Под мотото „Македонија силна!“ вечер со почеток од 20 часот, пред Собранието на Република Македонија владејачката ВМРО-ДПМНЕ и партиите од коалицијата „За подобра Македонија“ ќе одржат голем народен собир. „Со собирот за поддршка на Македонија зад кој стои ВМРО-ДПМНЕ ќе покажеме дека оваа држава има народ со крената кичма и нема да дозволи некој однадвор, со инструмент и полтрон на нечии интереси, да ја руши државата, да руши легитимно избрана власт и да спроведува други сценарија“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски во интервју пред два дена. На…
повеќе...Tag: вмро
Коневски: Граѓаните на Скопје масовно и одлучно да се приклучат на големиот митинг
„Во име на сите градоначалници од Скопје, денес присутни на овој прес, сакам да упатам апел и да ги повикам граѓаните на Скопје утре, во понеделник, во 20 часот пред Собранието на Република Македонија, масовно и одлучно да се приклучат на големиот митинг за поддршка на стабилна и силна Македонија.“ – рече на денешната прес-конференција градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски. Собирот во понеделник ќе упати неколку јасни пораки, Македонија е нашата татковина која заслужува стабилност, просперитет и подобра економска иднина. Овој собир ќе даде јасно до знаење дека само…
повеќе...Средношколците со поддршка за големиот граѓански собир во понеделник
Средношколската унија на Македонија дава отворена поддршка на големиот собир на граѓани кој ќе се одржи на 18 мај под мотото Македонија силна. „Средношкослката унија на Македонија како репрезентативен претставник на средношколците и активен партнер на институциите во повеќе суштински процеси целосно ги поддржува целите и функциите на овој голем народен собир“, велат од Унијата. Младите и средношколците застанувааат рамо до рамо со граѓаните и народот на Република Македонија и даваат поддршка на определбите за стабилна, силна и сигурна иднина на државата и сите нејзини граѓани. „Средношколците се спротивставуваат на…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев да си поднесе оставка од сите политички функции
Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров денес одржа прес-конференција на која истакна: „Зоран Заев е фатен жив. Цела македонска јавност вчера имаше можност да погледне едно видео објавено на youtube на кое јасно се гледа како Градоначалникот на Струмица, палејки цигара, директно, ладнокрвно и без задршка бара 200 000 евра мито за работа која по закон мора да ја заврши. На видеото кое можевме да го видиме на youtube, Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев, бара 100 000 евра за него, преку брат му Вице Заев и 100 000 евра…
повеќе...Откажан народниот собир во Велес
Поради актуелната безбедносна ситуација во Куманово, Големиот народен собир што беше најавен за недела 10.05.2015 во Велес е откажан. ВМРО-ДПМНЕ упатува апел до сите граѓани на Р. Македонија без разлика на нивната етничка, верска или партиска определба на воздржаност и смиреност и во дејствувањето и во примањето на било какви шпекулации или информација.
повеќе...Утре народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Велес
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со големите народни собири низ цела Македонија. Утре, недела ќе се оддржи нов голем народен собир, овој пат во Велес. Народниот собир е закажан за 13 часот во спортската сала на ООУ „Блаже Коневски“. Јавноста ќе има можност да ги чуе позициите на партијата за повеќе актуелни теми и предизвици, повторно ќе бидат испратени јасни пораки, за она што се залага и за она што го планира ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период. На собирот ќе се обратат повеќе личности меѓу кои и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Никола Груевски.
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните да не подлегнуваат на притисоците, лагите и манипулациите на СДСМ
ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид испрати соопштение, во кое се вели: „Општинскиот комитет на ВМРО–ДПМНЕ Охрид, според кажувањата на граѓаните во Охрид, остро реагира на притисоците кои што СДСМ Охрид ги врши врз граѓаните, кои што ги тераат да излезат на протести, на кој што протести ги принудуваат да ги носат и своите деца. Манипулацијата со децата за политички цели е законски недозволена. СДСМ во своето политичко делување го достигнува дното и без да води сметка за иднината на сопствените деца ги манипулира за нивните политички цели. Иако нема никаков основ…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ усвои конгресна повелба со стратешки цели на функционирање
Конгресна повелба која ги оцртува контурите на идните движења на партијата бeше усвоена во рамки на 15. Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ, што се одржа во Куманово. Најголемо внимание во повелбата се посветува на економијата, привлекувањето на странските инвестиции и поддршка на домашната економија преку развојот на малите и средни претпријатија. Се наведува дека развојот на економијата останува еден од врвните приоритети на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи создавањето висок и одржлив раст е основниот начин за зголемување на вработеноста и за подобрување на животниот стандард на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ, како што се посочува, и натаму…
повеќе...Груевски реизбран за претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Никола Груевски е реизбран на претседателската функција во партијата која ќе ја предводи и во следните четири години. Груевски го доби четвртиот четиригодишен мандат во кој ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ со 528 гласа „за“. Како што беше соопштено, од 560 делегати, гласале 529 на 15. конгрес на ВМРО-ДПМНЕ кој се одржува во Куманово. 528 гласале „за“, а едно ливче било неважечко.
повеќе...Груевски: Деветте изборни победи на ВМРО-ДПМНЕ израз на довербата од мнозинството граѓани
ВМРО-ДПМНЕ е партија која во последните 10 години освои девет изборни победи, во кои доби убедливата поддршка на мнозинството граѓани без ниту еден пораз, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер Никола Груевски во обраќањето на 15.Конгрес на партијата кој се одржува во Куманово. Тој додаде дека организациската и техничка инфраструктура на партијата е сериозно зајакната вклучувајќи го и новиот објект на Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. „Бројот на членови нарасна на над 165.000, како никогаш во историјата на партијата. Во периодот од претходниот до овој конгрес 2011-2015, прокниживме…
повеќе...