Полицаец возејќи удрил во 80-годишен велосипедист

На ден 22 септември оваа година, во 10 часот и 35 минути, на крстосницата на булеварот „Туристичка“ со улицата „Даме Груев“ во Охрид случена е сообраќајна незгода во која учествуваа патничко моторно возило марка „Шкода Јети“ сопственост на МВР на РМ, а управувано од А.Д.(48) полициски службеник вработен во СВР Охрид и велосипед марка „Рог – Пони“ управуван од Д.Б. (80) од Охрид. Сообраќајната незгода е случена во момент кога возачот со полицискиот автомобил кој се движел по булеварот „Туристичка“ од улицата „Јане Сандански“ во правец кон булеварот „Македонски Просветители“,…

повеќе...

Светскиот ден без автомобили одбележан во Охрид со возење велосипеди

Во организација на Секторот за заштита на животната средина и управување со отпад при општина Охрид, денес беше одблежан светскиот ден без автомобили. Заменик градоначалникот Ангел Јанев нагласи дека одбележувањето на овој ден е потсетување дека загадувањето на атмосферата преку издувните гасови на автомобилите е една од главните причини за климатските промени што се случуваат низ светот. „Во што поголем број да им се придружиме на останатите градови во земјава и светот и кон пораките за зачувување на чистата средина и чистиот воздух. Ние сме свесни дека сообраќајот во Охрид…

повеќе...

Велосипедска тура „Западна Магистрала“ по повод 8 Септември

Сојузот на спортови на Скопје, по повод денот на осамостојување на Република Македонија – 8 Септември, ја организира традиционалната велосипедска тура „Западна магистрала”, на 02.09./Сабота/ 2017г. Настанот ќе се одржи на релација Маврово, Стража, Кичево, Демир Хисар, Битола во должина од 120 км. Саатница на движењето: Почеток од Маврово во 7:30 часот, Стража-официјален СТАРТ во 8:00 часот, Кичево во 9:00, Демир Хисар во 10:30, а пристигнувањето во Битола ќе биде околу 13:00 часот во центарот пред хотел Епинал. Учесниците на настанот, традиционално од 2012 година се: велосипедскиот ветеран Ѓорѓи Кузмановски…

повеќе...

Статичните велосипеди во Холандскиот парк долго време не се во функција

Статичните велосипеди во Холандскиот парк подолго време не се во функција. Недостасуваат педали на секој од нив, а недостасува и таблата на која пишуваше за оваа донација. И покрај тоа што надлежните во неколку наврати извршија нивна санација, сепак тие не можат да излезат на крај со вандалите кои „се дежурни“ 24/7. Имено, овие статични велосипеди беа подарок од Кралството Холандија во 2011 година. Тогашната амбасадорка во Македонија, Симоне Филипини за Холандскиот парк во Охрид изјави дека тоа е место каде холандските туристи ќе се чувствуваат како дома. Деновиве, може…

повеќе...

Стартува велосипедската полициска патрола во Охрид

Од денеска, СВР Охрид, во своето редовно полициско работење ја ангажира велосипедската полициска патрола. Патролата има тројца полицајци-велосипедисти кои активно ќе се вклучат во превентивното и репресивното делување пред се во реализација на кражби, спречување на вршење кривични дела и прекршоци, откривање и приведување на сторители на разни казнени дела по плажите и паркинзите како и во централното градско подрачје. Велосипедистите-полицајци ќе работаат на реализација на мерките за одржување на јавниот ред и мир за што, имаат посебна полициска обука. Велосипедската полиција е модерна замисла за нова и современа форма…

повеќе...

Во Охрид се градат пешачки и велосипедски зони

Во рамки на денешната обиколка, градоначалникот Никола Бакрачески направи увид на патеката од каналот „Студенчишта“ до хотел Парк каде во тек се градежните активности за реконструкција на третата фаза од патеката. Според најавите патеката која е со вкупна должина од 1300 метри треба целосно да биде реконструирана во месец септември или почетокот на месец октомври годинава . „Знаете дека претходно ги завршивме првите 420 метри, а во овој момент се работат преостанатите 940 метри од патеката. За едниот дел средства се обезбедија од ЕУ фондовите односно од ИПА програмата за…

повеќе...

Организиран „Ден без автомобилски чад“ во ОУ „Св.Климент Охридски“

Денеска во ОУ „Св.Климент Охридски“ беше организиран настан под името „Ден без автомобилски чад“. На овој настан учествуваа вработените и учениците од VI-IX одделение. „Целта беше да се промовираат здрави навики но и покрај тоа да се стави акцент на велосипедизмот. Оваа акција е успешна со самиот настан каде што ги наведовме учениците и вработените да ги извадат велосипедите и да ги понесат во училиште, а исто така сметаме дека овој настан ќе биде повод некои ученици кои не знаат да возат велосипед да побараат да научат, а оние кои…

повеќе...

Претседателите на Светската и Европската велосипедска асоцијација во куќата на спортот

Доцна попладнево, во просториите на Агенцијата за млади и спорт, директорот Марјан Спасески оствари средба со висока делегација на меѓународните асоцијации за велосипедизам, предводена од претседателот на Светската велосипедска федерација (УЦИ), Брајан Куксон од Англија и претседателот на Европска велосипедска асоцијација (УЕЦ), Давид Лапартиен од Франција. Повод за средбата е продлабочувањето на соработката меѓу Велосипедската федерација на Македонија, меѓународните велосипедски асоцијации и останатите балкански федерации, кои се гости на Конгресот на Балканската велосипедска федерација, чиј домаќин викендов е Република Македонија. Спасески ги запозна гостите за проектите за развој на македонскиот…

повеќе...

Се уредуваат пешачките и велосипедските патеки

По налог на Локалната Самоуправа, односно Секторот за комунален развој оперативата на ЈП „Градски гробишта“ Охрид започна со уредување на просторот околу кружниот тек кој што се гради на пресекот помеѓу Булевар „Туристичка“ и улица „Стив Наумов“. Екипите на ЈП „Градски гробишта“ ги уредува пешачките и велосипедските патеки.

повеќе...

Викендов во Куратица авантура на велосипеди, џипови, мотокрос и планинарење

Со цел збогатување на културната и рекреативна програма во охридското село Куратица годинава на 5-ти и 6-ти септември Месната задница Куратица во соработка со Здружението за велосипедизам, планинарење и еко-култура „З’ш“, ќе ја организираат најмасовната авантура на велосипеди, џипови, мотокрос и планинарење. Предвидено е дружење и забава за сите учесници, кои ќе се приклучат на турата на над 2000 метри надморска височина. „Целта е дружење и запознавање со убавините на целиот масив до Плакенска планина , како и збогатување на туристичката понуда на Куратица. Трката не е од натрпреварувачки карактер.“– велат…

повеќе...