Доделени наградите на најдобрите на „Спортскиот ден“ во Велгошти

По повод роденденот на Тодор Александров, денес во спортската сала во Велгошти, која го носи неговото име, беа доделени награди на најдобрите во спортот, на спорсткиот турнир именуван како „Спортски ден“. Вклучени беа основните  училишта од Охрид и Дебрца. Учениците се натпреваруваа во повеќе дисциплини, шах, пинг – понг, футсал, баскет Најдобрите во футсал Првото место го освоија учениците од ОУ „Христо Узунов“, второто место ОУ „Св.Наум Охридски“ и третото место учениците од ОУ „Св.Климент Охридски“. Најдобри во шах (машки и женски)  Првото место го освои Антонио Достиноски од ОУ „Живко Чинго“, второто…

повеќе...

Отворен „Спортски ден“ во Велгошти

Отворена Манифестацијата „Спортски ден“ во Велгошти. Традиционално, по повод 4ти март, роденденот на Тодор Александров, во салата која го носи неговото име во селото Велгошти, се одржува „Спортски ден“. Настанот има натпреварувачки карактер. На него учествуваат 300 ученици од сите основни училишта од општините Охрид и Дебрца. Учениците се натреваруваат во повеќе дисциплини, а за најдобрите ќе бидат доделени награди. Манифестацијата „Спортски ден“ за отворена ја прогласи директорот на ОУ „Живко Чинго“, Ѓоко Чингоски. „Со гордост истакнувам дека еве веќе трета година со ред како ОУ „Живко Чинго“ е организатор по повод…

повеќе...

ОУ „Живко Чинго“ организира „Спортски ден“ по повод роденденот на Тодор Александров

По повод 4ти март, роденденот на Тодор Александров, традиционално во салата која го носи неговото име во селото Велгошти, утре ќе се одржи „Спортски ден“. Настанот ќе биде од натпреварувачки карактер. На него ќе учествуваат 300 ученици од сите основни училишта од општините Охрид и Дебрца. Учениците ќе се натреваруваат во повеќе дисциплини, а за најдобрите ќе бидат доделни  награди. Почетокот на натпреварите е закажан за 8:30 часот. Спортскиот ден е во организација на ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти, во соработка со Сојузот на училишен спорт и Локалната самоуправа. WebOhrid

повеќе...

Финишира изградбата на кабинети во ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти

Во ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти, Охрид, при крај се градежните работи за завршување на кабинетите за реализирање настава по сите предмети. „Кабинетите ќе се опремени со потребните нагледни средства за соодветниот предмет. Со проектот „Кабинетска настава“ се изградија вкупно 6 кабинети со кои се подобруваат условите за изведување настава во одделенска и предметна настава.“– велат од училиштето. ОУ „Живко Чинго“ постојано работи на подобрување на инфраструктурните услови за безбедно, непречено и квалитетно одвивање на воспитно – образовниот процес. WebOhrid

повеќе...

Голем успех на учениците од ОУ „Живко Чинго“ на Општинскиот натпревар по математика

Денес во просториите на Универзитетот за информатички науки и технологии Свети апостол Павле – Охрид, а во организација на Здружението на математичари – Охрид, се одржа III Oпштински натпревар по математика. Во улога на домаќин беше ОУ„Живко Чинго“ – Велгошти. Меѓу другите, учениците од ова училиште, на овој натпревар, постигнаа значителен успех и забележителни резултати: – Втора награда освоија учениците: • Александар Трпески од 5 одд. под менторство на наставничката Гордана Цановска; • Екатерина Бочвароска од 7 одд. под менторство на наставничката Славијанка Дојчиноска и • Елена Кецкароска од 9…

повеќе...

Неуморно продолжуваат градежните активности во ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти

Неуморно продолжуваат градежните активности во ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти, со цел учениците да имаат подобро катче, поудобен престој и поквалитетна настава. „Секоја година во училиштето се работи на нови проекти за подобро училиште. Всушност, во овој период се доградува, односно се продолжува кровот на училишниот главен влез, поради штетите кои се нанесуваат од неповолните временски услови.“- информираат од училиштето. Во текот на овој месец планирана е изградба на нови кабинети по останатите предмети како што се биологија, хемија, географија и историја. Имено, ова е дел од проектот кој започна со изградба на неколку…

повеќе...

Продолжуваат „Училишните игри без граници“ во охридските училишта

Со почетокот на второто полугодие од школската година, започна и второто коло од УЧИЛИШНИТЕ ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ 2015/2016 година, во организација на Извидничкиот одред Пионер. Вчера во спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти преку учество на 80 ученици од второ до деветто одделение продолжи циклусот со забавно-едукативни игри во кој што учениците групирани во екипи од по четворица се натпреваруваа со своите врсници трудејќи се да обезбедат место во понатамошните натпревари. Игрите кои што започнаа на први декември минатата година и на кои што досега учествуваа повеќе од 300 ученици од основните…

повеќе...

Светиот крст во рацете на Петар Трпески во Велгошти

Големиот христијански празник Богојавление- Водици одбележан во Велгошти. Меѓу повеќето скокачи во Велгошти, најсреќен беше Петар Трпески. Се смета дека оној што ќе го фати крстот ќе има среќа, здравје и благосостојба во текот на целата година. Честитаме!

повеќе...

Новогодишна приредба во ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти

По повод Новогодишните празници во Основното училиште „Живко Чинго“, Велгошти денес се организираше новогодишна приредба збогатена со богата културно-уметничка програма. Учениците со нивните настапи ги израдуваа, ги насмеаа и ги забавуваа своите родители, баби и дедовци. „Учениците од нашето училиште имаат посебен уметнички сенс и афинитет, кој само треба да се насочи и канализира, ние како училиште тоа го постигнуваме преку работа во секции во предметна настава и откривање и работа со таленти во одделенска настава“, – вели директорот на училиштето, Ѓоко Чингоски. На крајот од Новогодишната програма на радост на најмалите-првооделенчињата…

повеќе...

По втор пат Новогодишен базар во ОУ „Живко Чинго“- Велгошти

Втора година по ред Основното училиште „Живко Чинго“-Велгошти во рамките на проектот „Заедничка грижа за правилно насочување на учениците“ организира Новогодишен базар, на кој ќе бидат изложени за продажба голем број на новогодишни украси и колачи. „Од вредните раце на нашите ученици под раководство на нивните наставници и помош од родителите излегоа бројни украси, елки, честитки, икебани и други вредни подароци кои беа изложени во Спортската сала „Тодор Александров“, а ги купуваа бројните гости кои беа присутни на ова манифестација.“– информираат од училиштето. Собраните парични средства ќе се искористат за…

повеќе...