголем бисер во Македонија. Располага со 8 опремени соби и еден апартман. Домаќините велат дека конакот свечено ќе биде отворен до почетокот на месец јуни, до кога се очекува да бидат ставени…
повеќе...Во март зголемен бројот на туристи во земјава
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во март 2016 година изнесува 44 593, а бројот на ноќевањата изнесува 94 566. Бројот на туристите во март 2016 година, во однос на март 2015 година, е зголемен за 23.3%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 25.8%. Бројот на домашните туристи во март 2016 година, во однос на март 2015 година, е зголемен за 23.2%, а бројот на странските туристи е зголемен за 23.4%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во март 2016 година, во однос на март…
повеќе...Бесплатно презентирање на туристичката понуда
Општина Охрид ги повикува сите регистрирани приватни станоиздавачи, хотели, ресторани, кафетерии, туристички агенции и други субјекти поврзани со туризмот, својата понуда и услуги бесплатно да ја презентираат својата туристичка понуда преку веб страната www.ipult.info. За таа цел потребно е да се испратат информации во форма на текст и слика, кои ќе бидат објавени на информативните “touch screen” уреди, поставени на клучни локации во градов, со што на туристите и посетителите им се овозможува брз и лесен пристап до услугите. Воедно се повикуваат сите регистрирани станоиздавачи и хотели, своите понуди да…
повеќе...Започна првата регионална конференција за активен туризам во Европа, AdventureNEXT-Balkans
Речиси 300 претставници од повеќе од 30 светски дестинации – вклучувајќи и 12 дестинации од Југоисточна Европа денес се собраа во Охирд за АдвенчрНЕКСТ~Балкан (AdventureNEXT-Balkans) – прва конференција за активен туризам во Европа која е посветена на Балканскиот полуостров. На конференцијата гостите истражуваат нови можности за стимулирање на развојот на туризмот на краток и долг рок. Организирана од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија во соработка со Меѓународната асоцијација за активен туризам (Adventure Travel Trade Association – ATTA), конференцијата за активен туризам стави специјален фокус на…
повеќе...Продолжен рокот за финансирање проекти од областа на Локалниот економски развој и туризмот
По објавениот јавен повик за финансирање проекти од областа на одржливиот локален економски развој и туризмот за 2016 година, продолжен е рокот за аплицирање до 1 јуни до 16 часот. За повеќе информации кликнете тука…
повеќе...Цените на угостителските услуги во април останале на исто ниво
Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените на угостителските услуги во април 2016 година, во споредба со март 2016 година, остана на исто ниво. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групата Храна за 0.1%. Индексот на цените на угостителските услуги во април 2016 година, во однос на истиот месец од претходната година, е зголемен за 0.3%. Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – април 2016 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 0.4%, додека во…
повеќе...