Утре прекин во водоснабдувањето на дел од „Туристичка“

Поради изведба на нова водоводна линија, утре во период од 08.30 до 13.30ч. без вода ќе останат жителите кои живеат на дел од бул.„Туристичка“ и тоа од пресекот со ул.„Јане Сандански“ до пресекот со ул.„Даме Груев“ . Новата водоводна линија се изведува во рамки на градежните активности за изградба на кружниот тек на пресекот на „Туристичка“ и „Јане Сандански“.

повеќе...

Прекин во водоснабдувањето на „Даме Груев“ и дел од „Туристичка“

Од МЈП„Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека денес поради преприклучувања кон новата водоводна линија ќе има прекин во водоснабдувањето на ул.„Даме Груев“ и дел од „Туристичка“ во период од 10.00 до 13.00ч. Екипите на МЈП „Проаква“ се на терен и работат на отстранување на дефектот.

повеќе...

Прекин во водоснабдувањето на „Радојца Новичиќ“ и „Прилепска“

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека денес поради дефект на водоводна линија ќе има прекин во водоснабдувањето на ул.„Радојца Новичиќ“ и ул.„Прилепска“ во период од 09.00 до 12.00ч. Екипите на МЈП „Проаква“ се на терен и работат на отстранување на дефектот.

повеќе...

Прекин на водоснабдувањето на неколку улици во Охрид

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ информираат дека денес поради дефект на главна водоводна линија ф 160 мм на ул. „Стив Наумов“ во непосредна близина на ОУ „Братство Единство“, ќе има прекин во водоснабдувањето на улиците „Стив Наумов“, „Пере Тошев“, „Петар Поп Арсов“, дел од улицата „Абас Емин“ и дел од улицата „Крали Марко“, од овој момент па се до отстранување на дефектот. Екипите на МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот.

повеќе...

Проаква: Заштитете ги водомерите од мрзнење

Како последица на ниските температури постои можност за настанување на разни дефекти на водомерните броила поради што потребно е истите да се заштитат, велат од ЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид. Заштитата се врши се обвивање на водомерот со изолационен покров или покривање на шахтата со изолационен материјал (тервол, стиропор и сл.) Оттаму додават дека сопствениците на станови и куќи во кои не живеат постојано потребно е да го затворат вентилот пред водомерното броило и да ја испуштат водата од славините со што би се спречило пукање на цевки и слични…

повеќе...

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици во Охрид

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека денес поради поправка на главниот уличен шибер ќе има прекин на водоснабдувањето во период од 09.00ч до 13.00ч. на улиците: Димитар Влахов, Клименот Универзитет, Цар Самоил, Самоилова, Коста Абраш, Пеар Чаулев, дел од Илинденска, дел од Гоце Делчев и дек од Македонски Просветители. Екипите на МЈП „Проаква“ – Охрид се на терен и работат.

повеќе...

Прекин во водоснабдувањето на неколку улици во градот

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека поради настанат дефект на водоводна линија ф 125мм, кај кружниот тек на Ул. 15-ти Корпус и Железничка, од моментов па се до отстранување на дефектот ќе има прекин во водоснабдувањето на улиците: „15-ти Корпус“, „Радојца Новичиќ“, „Живко Чинго“ и „Ристо Чадо“ како и на дел од улиците „7-ми Ноември“, „Питу Гули“ и „Железничка“.

повеќе...

Извештаи од анализа на водата во Охрид

Организираното водоснабдување на град Охрид и околните села кои се под надлежност на „Водовод“ Охрид подлежи на секојдневни анализи на водата од страна на „Водовод“ Охрид и Општинскиот Центар за јавно здравје. Ова се последните извештаи од случајно избраните примероци за анализа од водоснабдителниот систем:

повеќе...

Во понеделник прекин на водоснабдувањето на неколку улици низ градот

Од МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид информираат дека поради интервенција на водоводна линија, во понеделник ќе има прекин на водоснабдувањето на улиците „Партизанска“, „Спас Банџов“, дел од „Јане Сандански“ и дел од „Кеј Македонија“ во период од 08:00 до 14:00 часот.

повеќе...

Пуштена во употреба реконструираната водоводна линија на ул „Сатеска“

МЈП „Проаква“ РЕ „Водовод“ Охрид денес ја пушти во употреба реконструираната водоводна линија на улицата „Сатеска“. Со реконструкцијата беа поставени нови полиетиленски цевки со профил Ф 63 мм во должина од 80 м. На оваа водоводна линија ќе се врши преприклучување на околните индивидуални објекти.

повеќе...