Асфалтирани неколку улици во населба Даљан

Со свечена пригода, денес градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, ги стави во употреба целосно реконструираните и асфалтирани улици „Мича Гилиќ“, „Сатеска“ и „Трајче Трајчески“. Реконструкцијата опфати изградба на нов систем за одведување на атмосферски води со колекторот и испусна градба. Ваков систем за прв пат е поставен во овај дел, а неговото непостоење претходно беше главна причина што при поголеми врнежи од дожд се поплавуваа улиците и околните куќи. Сега тој проблем е надминат. Атмосферската канализација е во вкупна должина од 1 287 метри. „Претходно овие улици беа во…

повеќе...

Прекин во водоснабдувањето на улиците „Коста Абраш“ и „Цар Самоил“

Од МЈП „Проаква“ РЕ „ Водовод“, Охрид информираат дека денес поради интервенција на водоводна линија односно изведба на нов приклучок за индивидуален објект, ќе има прекин во водоснабдувањето на улиците „Коста Абраш“ и „Цар Самоил“ во период од 09.00 ч. до 11.00 часот.

повеќе...

Се уредуваат тротоарите на „Ариф Мустафа“

Градежната оператива на ЈП „Градски Гробишта” работи на партерно уредување на тротоарски површини на ул. „Ариф Мустафа“. Градежниот зафат опфаќа поставување на бехатон плочки, парковски ивичњаци и поставување на дрвени клупи. Преостанатиот дел од простор ќе биде хортикултурно уреден. Работните активности се очекува да заврши до крајот на месец март.

повеќе...

Активности на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“

Екипите на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец” вчера започнаа со чистење на ул. „Железничка” и ул. „15ти Корпус”, бидејќи заврши обврската на „Македонија пат” за зимско одржување на истите улици, велат од претпријатието. ЈП „Охридски Комуналец” врши отстранување на абразивни средства кои беа употребени за заштита против мрзнење и голомразица, наноси од земја, песок и израсната трева помеѓу коловозите и тротоарите. Ангажирани се 2 екипи од кои 4ца работници на потегот од кружниот тек по 15ти Корпус до „Застава агп”, и 6 работници од кружниот тек до петљата на излезот…

повеќе...

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека денес поради замена на старите водоводни линии со нови кај кружниот тек Мини Маркет, ќе има прекин на водоснабдувањето на Ул.Славеј Планина, Димитар Влахов, Климент Охридски, Цар Самоил, Коста Абраш, Партизанска и дел од Ул.Туристичка и Јане Сандански во период од 08.30ч до 15.00ч. Екипите на МЈП Проаква се на терен и работат на отстранување на дефектот.

повеќе...

Нагрден изгледот на новите автобуски постојки

Нагрден изгледот на новите автобуски постојки во Охрид. Автобуските постојки беа поставени минатата недела, а веќе денес можеме да го видиме (зло)делото на вандалите кои ја исчкртаа постојката која се наоѓа на булеварот „Туристичка“, помеѓу ОУ „Григор Прличев“ и Гимназијата „Св.Климент Охридски“. WebOhrid

повеќе...

Утре целосно ќе биде затворен за сообраќај дел од „Туристичка“

Поради изградба на кружниот тек, утре во времето од 08 часот до 13 часот целосно ќе биде затворен за сообраќај дел од булеварот „Туристичка“. Предвидено е затворање за сообраќајот во двата правци на потегот од пресекот на булеварот „Туристичка“ со булеварот „АСНОМ“ до пресекот на булеварот „Туристичка“ со улицата „Јане Сандански“. Целосното затворање за сообраќај е поради замена на подземната инфраструктура што треба да ја изведе јавното претпријатие „Проаква“ работна единица „Водовод“. Поради овие предвидени градежни активности, од СВР Охрид ги повикуваат сите учесници во сообраќајот на разбирање за потребите и…

повеќе...

Утре прекин на водоснабдувањето на неколку улици во градот

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека утре поради изведба на водоводна линија ќе има прекин на водоснабдувањето на ул. „Јане Сандански“ од семафорите кај Охридската гимназија до кружниот тек кај Општата болница, „Сирма Војвода,“ „Карпош Војвода“, „Мирче Ацев“, „Ванчо Питошески“, „Галичица“, „Никола Карев“, „8-ми Септември“ и „Лазо Трпоски“ во период од 08.30 до 15.00 часот.

повеќе...

Утре прекин во водоснабдувањето на дел од „Туристичка“

Поради изведба на нова водоводна линија, утре во период од 08.30 до 13.30ч. без вода ќе останат жителите кои живеат на дел од бул.„Туристичка“ и тоа од пресекот со ул.„Јане Сандански“ до пресекот со ул.„Даме Груев“ . Новата водоводна линија се изведува во рамки на градежните активности за изградба на кружниот тек на пресекот на „Туристичка“ и „Јане Сандански“.

повеќе...

Прекин во водоснабдувањето на „Даме Груев“ и дел од „Туристичка“

Од МЈП„Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека денес поради преприклучувања кон новата водоводна линија ќе има прекин во водоснабдувањето на ул.„Даме Груев“ и дел од „Туристичка“ во период од 10.00 до 13.00ч. Екипите на МЈП „Проаква“ се на терен и работат на отстранување на дефектот.

повеќе...