АХВ потпиша Меморандум за соработка со Царинската управа на РМ

Директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Зоран Поповски и директорот на Царинска управа на Република Македонија Наташа Радеска Крстевска денес потпишаа Меморандум за соработка. Меморандумот е поттик за интензивирање на взаемната соработка во делот на контрола на храната од животинско и неживотинско потекло и на производите кои доаѓаат во контакт со храната со крајна цел заштита на економските, трговските, фискалните и општествените интереси на Република Македонија. Со овој документ се дефинира соработката меѓу двете институции за спречување на влез на небезбедни пратки со храна или храна за животни, нуспроизводи…

повеќе...

АХВ со засилени вонредни контроли во туристичките центри, рестораните, кафеаните и малопродажбата

При извршена инспекциска контрола во супермаркетите, од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, најдени беа јајца со продолжен рок на траење. Нештетно се уништени околу 6 илјади јајца, на кои, спротивно на одредбите од Законот за безбедност на храната, им бил продолжен рокот на употреба, односно, за истите, место 28 дена, на амбалажата бил испечатен рок на употреба подолг од 30 дена. Станува збор за јајца на кои не им бил истечен рокот на употреба, кои најголемиот дел не биле пласирани на пазарот, односно истите со извршената контрола се…

повеќе...

ОИЕ спроведе контрола на квалитетот на работењето на ветеринарните друштва во РМ

Tим на експерти од Меѓународната организација за здравствена заштита на животните – ОИЕ, во петокот го одржаа завршниот состанок со првите луѓе на Агенцијата за храна и ветеринарство, во рамки на акцијата за оценка на квалитетот на работењето на ветеринарните служби во Република Македонија и нивната усогласеност со меѓународно прифатените стандарди на ОИЕ. Контролата, на барање на Агенцијата за храна и ветеринарство како контакт точка за нашата земја за ОИЕ, се спроведе од 2 до 13 овој месец. Како што беше истакнато на состанокот, контролата на квалитетот на работата на…

повеќе...

Отворен рускиот пазар и за македонските млечни и месни производи

Македонски млечни и месни производи ќе може да се извезуваат на рускиот пазар. За исполнување на барањата за да се реализира извозот, како и за создавање заштитни механизми за злоупотребите со увоз на земјоделски производи во Русија со лажни македонски сертификати, денеска е потпишан Меморандум помеѓу македонските Министерство за земјоделство и Агенцијата за храна и ветеринарство со Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Руската Федерација. Со Меморандумот на техничко ниво треба да се регулираатветеринарните и фитосанитарните услови и барања за домашните оператори за храна кои сакаат да извезуваат…

повеќе...

АХВ за сточарите испечати информативни летоци за превенција на болеста Син јазик

Агенцијата за храна и ветеринарство подготви и испечати информативни летоци за болеста Син јазик, кои ќе им бидат поделени на сточарите со цел навремено преземање на превентивни мерки за заштита од појава на оваа болест, која минатата година нанесе големи штети на сточарите и го десеткува добиточниот фонд. Земајќи го во предвид фактот дека оваа болест се пренесува преку убод на инсекти и вообичаено се јавува во периодот од мај до октомври, Агенцијата за храна и ветеринарство апелира одгледувачите на животни навремено, редовно и правилно да вршат дезинсекција во своите…

повеќе...

Македонија произведува безбедна храна- За дома и за извоз

Воспоставување на нови бизнис партнерства за идна соработка, размена на искуства за производство на храна и презентација на најновите технолошки достигнувања за квалитет и безбедност во производствениот процес се главните цели на „Фестивалот за хигиенски дизајн и храна“ кој од денес до петок се одржува на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид со поддршка на Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за поддршка на претприемништвото во Република Македонија. Како што објасни Владимир Какуринов, извршен директор на Консалтинг и тренинг центар „КЛУЧ“ од Мекедонија – регионална секција на највлијателната европска…

повеќе...

АХВ: Препаратот Health and beauty turmeric capsules extra strenght 125 mg не се продава легално во Македонија

По добиеното известување од Интерпол и објавената тревога во 190 земји, вклучително и во Македонија, дека на пазарот се продава небезбеден диететски Health and Beauty Turmeric capsules Extra Strenght 125 mg ( препарат кој најчесто се продава во облик на прав или касула) и кој содржи 2,4 динитрофенол (DNP), а се користи за намалување на телесната тежина, Агенцијата за храна и ветеринарство по деталната контрола констатираше дека ваков препарат Health and Beauty Turmeric capsules Extra Strenght 125 mg не е ниту одобрен ниту регистриран во Агенцијата за храна и ветеринарство.…

повеќе...

Намалени трошоците за задолжително испитување на Listeria Monocytogenes при увоз на храна

Агенцијата за храна и ветeринарство им излезе во пресрет на операторите со храна и одговори на нивните барања за намалување на трошоците при увоз на храна, поставени во рамки на одржаните „Отворени денови на Агенцијата за храна и ветеринарство” кои се однесуваат на измена на постоечкото решение за задолжително испитување на Listeria monocytogenes. Врз основа на новото решение, кое почна да се применува од 8 овој месец, во насока на намалување на финансиските трошоци на операторите со храна и задржување и одржување на императивот – безбедна храна од увоз, задолжителното…

повеќе...

Агенцијата за храна и ветеринарство го одбележа Светскиот ден на здравјето

Болестите поврзани со консумирање небезбедна храна претставуваат еден од најзначајните актуелни јавни здравствени проблеми на глобално ниво, а мотото на овогодинешниот Светски ден на здравјето е „За безбедна храна, од нива до трпеза”. Според препораките на Светската здравствена организација (СЗО), Светскиот ден на здравјето 2015 е посветен на безбедноста на храната. „Радува фактот дека и оваа година Република Македонија активно се вклучува во кампањата за одбележување на Светскиот ден на здравјето. За нас, но и за сите останати вклучени и одговорни чинители во синџирот на безбедноста на храната, годинашното мото…

повеќе...

На странските пазари извезени околу 140 илјади јагниња

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски во придружба на градоначалникот на Општина Прилеп Маријан Ристески, денес ја посетија реновираната кланица „Гуде смит“ во село Мажучиште. Целта на посетата беше согледување на состојбата со извозот на јагнешко месо на странските пазари. „Од шест кланици во Македонија досега на странските пазари, Италија, Црна Гора, Хрватска, Грција извезени се околу 140 илјади грла јагниња, односно 1,3 милиони килограми јагнешко месо. Бројката на извезено јагнешко месо пред Велигден е така речиси иста како и претходната година“ – истакна директорот Поповски. Месото…

повеќе...