Промовиран новиот GS1 каталог за брз пристап до матичните податоци за производите

Компаниите и надлежните институции заеднички да креираат регистар на македонските производи по светски стандарди. Тоа ќе овозможи поголема конкурентност, додадена вредност, сигурен пласман на домашниот и странските пазари, промоција, видливост, следливост, заштита на брендот… Ова е пораката од презентацијата на комплетно редизајнираниот GS 1 каталог на која беше потпишан и Меморандум за соработка меѓу Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) и GS 1 Македонија. GS (Глобал стандард) 1 каталогот е алатка која овозможува брз и едноставен пристап до матичните податоци за производите. Моментно брои 2.500 македонски производи на повеќе од…

повеќе...

Новините во означувањето презентирани и пред членките на Стопанската комора

Новите обврски за операторите со храна во однос на информациите поврзани со храната кои произлегуваат од Законот за безбедност на храната и неодамна донесениот Правилник за информациите поврзани со храната беа тема на работилницата за операторите со храна која вчера се одржа со претставници од членките на Стопанската комора на Македонија. На работилницата претставници од Агенцијата ја објаснија европската и националната правна рамка за означување на производите со ставање на акцент на означувањето на одредени категории производи кои се интерес за претставниците на членките на Комората. Објаснети беа основите на…

повеќе...

Македонските граѓани јадат безбедна и здрава храна

Македонија произведува здрава храна и нејзината безбедност е на високо ниво, изјави денеска директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство м-р Зоран Поповски на промотивниот настан во Сити Мол по повод Светскиот ден на храната, 16 Октомври. Како што нагласи тој, на високо ниво е и системот за контрола, а имаме и мониторинг програми кои се усогласени со европските. На безбедноста на храната, според него, многу влијааат и хигиенските навики на потрошувачите. „Хигиенските навики на потрошувачите треба да се на многу високо ниво и треба да се знае дека сите…

повеќе...

Основите на HACCP и новините во означувањето на храната презентирани и пред вработените во СОЗР

Во презентацијата, акцент беше ставен на процесот на контрола на приемот на суровините, одржување на опремата, хигиената и здравствената заштита на вработените во кујните, управувањето со отпад, како и контролата на можна физичка и хемиска контаминација на храната. Во рамки на презентацијата на Водичот за HACCP принципите за операторите со храна особено во угостителската дејност кој Агенцијата го подготви во соработка со Здружението на хотелиери на Македонија – ХОТАМ, истакнато беше дека за да се гарантира безбедност на храната, неопходна е соработка на сите вклучени чинители со системот за безбедност…

повеќе...

Продолжуваат едукативните работилници за интензивирање на имплемнетацијата на HACCP во угостителството

Агенцијата за храна и ветеринарство ги продолжи активностите од Акциониот пан за интензивирање на имплементацијата на HACCP во угостителските објекти со одржување на едукативна работилница за операторите со храна од Кочанскиот регион. Пред повеќе од триесеттина претставници од операторите со храна од угостителскиот сектор, детски градински и училишни кујни од Кочани, берово, Виница и Делчево, презентирани беа основите на HACCP системот во угостителството и претставен беше Водичот за ХАСАП принципите за операторите со храна особено во угостителската дејност кој го подготви Здружението на хотелиери на Македонија – ХОТАМ во соработка…

повеќе...

АХВ дел од хуманитарниот базар за миленици

Со презентација на основите за одговорно сопствеништво, голем број на едукативни материјали за децата и возрасните, Агенцијата за храна и ветеринарство викендов беше дел од хуманитарниот базар за помош на кампањата „Дом за секое милениче“ на здружението „Анима Мунди. Станува збор за настан кој го организираше хуманитарното здружение „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“ на кој беа одржани голем број забавни и едукативни работилници наменети за децата. Во рамки на оваа хуманитарна манифестација се одржаа и модна ревија за миленици, дресура, лотарија, и други настани кои имаа за цел анимирање на…

повеќе...

Свечено отворен „Агрофуд 2015“

Во знакот на промоцијата на органската храна и потенцијалите кои ги има земјава за развој на овој во светски рамки исклучително важен дел од земјоделското производство, на годинашната саемска манифестација за широка потрошувачка „Агрофуд 2015“, во соработка со Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство како покровител на оваа саемска манифестација, во наредниве 4 дена ќе се претставува и Агенцијата за храна и ветеринарство. На оваа јубилејна саемска манифестација која се одржува по 65-ти пат, акцент е ставен на македонската традиционална зимница и на органските производи. На располагање се, потсети тој, финансиски…

повеќе...

Агенцијата за храна и ветеринарство ќе се претстави на „Агрофуд 2015″

Од денес до недела, Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) ќе биде дел од традиционалниот меѓународен саем за широка потрошувачка „Агрофуд 2015″. На оваа манифестација, во првата хала, компаниите од земјоделско – прехранбениот сектор и граѓаните, ќе можат да добијат информации од делокругот на работа на Агенцијата за храна и ветеринарство кои се однесуваат на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните, да дадат предлози за унапредување на соработката како и да постават прашања кои се од нивни интерес.…

повеќе...

Новите правила за означување на храната обврска за операторите со храна од 13-ти ноември

Од 13 ноември операторите на храна ќе треба да се придржуваат до новиот Правилник за информации поврзани со храната, кој Агенцијата за храна и ветеринарство го донесе овој месец и кој целосно е усогласен со одредбите од Законот за безбедност на храната објавен во мај годинава. Правилниког ги дефинира строгите правила за означување на прехранбените производи. Како што истакна на прес конференција М-р Зоран Поповски, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство, со новите правила задолжително ќе треба да биде означено името на производот, нутритивната табела и составот на производот…

повеќе...

Презентирани првичните оценки од контролите на Федералната служба за ветеринарен и фитосанитерен надзор на Руската федерација

Врз основа на неодамна потпишаниот Протокол за соработка на Агенцијата за храна и ветеринарство, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Руската Федерација ја врши првата инспекциска контрола на македонските оператори со храна од животинско потекло кои сакаат да извезуваат на пазарот на Руската федерација. Контролите кои тие ги спроведат се однесуваат на проверка на нивната усогласеност со ветеринарно-санитарните и фитосанитарите барања на законодавството на Евроазијската економска унија и на Руската Федерација.На 23 јули ќе завршат контролите кои ги спроведуваат мешани тимови составени…

повеќе...