Во јуни/јули оваа година се очекува да започне со изградба новиот експресен пат Кочани – Штип во должина од 26 километри, во вредност од 53,4 милиони евра, најави премиерот задолжен за одржување на изборите Емил Димитриев кој денеска беше во работна посета на кочанскиот регион. Димитриев присуствуваше на пуштањето во употреба на две ново асфалтирани улици „Февруарски поход“ и „13 Македонска бригада“ во кочанската населба Драчевик што претставува дел од проектот за асфалтирање на 10 улици во градот Кочани во вредност од околу еден милион евра кои Општина Кочани ги…
повеќе...Tag: влада
Ставрески: Ќе се гради патот Прилеп-Градско од 33 километри
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески денеска најави дека наскоро ќе почне изградбата на патот Прилеп- Градско, од 33 километри. „За Прилеп, еден од најзначајните проекти ќе биде изградбата на патот од Градско кон Прилеп, кој очекуваме набрзо да почне. Се очекува фирмата изведувач да ја достави банкарската гаранција и потоа ќе почне изградбата на патот. Се работи за 33 километри, нов пат во делот на Дреновска клисура која ќе се избегне,“ рече Ставрески. Патот ќе биде со четири ленти и, како што рече, ќе овозможи ново, инфраструктурно поврзување…
повеќе...Промовирани десет нови наслови на стручни, научни книги и учебници
Десет нови наслови од проектот за „Превод на стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“ беа промовирани денеска во читалната „1.000 книги“ во Скопје. Новите наслови, како што појасни заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, обработуваат теми од економијата, фармацијата, природно математичката област, филозофијата и филологијата, педагогијата, информатичко комуникациските науки и од областа на спортот и физичката култура. Во рамки на овој проект, започнат, во 2009 година,…
повеќе...Нова лабораторија за рано откривање одредени аномалии кај плодот
На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство во Скопје отворена е нова Лабораторија за биохемиска пренатална дијагностика што ќе помогне за рано откривање одредени аномалии кај плодот, како и за правање на сите потребни анализи во текот на целата бременост. Инвестирани се околу девет милиони денари, односно околу 150 илјади евра. Тоа е четврта таква инвестиција од вкупно 52 милиони денари во лаборатории набавени преку Министерството за здравство за оваа клиника. Лабораторијата денеска ја посетија лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со замениците министри за образование и наука Спиро Ристовски…
повеќе...Платена обука на невработени лица за старите занаети
Обука на невработени лица кај занаетчии на стари занаети е новата меркана Владата на РМ која денеска ја најави заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов при посетата Роберт Ценевски занаетчија-лимар во скопското село Стајковци. „Рачно изработените производи, произведени од занаетчиите имаат голема вредност. Тоа се македонски производи што се приоизведени од рацете на овие луѓе кои имаат поголема вредност и познат квалитет,“ истакна Спасов. Информира дека за обуката се обезбедени средства за обучувачите односно за занаетчиите по 30.000 денари од обучено лице. Обуките ќе траат до шест…
повеќе...Четири нови апарати во Клиниката по хируршки болести во Скопје
Универзитетската клиника по хируршки болести „Свети Наум Охридски“ (старата Градска болница во Скопје) доби четири нови апарати и тоа мамограф, ехо апарат, апарат за колоноскопија и гастроскопија и катмограф. Апаратите се ставени во функција, освен мамографот за кој термини за прегледи ќе бидат пуштени од 20 март. Министерот за здравство Никола Тодоров денеска истакна дека мамограф првпат се набавува за оваа здравствена установа иако во неа се изведуваат хируршки интервенции од оваа област. Пациентите биле препраќани за овој преглед во други болници. „Од тие причини сметавме дека е потребно во…
повеќе...Истекува мерката за вработување млади до 29 години, досега вработени над 12 илјади
Заменик-министерот за труд и социјална политика Диме Спасов ја посети чевларската фирма „Тушевски“ во Куманово која ангажира 180 вработени, од кои 57 се млади лица вработени лани и во тековната година. Спасов,заедно со пратеникот Зоран Ѓорѓиевски, преставници од државни институции ја посети фирмата за да се види дали таа користи мерки, колкава е досегашната соработка со кумановскиот центар за вработување, како се реализираат мерките и дали помагаат во проширување на дејноста на фирмата и зголемувањето на бројот на работни места. „Како што не информираше сопственикот, тие се наш долгогодишен партнер…
повеќе...Преку проектот „Домашна визита“ досега посетени 118.684 лица
Во рамки на проектот „Домашна визита“ кој опфаќа превентивни здравствени прегледи со цел зголемување на грижата за постарите и изнемоштени лица и дополнително приближување на здравствената заштита до оваа категорија граѓани, од ноември 2013 година, кога почна неговото спроведување, досега, патронажните тимови во седум последователни бранови посетиле 118.684 лица во нивните домови. Станува збор за eден од поважните проекти во делот на превентивата за вршење превентивни прегледи со цел навремено дијагностицирање болести, како и полесно лекување и излекување на оние на кои ќе им биде дијагностицирано определно заболување. Министерот за…
повеќе...Средба Емил Димитриев – Хојт Брајан Ли
Претседателот на Владата на Република Македонија за спроведување на изборите, Емил Димитриев, денеска оствари средба со Хојт Брајан Ји, заменик помошник на државниот секретар за европски и евроазиски прашања на Соединетите Американски Држави. На средбата беа поздравени билатералните односи помеѓу двете земји кои се базирани на стратешко партнерство и соработка во сите сфери од взаемен интерес. На средбата се разговараше за реформите кои ги спроведува Владата, политичката состојба во земјата, предизвиците во врска со мигрантската криза и интеграцијата на Република Македонија во НАТО и Европската Унија. Двете страни ја истакнаа…
повеќе...Почна изградбата на новата Клиничка болница во Штип
Во Штип денеска е поставен камен темелникот на новата Клиничка болница, инвестиција вредна околу 30 милиони евра и во која здравствени услуги ќе добиваат над 200.000 пациенти. На поставувањето на камен темелникот присуствуваа премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев, министерот за здравство Никола Тодоров, двајцата директори на ФЗОМ, директорот на Бирото за лекови, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, двајцата пратеници во Собранието на РМ Никола Мицевски и Трајче Димков и градоначалникот на Општина Штип Илчо Захариев. Премиерот за спроведување на изборите Димитриев истакна дека му претставува големо задоволство што…
повеќе...