Се уредува локалниот пат од „15ти Корпус“ према Велгошти

Денес екипите на „Паркови и зеленило” при ЈП „Охридски Комуналец” покрај редовните активности, по барање на комуналната инспекција и на граѓаните, беа ангажирани на уредување на локалниот пат на потегот од ул. „15ти Корпус” до Велгошти, при што беше искосена тревата покрај патот и беа исечени гранките и трњето кои ја попречуваа прегледноста на возачите, информираат од претпријатието.

повеќе...

ПЗУ „Никодам-Медика“ – Велгошти

ПЗУ „НИКОДАМ-МЕДИКА“ е лоцирана на улица „Илинденска“ бр.96, во Велгошти – Охрид. Амбулантата по општа медицина работи со матичен лекар, а за своите пациенти врши бесплатни здравствени прегледи, совети за здравје, ЕКГ, мерење на шеќер во крвта, инхалации, интрамускулни и интравенски инјекции, земање крв за анализа и други здравствени услуги. Во рамки на амбулантата, отворена e и аптека, која работи секој работен ден (понеделник-петок) од 10:00 до 18:00 часот, а во сабота од 10:00 до 15:00 часот. Амбулантата има склучено договор со Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ). Работно…

повеќе...

Емилија Карафилоска е авторот на првонаградениот расказ од конкурсот „Живко Чинго“

Охриѓанката Емилија Карафилоска е авторот на годинешниот најдобар расказ од конкурсот „Живко Чинго“. Емилија е студент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ на Катедрата за македонски јазик и јужнословенски јазици. Со пишување активно се занимава од свои дванаесет години. Има учествувано на многу литературни конкурси на кои освоила неколку први места. Првонаградениот расказ со наслов „ Т.чка на агонија “ може да го прочитате тука.

повеќе...

Наградата „Живко Чинго“ за расказот под шифра Аура

Расказот „Т.чка на агонија“ под шифра Аура, е годинешен добитник на престижната награда „Живко Чинго“. Вака одлучи тричлента комисија во состав, проф. д-р Димитар Пандев – претседател и членовите, Мирко Томовски и Смиле Наумоски. По претходно распишаниот Конкурс од страна на Градоначалникот на Општина Охрид, Никола Бакрачески, а по повод традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, за наградата аплицирале 90 раскази. Комисијата со задоволство констатира дека повеќето од пристигнатите раскази имале високи уметнички вредности што укажува на подемот на македонскиот расказ во актуелниов миг поттикнат од овој конкурс. Расказот…

повеќе...

Верниците масовно се поклонуваат пред Св.Петка

По повод празникот посветен на Преподобната маченичка Параскева – Св.Петка, илјадници верници од денес попладне се упатуваат кон манастирот „Св. Петка“ во Велгошти, палат свеќи, се молат за здравје и среќа и се поклонуваат пред светицата.  Како и секоја година, за празникот Света Петка, во рамките на манастирот не изостана и панаѓурот со тезги каде можеше да се купат сувенири, храна и пијалоци. Манастирот Св.Петка е сместен е недалеку од Охрид, под Илинска планина, на самата падина од ридот Олмец, а над селото Велгошти. Посветен е на св. вмач. Параскева – Петка…

повеќе...

Положено цвеќе пред споменикот на илинденските борци во Велгошти

Во очи на празникот, традиционално и годинава со полагање свежо цвеќе пред споменикот на Илинденците во селото Велгошти започна одбележувањето на Илинден. Пред споменикот се поклонија делегација на општина Охрид, предводена од градоначалникот Никола Бакрачески,  претставници од Месната заедница од Велгошти, од Месниот комитет на Велгошти, Сојузот на борци од Охрид и други значајни структури. На свеченоста, градоначалникот Бакрачески на присутните им го честита овој светол и голем ден за македонската историја. „Денес, во предвечерието на најголемиот и најсветлиот македонски празник, Илинден, ми претставува особена чест и пријатно задоволство, да присуствувам во историското…

повеќе...

Делегации на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца ќе положат цвеќе на спомен обележјата на илинденците и борците од НОБ

Делегации на Општинската организација на Сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и на граѓаните продолжувачи во општините Охрид и Дебрца по повод 113 години од Илинденското востание и 72 години од Првото заседание на АСНОМ ќе положат свежо цвеќе на спомен обележјата на илинденците и борците од НОБ, и тоа: – Вечерва (1ви август) во 20:30ч во с. Велгошти, – утре (2ри август) во 10:00ч во Охрид на Градскиот плоштад, 11:00ч во,с.Плаќе, во 11:30ч во с.Лактиње. „Втори Август – Илинден претставува сведок на македонскиот непокор…

повеќе...

Чествување на Илинден во Велгошти

Пред споменикот на Илинденците во Велгошти, денес со почеток во 20:30 часот ќе се одржи свечена прослава. Свежо цвеќе ќе положат претставници од Локалната самоуправа, од Месната заедница од Велгошти, од Месниот комитет на Велгошти, Сојузот на борци од Охрид и други значајни структури. „Илинден бил и ќе остане во душата на сите жители на Велгошти. Велгошти поради посветеноста на Организацијата во 1903 г. било до темел изгорено. Да не ги заборавиме Илинденците кои своите животи ги положиле во името на Македонија. Нека им е вечна славата и да ни е вековито името.“ – велат велгоштани. По тој…

повеќе...

Во Велгошти одбележани 115 години од формирањето на првата охридска чета

По повод 115 години од формирањето на првата востаничка чета во охридско, синоќа во атарот на манастирот „Света Петка“ – Велгошти се одржа пригодна свеченост, во организација на МК на ВМРО -ДПМНЕ од Велгошти. Советникот Илија Арнаудоски во воведниот збор го потенцира значењето на четата како за Велгошти така и за самиот охридски регион. Претставници на МК на ВМРО–ДПМНЕ – Велгошти, претставници на Урбаната заедица при с.Велгошти и претставници на ОУ „Христо Узунов“ положија свежо цвеќе на спомен плочата. „Да се одбележуваат вакви значајни празници од нашата историја значи да се почитува…

повеќе...

Утревечер ќе се одбележат 115 години од формирањето на првата охридска чета во Велгошти

По повод 115 години од формирањето на првата востаничка чета во охридско, утревечер во атарот на манастирот „Света Петка“ – Велгошти ќе се одржи пригодна свеченост, во организација на МК на ВМРО -ДПМНЕ од Велгошти. Свежо цвеќе ќе положат претставници на МК на ВМРО–ДПМНЕ – Велгошти. Најголем успех на Охридската револуциoнерна организација е формирањето на револуционерната чета. Свечениот чин се одиграл во манастирот Света Петка, во Велгошти на 6 јули 1901 година. Тој факт сам по себе многу зборува. Формирањето на четата во Света Петка не е само поради блискоста…

повеќе...