Се интензивираат активностите за изградба на кружен тек на пресекот на улиците „Туристичка“ и „Бистрица“

Се интензивираат градежните активности за изградба на кружен тек на пресекот на улиците „Туристичка“ и „Бистрица“. ЈП „Нискоградба“ работи на поставување на мрежа за одведување на атмосферската вода на кружниот тек. Се поставува систем од цевки, сливници и шахти кои атмосферската вода ќе ја собираат и одведуваат во мрежата за одведување на атмосферски води. Проектот за реконструкција на крстосницата на улиците „Туристичка“ и „Бистрица“ започна пред неполни две недели и истиот се очекува да биде готов пред почетокот на летната туристичка сезона. Вредноста на проектот е 5. 908. 441 денари.

повеќе...

Се уредуваат улиците во „Стар Град“

Екипите на „Јавна хигиена“, согласно Програмата за работа за 2015 година, темелно ги расчистуваат јавните површини во УЗ1 „Стар Град“. „Сите улици и пристапни патеки се метат, а зелената околна вегетација рачно се коси.“– информираат од ЈП „Охридски Комуналец“. Денес се уредуваа улиците „Коста Абраш“, „Цар Самоил“, „Илинденска“ и месноста „Горни Сарај“, а во следните денови, како што велат од претпријатието ќе бидат опфатени сите улици од оваа урбана заедница.

повеќе...

Се гради кружен тек помеѓу улиците „Туристичка“ и „Бистрица“

Започна изградбата на кружниот тек на местото каде што се вкрстуваат улиците „Туристичка“ и „Бистрица“. Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески кој денес беше на терен истакна дека станува збор за проект кој Општина Охрид го реализира со поддршка на Светска Банка, вреден 5. 900. 000 денари . „Се работи за едно современо сообраќајно решение со кое што сакаме да го решиме долгогодишниот проблем на луѓето од овој дел на градот , пред се во делот на безбедноста на пешаците . Како што и сами знаете на ова исто место во минатото…

повеќе...

Забрана за сообраќај за улиците околу Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје

По повод вечерашното чествување на Великден (11/12/04), односно одржувањето на централниот настан во соборниот храм “Свети Климент Охридски“ во Скопје, ќе биде воспоставен посебен сообраќаен режим во периодот од 18,00 часот до 06,00 часот (на 12.04.). Имено, за сообраќај ќе бидат затворени следните делници околу Соборниот храм: потег на булеварот Партизански одреди од улицата “Рузвелтова“ и до булеварот “ВМРО“, булеварот Илинден и булеварот “Гоце Делчев“, потоа делот од булеварот “Свети Климент Охридски“ меѓу улиците “Орце Николов“, “Димитрие Чуповски“ и булеварот “Илинден“. Исто така забрана за сообраќај ќе има на делниците…

повеќе...

Се менуваат оштетените улични светилки

Деновиве надлежните ги заменуваа оштетените улични светилки со нови. Со изгласување на одлуката за избор на приватен партнер започна постапката за модернизирање на јавното осветлување во Охрид, со што охриѓани ќе добијат современо и модерно улично осветлување со лед светилки. Осовременувањето на уличното осветлување ќе го врши реномираната компанија ИЦС Системи од Чешка, која уличното осветлувањето ќе го добие на 15 години користење. WebOhrid

повеќе...

Расчистени „Ристо Чадо“ и „Железничка“ , на Калето се санираат багремите

По налог на општинскиот инспекторат на ул .„Железничка“ (во близина на сообраќајната клучка „Петља“) расчистена е мини-депонија од расфрлан отпад од различен вид. „Детално се расчистуваше ул. „Ристо Чадо“ (потег „Стобекс“ – „Здружение на возачи“) каде несовесни граѓани во зелениот појас расфрлале комунален отпад. Екипите на „Паркови и зеленило“ ги санираат дрвјата на северозападниот дел од Калето под бедемот од „Самоилови Тврдини“.“ – информираат од претпријатието. Во шумскиот дел од Калето, покрај патеката која води од месноста Кошишта до Горна Порта, се санираат багремови стебла и гранки и се отстранува…

повеќе...

Врнежите продолжуваат – вреќите остануваат!

Сеуште е свежо сеќавањето на обилните врнежи од снег, а особено од дожд, кои предизвикаа поплави низ речиси цела Македонија. Многу наши сограѓани директно се соочија со таква елементарна непогода, а останатите бараа превентивен начин како да се заштитат од надојдените води. Иако имаше период на суво, сончево и стабилно време, оттогаш па се до денес, нашите сограѓани сеуште ги чуваат заштитните насипи. Таков е и овој случај на улицата „Мирче Ацев“, а бидејќи врнежливото време е вообичаено за пролетта, тогаш можно е овие вреќи да останат уште малку подолго.…

повеќе...

Активности на ЈП „Охридски Комуналец“

Во градскиот парк и плоштад се врши освежување на зелените површини со замена на оштетените садници и засадување на нови садници од цветниот расад „очиња” како и декоративни грмушки. Со покачување на дневните температури се косат и зелените површини. На паркингот во близина на плоштадот „Крушевска Република” се уредуваат крошните од дрвјата. Се расчистува зелениот појас покрај коловозот од магистралниот пат кој води до село Вапила од расфрланиот отпад (хартија, пластика, комунален и друг вид отпад). По налог на Секторот за комунални дејности, сообраќај и улици се подигнува шут од…

повеќе...

Се санираат дрвјата и гранките во УЗ „Гоце Делчев“

Екипа на ЈП „Охридски Комуналец“ денес ги санираше дрвјата и ги сечеше гранките во шумскиот дел од УЗ 12 „Гоце Делчев” населба, Бараки. Една екипа на ова претпријатие работеше на раскопување и расчистување на земјата околу засадените повеќегодишни растенија и декоративни грмушки во градскиот парк, паркот на градскиот плоштад и зелената површина помеѓу двете коловозни ленти на „Булевар Туристичка”.

повеќе...