ИТВ Германија, еден од најголемите саеми за туризам во светот, оваа година одбележа 50. јубилеј, спојувајќи различни дестинации во еден град – Берлин. На Саемот за туризам промовирана е првата регионална конференција за активен туризам „Адвечр некст Балканс 2016“ (Adventure Next Balkans 2016), која ќе се оддржи во Охрид од 10 до 12 мај, со учество на повеќе од 300 туристички оператори и повеќе од 45 медиуми. На саемот својата понуда ја претставија и туристичките оператори „Визит Македонија“, „Вардар експрес“, „Гобалканс“, „Ториа“ и „Фибула“. Делегација на Агенцијата за поддршка и…
повеќе...Tag: туризам
Презентирана Стратегијата за развој на туризмот во Охрид (2016-2020)
Стратегијата за развој на туризмот во Охрид за периодот од 2016 до 2020 година, беше презентирана на третата прекугранична средба од регионалниот проект за Охридското Езеро, што пред два дена се одржа во Поградец во Албанија. Пред експертите од локалните и државните администрациии од Албанија и Македонија, секторите за туризам и локален економски развој, култура, заштита и одржлив развој на животната средина, стратегијата за развој на туризмот во Охрид, ја презентира Ѓоко Апостолов, раководител на Секторот за туризам и локален економски развој.
повеќе...Тинк Tенк на светскиот форум за туризам во Баку
Четврти пат по ред Светскиот туристички форум Луцерн Тинк Тенк 2016 (5-ти и 6-ти Март 2016 година), собра ексклузивна група од 30 влијателни личности од туристичката индустрија од целиот свет за да разговараат за двигателите на успехот за земјите во развој. За земја домаќин на форумот е избран Азербејџан, како пример за земја во развој која нуди совршени услови за одржување на плодни дискусии. За време на форумот се разговараше и за предизвиците пред кои се наоѓа светската туристичка индустрија, земајки ги предвид сите промени во светската економија, демографијата, прирастот…
повеќе...Македонија за прв пат се претставува пред туристите од Унгарија
За прв пат македонската култура, историја и природа од 3-ти до 6-ти Март 2016 година Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ги претставува пред унгарските туристи на саемот за туризам во Будимпешта, Унгарија. Саемот за туризам во Унгарија е помогнат од страна на кинеските туристички власти и се донесени голем број на кинески туроператори кои се заинтересирани за кружни тури на балканот. За време на саемот се оддржа и бизнис работилница на која Македонија оствари средби со неколку кинески туроператори како што се Leo Vacations, Oases Travel, Tour Nasdaq,Beijing…
повеќе...Бројот на туристи од Србија во константен пораст
Од 18ти до 21ви февруари 2016 година, Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија ја претставува туристичката понуда на Македонија на саемот за туризам во Белград, Србија. Претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија за време на саемот остварија средба со цел соработка со тур-операторите Magelan Travel, Topone, Ponte Travel, додека со националната асоцијација на туристички работници на Србија – YUTA беа дискутирани можностите за интензивирање на соработката помеѓу тур-операторите од Македонија и Србија преку организација на регионални кружни тури од типот…
повеќе...Македонската туристичка понуда предизвик за туристите од Бугарија
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТРМ) од 11-13-ти Февруари 2016 година е дел од 33-тото издание на меѓународната саемска манифестација за промоција на туристичката понуда во Софија, Бугарија – HOLIDAY&SPA EXPO 2016. За време на саемот во Софија остварена е средба со министерот за туризам на Египет, г-дин Адел ел Масри со цел запознавање на туристичките можности на Македонија и продлабочување на соработката во туристичкиот сектор помеѓу двете земји. Познатите тур-оператори Orange Travel и Lidija Tours сметаaт дека Македонија има атрактивна понуда за азискиот пазар…
повеќе...Зголемен бројот на туристи во декември
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во декември 2015 година изнесува 40 333, а бројот на ноќевањата изнесува 77 423. Бројот на туристите во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, е зголемен за 24.4%, а бројот на ноќевањата е зголемен за 19.7%. Бројот на домашните туристи во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, е зголемен за 33.2%, а бројот на странските туристи е зголемен за 18.9%. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2015 година, во однос на декември…
повеќе...АППТ ја шири мрежата на соработници во Белгија
Во наредните неколку дена Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ја промовира Македонија пред белгиските туристи на саемот за туризам во Брисел. Тур операторот Томас Кук-Белгија ја зајакнува својата соработка со македонските тур оператори со што Македонија веќе се најде на нивниот продажен каталог за 2016 година. Од Томас Кук – Белгија велат дека расте и интересот за Македонија од страна и на нивната продажна мрежа во светот. „Како и секоја година, така и оваа Република Македонија учествува на саемот за туризам во Брисел што претставува значаен придонес како…
повеќе...Предлог национална мрежа на планински патеки на Македонија
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија, согласно годишните Програми за промоција и поддршка на туризмот, предвидуваше реализација на повеќе проекти во рамките на поддршката на туризмот, од кои како еден од најзначајните проекти е проектот “Планински патеки“. Потребата од реализација на проектот се јави со цел на создавење на нови туристички производи што во најголема мерка би влијаеле на зголемување на туристичката понуда на Република Македонија, како и директно поврзување на Република Македонија со останатите земји преку создавање на мрежа на планински патеки. Проектот се реализираше…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески на заедничка средба со туристичките делегации од Македонија и Бугарија
Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески учествуваше на координативна средба меѓу туристичките делегации од Р. Македонија и Р. Бугарија што вчера се одржа во Скопје на иницијатива на Министерот за економија на Р. Македонија,Беким Незири. На работната средба на која учествуваа претставници на туристичките асоциации и градоначалниците на Сандански, Смолјан, Благоевград, Чепеларе и Банско од бугарска страна и претставници на туристичките асоцијации и деловните здруженија на туристичките работници, Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот, како и градоначалниците на Охрид, Скопје, Тетово, Крушево, Општина Чаир, Маврово и Ростуше од македонска страна, се…
повеќе...