Падна првиот снег во Охрид

Падна првиот снег во Охрид за оваа зима. Снегот штотуку ги покри улиците, тротоарите и парковите. Снежната прекривка во Охрид моментално е мала, но снегот и понатаму продложува да паѓа. На планините во западните делови се очекува повеќе од 50 см нов снег, а на повеќето пониски места снежната покривка ќе изнесува од 10 до 20 см. WebOhrid

повеќе...

СВР: Граѓаните да не паркираат на „Димитар Влахов“, „Партизанска“, „Илинденска“, „Цар Самоил“, „Кирил и Методиј“ и „Туристичка“

Во врска со најавите за обилни снежни врнежи за утре, а по одржаниот координативен состанок со општинскиот штаб за заштита и спасување, СВР Охрид преку полициската станица за безбедност на патиштата во сообраќајот, ќе преземе повеќе активности од својот делокруг на работа, со цел одржување на безбедноста и непречено одвивање на сообраќајот на локалните, регионалните и магистралните патишта. Со цел поефикасно работење на службите надлежни за редовно чистење и зимско одржување на коловозите, апелираме до граѓаните, утре од 17 часот да ги отстранат и да не ги паркираат своите патнички…

повеќе...

Дел од бадникарските пакетчиња завршија на улица

Како и секоја година, така и оваа можеме да забележиме дека дел од бадникарските пакетчиња завршуваат, односно се расфрлаат по улиците и тротоарите во Охрид. WebOhrid

повеќе...

Прекин на водоснабдувањето на неколку улици во Охрид

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ информираат дека денес поради дефект на главна водоводна линија ф 160 мм на ул. „Стив Наумов“ во непосредна близина на ОУ „Братство Единство“, ќе има прекин во водоснабдувањето на улиците „Стив Наумов“, „Пере Тошев“, „Петар Поп Арсов“, дел од улицата „Абас Емин“ и дел од улицата „Крали Марко“, од овој момент па се до отстранување на дефектот. Екипите на МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот.

повеќе...

Утре прекин во сообраќајот на кружниот тек кај Охридска банка

Во тек се финални подготовки на подлогата за асфалтирање, нивелирање и збивање на тампонскиот слој како и поставување на сливници во последните две фази од градба на кружниот тек на пресекот на булеварот „Туристичка“ и улицата „Македонски Просветители“. Според планираната динамика на изведувачот, поставувањето на првиот слој на асфалт за порамнување ќе отпочне утре во периодот помеѓу 11 и 15 часот поради што делови од улиците „Македонски Просветители“ и „7-ми Ноември“ ќе бидат затворени за сообраќај. Во зависност од временските услови односно максималните дневни температури, се очекува поставувањето на завршниот…

повеќе...

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици во градот

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека поради настанат дефект на водоводна линија ф 125мм, кај кружниот тек на Ул. 15-ти Корпус и Железничка, од моментов па се до отстранување на дефектот ќе има прекин во водоснабдувањето на улиците: „15-ти Корпус“, „Радојца Новичиќ“, „Живко Чинго“ и „Ристо Чадо“ како и на дел од улиците „7-ми Ноември“, „Питу Гули“ и „Железничка“.

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески на увид на градежните активности на ул. „Сирма Војвода“

Градоначалникот Никола Бакрачески денеска беше на увид на улица „Сирма Војвода“ каде во тек се подготвителни активности за асфалтирање на крак во должина од 250 метри и ширина 6 метри . Реконструкцијата и асфалтирањето на оваа улица се ветување на градоначалникот Бакрачески по средбата со жителите од овој дел на Охрид. Денеска мештаните задоволни му приоѓаа на градоначалникот и упатуваа благодарност што тој е првиот градоначалник досега кој им одговорил на нивните барања. Со асфалтирањето на кракот од ул.„Сирма Војвода“ се решава еден сериозен проблем на граѓаните коишто живеат во…

повеќе...

Замаглено огледало на улицата „Св.Кирил и Методиј“

Пред да се искачите или пак на слегување од „Горна Порта“ тука е незгоднот свијок на улицата „Св.Кирил и Методиј“ каде што е потребно исклучително внимавање при разминувањето на возилата. Токму за таа цел е поставено и сообраќајното огледало, но по се изгледа дека тоа не е од корист во овие ладни утра. Имено, поради временските услови, ниската температура и влажноста на воздухот, ова огледало секое утро е замаглено. WebOhrid

повеќе...

Во понеделник прекин на водоснабдувањето на неколку улици низ градот

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека поради интервенција на водоводна линија, во понеделник ќе има прекин на водоснабдувањето на улиците „Партизанска“, „Спас Банџов“, дел од „Јане Сандански“ и дел од „Кеј Македонија“ во период од 08:00 до 14:00 часот.

повеќе...

Нови улични светилки во Охрид

Деновиве во Охрид се врши заменување на светилките на уличното осветлување, односно досегашните светилки кои светеа жолто се заменуваат со бели ЛЕД светилки. Со новите улични ЛЕД светилки ќе се подобри јавното осветлување по што се очекува да се зголеми нивото на безбедност како за сите учесници во сообраќајот така и за граѓаните во Охрид. Осовременувањето на уличното осветлување го врши реномираната компанија ИЦС Системи од Чешка, со која што Општина Охрид склучи договор за наредните 15 години. WebOhrid

повеќе...