Се очекува забрана за увоз на пилешко, свинско, говедско и коњско месо од Бразил

Согласно своите надлежности, Агенцијата за храна и ветеринарство ги информира домашните компании дека Генералниот директорат за здравствена заштита и безбедност на храната на Европската комисија (DG SANTE) спроведе инспекциски контроли во Бразил со цел евалуација на контролите на производството на говедското, пилешкото и коњското месо и производите од нив, како и евалуација на контролите на резидуи и контаминенти во живи животни и производи од животинско потекло, вклучувајќи и контроли на ветеринарно-медицинските препарати. Во финалните извештаи од спроведените инспекциски контроли од страна на DG SANTE се утврдени наоди на недоследности при…

повеќе...

Времена забрана за увоз на живина и живинско месо од Холандија, Германија и Велика Британија

Во насока на преземање на превентивни мерки за заштита од пренесување на болеста Птичји грип во Република Македонија, по добиено известување од Европската комисија за присуство на оваа болест, Агенцијата за храна и ветеринарство изрече мерка времена забрана за увоз на пратки од живина и производи од живинско месо ( вклучително и јајца) по потекло од Холандија, Германија и Велика Британија. Надзорот на појавата и присуството на оваа болест во Република Македонија се врши согласно позитивните законски решенија предвидени со Законот за ветеринарно здравство, Програмата за сузбивање и искоренување на…

повеќе...

Расте извозот, во првите 8 месеци за 17,4 % повеќе од лани

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во периодот јануари – август 2014 година изнесува 3 208 293 илјади САД долари, а на увозот 4 806 779 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 66.7%. Трговскиот дефицит, во периодот јануари – август 2014 година, изнесува 1 598 486 илјади САД долари. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, сетови на проводници за палење…

повеќе...

Тодоров: За првпат се воведува можноста за паралелен увоз на инсулин

За првпат во историјата на Република Македонија се воведува можноста за паралелен увоз на инсулини. Граѓаните добиваат инсулини од трите најдобри врвни компании за производство на инсулин во светот, oва го истакна министерот Тодоров при гостувањето во Дневникот на МРТ. „Се пуштија некои тези дека наводно критериумите се така направени да се во фунција на еден или друг добавувач. Напротив, критериумите се така направени за да првпат може да се јават многу повеќе фирми на тендерот него што се јавувале порано. Тоа е она што смета. За првпат, можат да…

повеќе...

Известување за економските оператори кои вршат увоз на нафтени деривати

Се известуваат економските оператори кои вршат увоз на нафтени деривати дека од 17.06.2014 година, нафтените деривати од тарифните броеви 2709, 2710 и 2711 увозно ќе се царинат во следните царински испостави: – Скопје 2– 1015, –  Слободна зона Скопје – 1020, –  Делчево – 3030, –  Гевгелија – 4020, –  Струга – 5060, –   Скопје 4 – 1014 – за пратки во железнички сообраќај, –   Аеродром Скопје – 1050 и Аеродром Охрид – 5042 за пратки во воздушен сообраќај и –   Пошта Скопје – 1025 за пратки…

повеќе...

ДЗС: Извозот на стоки во јануари изнесува 318.574 илјади долари

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Македонија во јануари 2014 година изнесува 318. 574 илјади САД долари, а на увозот 506 431 илјади САД долари. Покриеноста на увозот со извоз е 62.9%. Трговскиот дефицит, во јануари 2014 година, изнесува 187 857 илјади САД долари. Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, феросилициумот, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи) и облеката. Во увозот најмногу се…

повеќе...

Увоз на половни автобуси и минибуси до крајот на годинава

Превозниците ќе увезуваат автобуси и минибуси со еуро стандард 2 до крајот на годината, одлучи Владата на последната седница.  Со одлуката  по третпат се овозможува увоз на тој тип автобуси и се излегува во пресрет на барањето на Здружението на превозници во патниот сообраќај „Исток“, изјави  денеска министерот за економија Ваљон Сарачини. Пред раководството на  Здружението „Исток“ Сарачини ја презентира  владината мерка со која очекува возниот парк да го обноват превозниците што не го направиле тоа до истекот на претходниот рок – 28 февруари. Според Сарачини,  од  воведувањето на мерката…

повеќе...