Какво време не очекува во јануари

Многу студено и променливо време не очекува оваа недела во која завршува една, а започнува друга година. Според временската прогноза на accuweather.com, од утре до четврток не очекува многу студено време со мининална температура од -18 и максимална до -6 степени. Во петок ќе биде за нијанса потопло со минимална од -11 и макимална од -4 степени. Првиот викенд од новата година минималната тепература ќе биде -7, односно -8, а максималната 4 односно 0 степени. Овие два дена ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од снег. Вака изгледа табелата…

повеќе...

Охрид има капацитет да се справи со последиците од снежното невреме

Надлежните служби од општина Охрид непрекинато 24 часа се на терен и успешно се справуваат со снежното невреме кое го зафати градов и неговата околина. Во расчистувањето на градов се вклучени 14 работни машини и 3 камиони од кои два со нож за ринење на снег и еден за ризла. Јавните претпријатија „Комуналец“, „Водовод“, „Градски гробишта“ , „Ниско градба“ како и градежните фирми „Победа – Ботун“, „Марково Долче“ и „Нефи ИК„ се вклучени во расчистувањето на градов од снегот. Две работни машини се ангажирани за расчистување на селото „Долно Лакочереј“ ,…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески активно вклучен во решавање на проблемите од невремето

Охрид успешно се справува со снежното невреме. Од вчеравечер и денес непрекинато се работи на расчистување на снегот од сите јавни површини во Охрид и неговата околина. Охридскиот градоначалник Никола Бакрачески од синоќа до утрово активно учествуваше во расчистување на последиците од невремето кое го зафати охридскиот регион и цела Македонија. Синоќа по налог на градоначалникот Бакрачески беше свикан кризниот штаб и беа мобилизирани сите надлежни служби, јавните претпријатија и противпожарната единица кои веднаш со своја механизација активно ги расчистуваат градските и приградски патишта. Сите градски улици од синоќа се…

повеќе...

Снегот предизвика помали проблеми во Охрид

Синоќешното силно снежно невреме што го зафати Охрид и скоро цела Македонија предизика помали проблеми во Охрид.  Поради влажноста на снегот и тежината на некои места испокршени се гранки и дрвја. Снегот во Охрид создаде покривка со дебелина од 20 сантиметри. WebOhrid

повеќе...

Снежно невреме го очекува Балканот

Метеоролошките служби во регионот предупредуваат дека за време на викендот силно снежно невреме ќе го зафати целото балканско подрачје. Возачите на моторни возила се предурпедуваат да не тргнуваат на пат без итна потреба, јави Танјуг. Во Хрватска, Црна Гора и Србија метеоролошките служби предупредуваат дека намалувањето на температурите е само вовед за снежното невреме што за време на викендот и последните денови од годинта ќе го зафатат целиот регион. Во Црна Гора снежни врнежи има во околината на Цетиње, поради што на патиштата е задолжително поседување на зимска опрема, а…

повеќе...

Конечно падна…снегот!

По најавата од Управата за хидрометеоролошки работи дека од денес нашето подрачје ќе потпадне под влијание на студена воздушна маса, при што ќе има значителна промена на времето со нагло опаѓање на температурата, вечерва Охрид го покри снежна покривка. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта, а во утре претпладне врнежи ќе има уште само на исток од земјава. Од недела до вторник следува период на студено време со повремен снег. Утринската темпаратура ќе биде претежно во интевалал од -7 до 0, а дневната ќе се движи од -5 до 2 степени.…

повеќе...

Врнежи од снег на Попова Шапка, Маврово, Стража и Крушево

Сообраќајот на останатите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози. Снежни врнежи има на Кула, Плетвар, Буково, Пресека како и во Маврово, Крушево, Кичево, Тетово, Крива Паланка, Попова Шапки и Павлешенци, но без проблеми во одвивањето на сообраќајот.

повеќе...

Од први јануари 2015 даночните одделенија на УЈП со ново работно време до 18 часот

Од 1 јануари 2015 година, сите даночни одделенија на УЈП (Прилеп, Охрид, Гостивар, Кичево, Струмица, Куманово, Велес и Гевгелија) ќе работат со продолжено работно време до 18 часот во работните денови и до 14 часот во сабота. Поради совпаѓање на работното време на голем дел од физичките и правните лица со работното време на УЈП, странките често немаат можност во текот на предвиденото работно време да ги завршат своите обврски. Од тие причини, го продолжуваме работното време на шалтерите на УЈП со што нашите услуги ќе бидат подостапни за граѓаните…

повеќе...

Следува период на студено време со повремен снег

Од Управа за хидрометеоролошки работи известуваат дека утре попладне нашето подрачје ќе потпадне под влијание на студена воздушна маса која брзо ќе се спушта од север со умерен повремено засилен северен ветер, при што ќе има значителна промена на времето со нагло опаѓање на температурата. Врнежите од дожд и снег ќе започнат од запад и северозапад и кон крајот на денот на повеќето пониски места, ќе преминуваат во снег и ќе се формира тенка снежна покривка. На планините врнежите ќе бидат само од снег. Врнежите ќе продолжат и преку ноќта,…

повеќе...

Следува заладување, од недела -9 степени

Заладување и спуштање на температурата до минус девет степени се очекува за викендот. Намалување ќе има и на дневната температура при што максимумот ќе биде четири степени, а се најавуваат и врнежи од снег на пониските места. Топол ден со температура до 16 степени ќе имаме уште утре. Од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија најавуваат дека од петок попладне и вечерта се очекува продор на студена воздушна маса проследен со умерен до засилен северен ветер, нагло опаѓање на температурата и врнежи кои на повеќето пониски места ќе преминуваат…

повеќе...