Прекин во водоснабдувањето на ул „Ариф Мустафа“

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека денес поради дефект кој настана во утринските часови ќе има прекин во водоснабдувањето на ул.„Ариф Мустафа“ до 12:00 часот. Екипите на МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид се на терен и работат на санација на дефектот.

повеќе...

Нова водоводна линија на улицата „Будва“

За подобрување на водоснабдувањето, МЈП „Проаква“ – Работна единица „Водовод“ од Охрид, во соработка со Локалната самоуправа, започна со изведба на првата фаза од новата водоводна линија на улицата „Будва“.Новата водоводна линија ќе биде со должина од 220 метри и профил на цевките од ф-110мм. Екипите на РЕ „Водовод“ денеска работат на санација на дефекти во селото Велгошти и на улицата „Сатеска“, а на улицата „Аџи Мустафа“ се изведува главен приклучок за новата водоводна линија.

повеќе...

Прекин во водоснабдувањето на ул.„Славеј Планина“ и дел од „Партизанска“

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека денес поради интервенција на водоводна линија на ул.„Партизанска“, ќе има прекин во водоснабдувањето на ул.„Славеј Планина“ и дел од ул.„Патизанска“ во период од 09.30ч.до 13.00ч.

повеќе...

СДСМ: Проаква остана без струја, а охриѓани и стружани во 21 век без вода за пиење

ОО на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои: „Денеска охриѓани и стружани го доживеаа најголемиот апсурд и срам, да живеат покрај вода, а да немаат вода за пиење. Граѓаните од Охрид и Струга денеска останаа без вода за пиење поради долгови на меѓуопштинското водоснабдително претпријатие Проаква. Проаква остана без струја, а охриѓани и стружани во 21 век без вода за пиење. Единствен виновник за оваа катастрофална состојба е лошото, недомаќинско менаџирање на кадрите на ВМРО-ДПМНЕ. Токму сегашниот директор на Проаква, Паскалоски е човекот кој го заглави до…

повеќе...

Прекин во водоснабдувањето на ул. „Партизански одреди“

Од МЈП„Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид, информираат дека денес поради интервенција на водоводна линија ќе има прекин во водоснабдувањето на ул.„Партизански одреди“ (бараки) во период од 08:30 до 13:00 ч.

повеќе...

„Водовод“ Охрид: Задоволни сме од програмата за електронска наплата на сметки

Од РЕ Водовод Охрид изразуваат задоволство од програмата за електронска наплата на сметките на домаќинствата преку www.evodovod-ohrid.com.mk изработена од Ентер ДОО Охрид и во соработка со Тутунска банка која започна во мај 2016. Оттаму велат дека бројот на корисници постојано се зголемува. На овој начин се врши: – Пратење на современите трендови за електронско плаќање, – заштеда на време на корисниците на услугите на РЕ Водовод – Охрид, – избегнување на шалтери по банки, пошти, наплатни центри, – придонес во унапредување на екологијата, укажувајќи дека се опфатни целните групи, не само…

повеќе...

Вработени во охридските јавни претпријатија на помош за настраданите во Скопје

Она што градоначалникот Никола Бакрачески го вети пред јавноста во однос на финансиска, кадровска и техничка поддршка за надминување на последиците од невремето кое минативе денови ја погоди Македонија и скопскиот регион се исполнува. Групата од 40 вработени од охридските јавните претпријатија, „Нискоградба“, „Водовод“, „Градски Гробишта“, „Градски пазар“ и „Охридски комуналец“, којашто ја формира градоначалникот Бакрачески активно се вклучи во санирање на штетите од невремето. Охриѓани на терен максимално ќе бидат вклучени се додека има потреба од тоа. Изминатиов период Градоначалникот Бакрачески беше во постојана координација и контакти со претставници…

повеќе...

ЈПК „Дебрца“ воведе рестрикции за користење вода во Оровник, Подмоље и Горенци

Поради зголемената потрошувачка на вода, Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ апелира до корисниците да не се злоупотребува водата, освен за неопходните потреби. Од ЈПК „Дебрца“ истакнуваат дека се принудени да воведат рестрикции за следните денови во следните населени места: 01.08.2016 (понеделник) вода нема да има во населените места Оровник и Подмоље; 02.08.2016 (вторник) вода нема да има во населеното место Горенци; 03.08.2016 (среда) вода нема да има во населените места Оровник и Подмоље; 04.08.2016 (четврток) вода нема да има во населеното место Горенци; 05.08.2016 (петок) вода нема да има…

повеќе...

Поради дефект прекин во водоснабдувањето на ул.„15ти Корпус“

Од МЈП „Проаква“, РЕ „Водовод“ – Охрид информираат дека денес во раните утрински часови настана дефект на водоводна линија ф 160мм на ул.„15-ти Корпус“, поради што ќе има прекин во водоснабдувањето на истата. Екипите на МЈП „Проаква“, РЕ „Водовод“ – Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот.

повеќе...

Прекин со водоснабдувањето во Подмоље, Оровник и Горенци

ЈП за комунална дејност Дебрца ги информира жителите на населените места Подмоље, Оровник и Горенци дека денес и утре од 14 часот до 18 часот ќе има прекин во снабдувањето со вода порди недостаток на вода и големта потрошувачка и Честите дефеци на главната мрежа како последица на изградба на автопатот. ЈПК Дебрца апелира до жителите на истите населени места на совесно и рационално користење на водата за пиење.

повеќе...