Хуманитарна акција на основците од „Живко Чинго“ – Велгошти

Учениците од ОУ „Живко Чинго“ повторно ја покажаа својата хуманост на дело. Обединети под мотото „Од децата за децата“, несебично се вклучија во одбележување на Неделата за борба против гладта. Сите ученици од ова училиште заедно со наставничката одговорна за секцијата „Подмладок на Црвен Крст“, во текот на изминатите денови собираа разни прехрамбени продукти и денес ги предадоа на преставниците од Општинската организација Црвен Крст Охрид. Сигурни се дека многу сограѓани, посебно деца, ќе се израдуваат на оваа помош. Учениците од ова училиште редовно се вклучуваат во хуманитарни акции, со…

повеќе...

Отслужена литургија за Петковден во манастирот Св.Петка – Велгошти

Денес, по повод празникот посветен на Преподобната Параскева –  Петка (Петковден), во манастирот „Св. Петка“ во Велгошти, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештеникот Никола Кипријанов и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј им подели нафора на верните и се обрати кон нив со пригодна беседа.

повеќе...

Света литургија за празникот Преп.Параскева (Петка) Епиватска

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 27ми октомври (четврток), во манастирот Св.Петка село Велгошти – Охрид ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Преп.Параскева (Петка) Епиватска“, со почеток во 8:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.

повеќе...

Се градат потпорни ѕидови во Велгошти

Екипи на ЈП „Градски гробишта“, денес, започнаа со градежни активности за изградба на потпорни ѕидови во Велгошти со должина од 30 метри и висина од 2 метри. Предвидениот буџет за овој зафат изнесува 560 000 денари, а градежните работи се очекува да завршат за 10 дена.

повеќе...

Презентација на проектот за меѓуетничка интеграција во ОУ „Живко Чинго“

Во Основното училиште „ Живко Чинго“ во село Велгошти, денес се одржа отворен ден, во рамки на Деновите на меѓуетничка интеграција, што заеднички ги реализира Општина Охрид со основните, средните училишта и тимот на УСАИД за меѓуетничка интеграција. Основна цел на овој завршен ден беше презентацијата на сработените активности, во рамки на Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието што ОУ „Живко Чинго“ с.Велгошти, ОУ „Кочо Рацин“, ОУ „Братство единство“, ОУ „Ванчо Николески“ с. Лескоец и средното училиште „Св.Климент Охридски“, ги реализираа со своите партнер училишта. На презентацијата, на поставените штандови…

повеќе...

Утре во ОУ „Живко Чинго“ завршуваат активностите од проектот за меѓуетничка интеграција

Kако дел од Проектот за меѓуетничка интеграција во образованието (ПМИО), Општина Охрид заедно со основните училишта организира „ Денови на меѓуетничка интеграција“. Активностите по повод Деновите на меѓуетничка интеграција, завршуваат утре со големиот настан, што ќе се одржи во ОУ „Живко Чинго“ во с. Велгошти во спортската сала „Тодор Александров“, со почеток во 11 часот. На настанот ќе бидат презентирани активностите и постигнатите резулатати од досегашните реализирани актвиности со партнер училиштата, што основните и средните училишта од Општина Охрид ги реализираа во рамки на проектот за меѓуетничка интеграција. WebOhrid

повеќе...

Завршува реконструкцијата на постоечките надворешни скали во ОУ „Живко Чинго“ Велгошти

Во завршна фаза е реконструкцијата на веќе постоечките надворешни скали во ОУ „Живко Чинго“ во Велгошти. Како што информираат од училиштето, со овој проект ќе се докомплетира потребната инфраструктура која недостасува во училиштето, а секако ќе се подобри и безбедноста на учениците кои учат тука. Реконструкцијата се реализира со средства од ОУ „Живко Чинго“, а наjголем дел со средства од Црковниот одбор од Велгошти. WebOhrid

повеќе...

Црковниот одбор од селото Велгоштии донира пари за ОУ „Живко Чинго“

Црковниот одбор од селото Велгошти донира пари за основното училиште Живко Чинго што е пример достоен за почит. Со донацијата во завршна фаза е поправката на веќе дотраените и оштетени надворешни скали, информира директорот на ОУ, Ѓоко Чингоски. Со тој градежен зафат ќе се докомплетира потребната инфраструктура која недостасува во школото. „Проектот со кој се намнети средства за поправка на надворешните скали, за работна рака и за материјал, е заслужен Цековбниот одбор од Велгошти. Имаме и ние еден удел, но најголемиот издаток е на одборот. Упатуваме голема благодарност од мое…

повеќе...

По 28ми пат одржана манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ во Велгошти

Синоќа во селото Велгошти, во близина на манастирот „Света Петка “ по 28-ми пат се одржа традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, во организација на МЗ Велгошти и  Општина Охрид. На споменикот на „Живко Чинго“ свежо цвеќе положија заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев со претставници од Локалната самоуправа, претставници на Месната заедница од Велгошти, делегација на ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти. Пред присутните се обрати заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев. На чествувањето, на младата охриѓанка Емилија Карафилоска, заменик градоначалникот му ја врачи наградата „Живко Чинго“ за најдобар, која изнесува 30.000 денари.…

повеќе...

Утревечер по 28ми пат ќе се одржи „Вечер на Живко Чинго“ во Велгошти

Во знак на почит кон охридскиот писател Живко Чинго во неговото родно место Велгошти, на спомен – обележјето во атарот на манастирот „Св. Петка“ утревечер по 28 пат ќе се одржи традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“. Манифестацијата е во организација на МЗ Велгошти и  Општина Охрид. Според програмата предвидено е полагање на цвеќе пред споменикот на Живко Чинго по што се очекува обраќање на претставник од општина Охрид. Беседа за писателот ќе одржп Јордан Плевнеш, а потоа ќе биде и врачувањето на наградата за најдобар расказ, што општина Охрид ја додели…

повеќе...