Од недела врнежи од дожд и снег

Од недела врнежи од дожд и снег. Како што најавуваат од УХМР, во недела не очекува облачно време со врнежи од дожд, кои на места се очекува да бидат пообилни, а на повисоките планини во западна Македонија ќе има и врнежи од снег. Инаку, до петок се очекува да преовладува релативно топло и стабилно време, по одделни котлини со слаба утринска магла. Во сабота ќе дува умерен до засилен југозападен ветер, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд. Извор: Нет Прес

повеќе...

Вечерва започнува зимското сметање на времето

Вечерва, во три часот по полноќ стрелките на часовникот треба да се вратат еден час наназад, со што и официјално почнува зимското сметање на времето. Денот ќе трае пократко, ќе почне да се стемнува во 16:30. Зимското сметање на времето почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд на март.

повеќе...

На Бистра снег, на Шапка само дожд

Според последните информации од метеоролошките станици низ земјава, во северозападниот планински дел, на местата повисоки од 1100 м.н.в. има повремени врнежи од снег со слаб до умерен ннтензитет, јавува УХМР. Порталот skimacedonia.mk, пишува дека денес на Бистра снегот се појави дури до долната граница на ски центарот Маврово што е на околу 1.250 метри, наспроти тоа на Шапка сеуште дождот владее иако е сместена на 1.800 метри. Извор: Нет Прес

повеќе...

Утре дожд и снег

Врнежи од дожд и над 50 литри на метар квадратен на одредени места и повремен снег на највисоките планински врвови, најавува за утре Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Врнежите од дожд утре ќе започнат од раните утрински часови во јужните и западните делови. Во претпладневните часови ќе се прошират насекаде и претежно ќе бидат со умерен интензитет, што ќе придонесе вкупната количина на наврнат воден талог на места да биде над 50 литри на метар квадратен. Не е исклучено на највисоките планински врвови да има и повремен снег. Ќе дува…

повеќе...

Зимски температури и снег кон крајот на ноември

Македонија од утре ќе биде под влијание на влажна воздушна маса. Ни следат дождливи денови и благ пад на температурата, меѓутоа поголемо заладување и прв снег метеоролозите најавуваат дури за крајот на месец ноември. Долгорочните прогнози велат дека токму кон крајот на идниот месец ќе се јават првите услови за провејување на снег во котлините – поточно снег е најавен за 26-ти ноември. Сепак треба да се има предвид дека станува збор за долгорочна прогноза која не може да даде прецизни предвидувања. На фотографијата е прикажана временската прогноза за месец…

повеќе...

Следната недела започнува зимското сметање на времето

Во недела, 25-ти октомври завршува летното и почнува зимското сметање на времето. Во сабота кон недела, во три часот по полноќ стрелките на часовникот треба да се вратат еден час наназад, со што и официјално почнува зимското мерење на времето. За спанковците тоа е добра вест, бидејќи ќе има еден час повеќе за спиење. За оние кои сакаат активен живот, тоа баш и не е добра вест, бидејќи ќе почне да се стемнува во 16:30, а денот ќе има еден час помалку.

повеќе...

Циклонот Давид ќе направи потоп низ Македонија

Подрачјето на Македонија од денес па се крајот на продолжениот викенд ќе биде зафатен од моќен циклон кој доаѓа од Медитеранот, пишува метерологот Славчо Попоски. Името на овој циклон е Давид. Овој циклон ќе ни донесе обилни врнежи од дожд над целата територија на Македонија. Ќе има и локална појава на грмежи. Особено обилни врнежи ќе имаме за време на викендот што доаѓа. За време на овој циклон на некои места се очекува да наврне огромна количина воден талог (над 80 литри на квадратни метри). Повремено ќе дува силен ветер…

повеќе...

Облачно, врнежливо и свежо време за престојниот продолжен викенд

Облачно, врнежливо и свежо време не очекува за престојниот продолжен викенд. Како што најавуваат од УХМР, денес нашето подрачје е под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот која претпладнево условува претежно облачно време со слаб локален дожд. Во текот на денот врнежите ќе се прошират насекаде, локално ќе се интензивираат и ќе бидат проследени со ретки грмежи. Пообилни врнежи ќе има во вечерните и ноќните часови кога на места ќе наврнат над 30л/м2, особено во јужните и источните делови. Утре претежно облачно со повремени врнежи од дожд…

повеќе...

Вечерва не очекуваат поројни дождови

Денес ќе имаме сончево време со мала до умерена облачност, а вечерва не очекуваат поројни дождови. Исто така можна е појава на грмежи и засилен ветер. Локално се очекуваат поинтензивни процеси со обилен пороен дожд и можна појава на град. Утринската температура ќе се движи од 11 до 18, а дневната од 22 до 27 степени. УВ индексот ќе има вредност 5.

повеќе...

Од денес календарски започнува есента

Календарски од денес на северната Земјина полутопка започнува есента.  Новото годишно време ќе започне точно во 10 часот и 21 минута. Во исто време за жителите од јужната Земјина полутопка започнува пролетта. Денот ќе трае 12 часа и 12 минути. Метеоролозите за првиот есенски ден најавуваат променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне се очекуваат врнежи од дожд, особено во источните и јужните делови на Македонија, со температура која ќе достигне максимални 28 степени. Есента ќе трае до 22-ри декември во 05 часот и 48 секунди кога календарски ќе почне зимата.

повеќе...