ВМРО-НП со честитка до граѓаните по повод 102 годишнината од одбележувањето на Охридското востание

ВМРО – Народна партија на сите граѓани на Охрид и Охридско им ја честита 102 годишнината од одбележувањето на Охридското востание. „Овој значаен дел од македонската историја посебно за Охрид во кој востаниците на чело со војводата Петар Чаулев успале да ги протераат српските војски и администрацијата од регионот во Охрид и Струга, не смее никако да биде заборавен. Востанието е исто така значајно што македонските чети го кренале заедно со албанскиот револуционерен округ со кои заедно заробиле неколку српски офицери на овие простори. По десетина дена борба, за жал…

повеќе...

Хуманитарна акција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Охрид „Биди хуман – донирај“

Утре, Унијата на жени на ВМРО – ДПМНЕ – Охрид ќе спроведе хуманитарна акција под мотото „Биди хуман – донирај“. Сите граѓани кои сакаат да донираат чиста облека, обувки, средства за хигиена, употребливи апарати за домаќинство и/или играчки, истите ќе можат да ги достават на штандот кој ќе биде поставен кај Стариот Чинар (фонтаната) од 17 часот.  Собраните средства ќе бидат донирани на многудетни семејства, семејства со социјален ризик, деца без родители и родителска грижа…

повеќе...

УМС на ВМРО-ДПМНЕ донираше прибор за социјално ранливите семејства

На стартот од школската година, Унијата на млади сили на ВМРО–ДПМНЕ од Охрид, донираше училишен прибор, ранци, тетратки, боици, пенкала, на деца од социјално ранливи семејства. Во акцијата беа опфатени повеќе семејства од Охрид и охридско. Целта на ваквата акција е да им се подаде рака на ваквите семејства кога имаат потреба од тоа.

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ Охрид се удави во жив песок!

Во врска со денешното соопштение на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати ОК ВМРО- ДПМНЕ, во која се вели: „СДСМ- Охрид се удави во жив песок! Ни денешното соопштение кое е бледа копија на нивните минатонеделни јавни настапи не може да ја искриви реалната слика дека во Охрид како никогаш досега се гради и инвестира. Минативе две и пол години локалното раководство на ВМРО –ДПМНЕ и градоначалникот Никола Бакрачески иако соочени со стотици правни и финансиски лавиринти и дупки на секој план при реализација на секој проект, успеаја да реализираат…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: Охрид како никогаш досега се гради и разубавува и го враќа некогашниот сјај

Во врска со денешната прес-конференција на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати и ОК на ВМРО-ДПМНЕ, во која стои: „Јавно признание! Портпаролот на СДСМ – Охрид, Александар Кузески денеска на прес конференција јавно призна дека проектите што ги реализира локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ се добри со самото тоа што на новинарско прашање, дали се согласува со предвидениот лик на плоштадот кај музичкото училиште одговори дека доколку плоштадот има намена каква што е предвидено ќе биде добар за охриѓани. Дали преку својот гласноговорник СДСМ- Охрид, денес ги фрли во вода сите…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: „Пустата“ желба на СДСМ да дојде на власт никако да се исполни

Во врска со соопштението на ОО на  СДСМ Охрид, реакција испрати ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, во која се вели: „Пустата“ желба на СДСМ да дојде на власт никако да се исполни. И додека нема ни трага ни глас од нивното в.д партиско претседателче Заев, Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и Премиер Никола Груевски кој на задоволство на народот уште многу години ќе ја води државава, денеска во Охрид стави во употреба значаен инфраструктурен проект што го реализираше локалната власт. За среќа на охриѓани и несреќа на СДСМ, Премиерот Груевски уште многу пати…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: Ветеното го остваруваме

Во врска со денешната прес-конференција на ОО на СДСМ Охрид, реакција испрати и ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид. Во неа стои: „Лицемерие и лаги Какво лицемерие. Томислав Тунтев поранешниот заменик градоначалник на Александар Петрески и актуелен пратеник од СДСМ кој патем си седи дома и ги јаде парите од граѓаните на Република Македонија, денес излегува на прес и го обвинува градоначалникот Бакрачески и ВМРО ДПМНЕ од Охрид за лошо водење на градот. Само да ги потсетиме граѓаните на Охрид и пошироката јавност дека Томислав Тунтев лично учествуваше во носењето одлуки со…

повеќе...

Димовски побара реставрација на Велешкото кале и мостот во Богомила

На денешната седница неменета за пставување на пратенички прашања координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски го отвори прашањето за стариот мост во населеното место Богомила, кој што претставува споменик на културата од 1953 година и е од големо културно значење за Република Македонија. Тој нагласи дека ова е единствениот мост во Богомила кој што се користи за редовен транспорт на луѓе и стока. Поради фрекфентноста над овој мост од тешки товарни и моторни возила постои опаснот овој мост да биде значително оштетен и истиот да предизвика штета од…

повеќе...

Димовски: Лустрираните не беа жртви, туку кодошените

Пратениците во Собранието на Република Македонија денес расправаа за Предлог законот за престанување на важење на Законот за лустрација во прво читање. Во дел од своето образложение на законот од страна на Координаторот на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски истакна дека оние кои што биле затварани, ликвидирани со и без судски пресуди, оние кои што биле под постојан полициски надзор, тепани, следени и пруслушкувани заради идеолошки и политички причини всушност се вистинските жртви, а не оние кои што ги кодошеле за сметка на подобри работни места, финансиска надокнада или…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ со честитка за големиот муслимански празник Рамазан Бајрам

ВМРО-ДПМНЕ на сите верници од муслиманската вероисповест во Република Македонија, етнички Македонци, етнички Албанци, Турци, Роми, Бошњаци и други, им го честита големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. „Празничните денови се моменти на радост, но и моменти на заедништво, солидарност и разбирање, вредности кои се длабоко вкоренети во нашата традиција и нашето битие. Во Македонија со векови сме ги граделе темелите на меѓуетнички и меѓурелигиски соживот, а големите празници како Рамазан Бајрам се моменти кога ваквите темели ги јакнеме и зацврстуваме, бидејќи тие се гарантот за напредокот и благосостојбата во нашето…

повеќе...