Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски им го честита на граѓаните на Македонија големиот празник, 24 Мај, денот на словенската писменост и култура. „Почитувани сограѓани, Ми претставува особено задоволство во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ да ви го честитам 24 мај – Денот на македонските и сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј. На овој голем празник нашата држава и сите ние се поклонуваме пред ликот и делото на светите браќа Кирил и Методиј, како неизмерно значајни личности од нашата историја и нашето културно, етничко и духовно…
повеќе...Tag: вмро
Мисајловски: Доста е безредие, омраза и наметнати сценарија, избори мора да има
Сите проекти, патишта, инфраструктура… Се ова не може да се оствари доколку немате Влада. Во моментов оваа би ја нарекол хибридна влада, бидејќи министрите од опозицијата се во Владата, кои не потпишуваат документи, не се појавуваат на владини седници, а тоа не е функционирање на еден министер, вели министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски во „Кворум“ на РСМ. Говорејќи за актуелната политичка ситуација вели дека има деструкција, вандализам на улиците, омраза меѓу граѓаните и дека тоа е наметнато и затоа верува дека мора да има избори и да се…
повеќе...Стапката на економскиот раст зависи од разрешувањето на кризата
Оваа година растот на БДП на Македонија ќе зависи со колкава позитива ќе испорача економијата и од разрешувањето на политичката криза. Според пролетната прогноза на Брисел, земјава во 2016 и 2017 ќе забележи економски раст од 3,5 проценти и заедно со Ирска, Романија, Малта и со Полска, и во услови на политички турболенции, земјава ќе го има еден од најдобрите пет резултати во Европа, каде просекот е поставен на 1,8 проценти. Во Извештајот на Европската комисија се вели – „Главни двигатели на растот ќе бидат домашната, јавната потрошувачка и извозот.…
повеќе...Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод големиот Христијански празник – Велигден
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до сите православни христијани во Република Македонија, како и до до Поглаварот на Македонска Православна Црква – Охридска Архиепископија Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан. „Со голема чест и радост во мое лично име и во името на ВМРО-ДПМНЕ, Вам, на членовите на Синодот и на сите православни верници од Македонија и дијаспората, Ви го честитам големиот Христијански празник – Велигден и Ви посакувам мирни и благословени празнични денови. Денот на Христовото воскресение е ден кој…
повеќе...Македонскиот модел на проектот „Од град во село за нов почеток“ споредено со другите држави нуди најмногу бенефиции
Миграцијата село-град е еден глобален феномен со кој се борат многу држави во светот. Сите на различен начин се справуваат, нудејќи различни можности. Но она што се нуди со македонскиот модел на проектот „Од град во село за нов почеток“ кој го најави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, има убедливо најмногу бенефиции и предности. Со моделот се нуди пакет на мерки и бенефиции кои што ќе се состојат од парични средства за купување, изградба на нова, или реконструкција на стара и веќе постоечка куќа на село во износ до 6…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: Дали со ваквите манипулативни текстови се обраќате до нашите вработени?
Во врска со денешното соопштение на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати Општина Охрид, во која стои: „Недозволиво и недопустливо е во јавноста да се изнесуваат паушални, непроверени и единствено политички мотивирани изјави. Дали со денешниот манипулативен текст СДСМ Охрид прави обид да преку замена на тези дека некој друг врши притисок и уцени врз вработените, сака да изврши притисок врз нашата администрација. Отворено Ве прашуваме дали со ваквите манипулативни текстови се обраќате до нашите вработени и при тоа им порачувате „Плашете се само до нас и ако не дојдете…
повеќе...ВМРО-НП нема да учествува на изборите на 5 јуни
ВМРО-Народна партија, чиј лидер е поранешниот премиер Љубчо Георгиевски, објави дека нема да учествува на предвремените парламентарни избори закажани на 5 јуни. Од партијата велат дека нема да приклучат кон ниту една политичка коалиција. „ВМРО-Народна партија беше подготвена да учествува на изборите во согласност со препораките на меѓународната заедница, кои од нас беа безрезервно прифатени. Скандалозната одлука донесена од претседателот Ѓорге Иванов за аболиција на политичари од двете партии, со која се предизвика уште подлабока политичка криза и со тоа го закопа Договорот од Пржино, предизвика жестоки реакции и на…
повеќе...За една година проектот „Македонија вработува“ донесе околу 19.000 вработувања
Проектот „Македонија вработува-се бориме за секое работно место” беше најавен од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во март 2015 на митингот во Битола. Во рок од дваесеттина дена беа направени потребните измени и дополнувања на пакет закони кои беа потребни за стартување на проектот кои беа усвоени од Собранието на Република Македонија. Проектот во истиот месец беше промовиран од вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски и тогашниот министер за труд и социјална политика, Диме Спасов. Заврши проектот кој значително допринесе во намалување на невработеноста во Република Македонија.…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: Изборите ќе се одржат на 5-ти јуни и од тоа нема отстапка
Изборите ќе се одржат на 5 јуни, како што е предвидено со распуштањето на Собранието и вметнато во Уставот и законите. Ова го истакна членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Никола Поповски по денешната средба со лидерите на партиите од Коалицијата за подобра Македонија. Средбата ја оцени како отворена и продуктивна, на која се разговарало за заедничкиот настап на изборите кои претстојат и најави дека програмата се финализира и ќе биде готова и промовирана за неколку дена. Поповски потенцира дека партиите ги охрабруваат сите политички чинители да земат учество во…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: Очајот на СДСМ како се ближат изборите станува се поочигледен
ВМРО-ДПНЕ реагира на објавениот извештај на „Фридом хаус“. „Очајот на СДСМ како се ближат изборите станува се поочигледен. СДСМ ниту има понуда, ниту има програма, ниту пак конкретни мерки и проекти во интерес на граѓаните. Затоа единствениот излез од партијата го гледаат во одработувањето на невладините организации. Тоа покажува колку СДСМ го потценува сопствениот народ и сопствената држава. Граѓаните јасно ги видоа недемократските капацитети на СДСМ. Во последната година видоа како СДСМ ги злоупотребува ресорите на МВР и МТСП за безобразна партизација, како предлага фашистички закони за медиуми, како нејзиниот аболициран…
повеќе...