Капетанот управува и поздравува капетански дури и на копно

Летото е најкреативниот период, иако повеќето луѓе се на одмор. Децата уживаат безгрижно и се најсреќни во близина на родителите, особено крај татковците и нивните вештини во возењето. Објективот на WebOhrid го затекна капетанот на Охридската капетанија Горан Устијаноски како ужива со своите мали капетанчиња, возејќи крај каналот Студенчишта на неговата руска машинерија од минатиот век, поточно моделот ДНЕПР К-650 од времето на СССР. WebOhrid

повеќе...

Многу прашања за нашата иднина лежат одговорени во нашето минато – интервју со Никола Митровиќ

МНОГУ ПРАШАЊА ЗА НАШАТА ИДНИНА ЛЕЖАТ ОДГОВОРЕНИ ВО НАШЕТО МИНАТО (Интервју: М-р Никола Митровиќ, историчар, инспектор во Државниот архив – Охрид) Историјата е најнеисцрпната и најконтроверзната наука преку која историските евидентичари (најчесто победниците) ги запишувале настаните од нивното стојалиште, а уште повеќе водени од нивниот интерес. Државниот архив во Охрид е една физички не многу привлечна зграда, но како јавна установа е полна со историски документи и друга архивска граѓа од која свои мотиви за поинакво, пореално и поверодостојно толкување на историјата гледаат денешните македонски историчари. Овој запис, ова интервју…

повеќе...

Реми за Турново и Тетекс во првите дуели од УЕФА Европа Лигата

Тетекс едвај успеа да ремизира на домашен терен 1:1 против Пјуник претставникот од Ереван, Ерменија. Стрелец за гостите во 81 минута беше Ајвазјан, додека пак Исени во 90 минута изедначи и го спаси Тетекс од пораз. Другиот наш претставник во УЕФА Европа Лигата, екипата на Турново, за малку не успеа да се врати со победа од гостувањето против Судува во Литванија. Иако први во водство дојдоа домаќините уште во 23 минута преку Петар Басиќ, Турново успеа да изедначи во 30 минута преку Зоран Балдовалиев, а веќе во 45 минута преку пенал,…

повеќе...

Македонија падна на 92 место на ФИФА рејтинг листата

Поразите на Македонија од Шведска и Норвешка во пријателските натпревари резултираа со пад на рејтингот на нашата репрезентација од -14 места. Македонската репрезентација се најде дури на 92 место на најновата ФИФА рејтинг листа. Од нашата група А, во квалификациите за „Светското првенство Бразил 2014“, Хрватска со пад од -4 места е на 8-то место, Белгија со скок од +2 се најде на 10-то место, Србија со пад од -5 се најде на 41-то место, Велс со пад од -1 се најде на 46-то место, а Шкотска со скок од +24…

повеќе...

Нелегално ја поминал државната граница и вршел незаконит риболов

На 03.07.2013 година во 05:10 часот од страна на УПС од ПС за ГН „Охридско Езеро“, при вршење патролна дејност долж водената граница на Охридското езеро, бил затекнат пловен објект „Томос 4“ управуван од А.Д.(65) од Р.Албанија, кој нелегално ја поминал државната граница и вршел незаконит риболов. Од страна на УПС, со потврда за привремено одземени предмети одземени се пловниот објект, две дрвени весла, едно кепче, една пластична канта за гориво и 21 жила со по 6 блинкери.

повеќе...

Супер Месечина на небото над Охрид

Синоќа на небото над Охрид можеше да се забележи несекојдневниот феномен, таканаречен Супер Месечина, навидум многу поголема полна Месечина отколку што е вообичаено. Кога патувањето на Месечината е најблиску до Земјата, а притоа се поклопува и полна Месечина, се добива феноменот Супер Месечина. Месечината се најде на најблиска точка од својата орбита до Земјата на оддалеченост од 356.991 километри, што ни изгледа 14% поголема и 30% посјајна. Експертите тврдат дека и покрај некои верувања за природни катастрофи поврзани со Супер Месечината, нема причина за никаква загриженост, бидејќи станува збор само за природен астрономски…

повеќе...

И тоалетната хартија на сушење

Лето, туристи, викендаши… Невообичаено полни станови, згради и куќи, а на терасите се суши дури и тоалетна хартија. Можеби звучи како виц, но да не навлегуваме во тоа, кој, каде, како и зошто… Во овој случај, тоалетната хартија чиста и неупотребена е ставена на сушење. WebOhrid

повеќе...

Ех да сум птица, или подобро не !?

Многумина би рекле „Ех да сум птица“. Но дали е така?! Кога ќе поминете на улицата „Даме Груев“ и кога ќе ја видите оваа слика, сигурно ќе се согласите дека и на птиците не им е лесно. WebOhrid

повеќе...

И желките засегнати од состојбата со паркинзите во градот

Оспорен, раскинат или пак Договор во процес на раскинување. Тоа воопшто не им е важно на возачите. Секој гледа да најде сигурно место за паркирање, а секако по можност и бесплатно. Со оглед на тоа дека се наплаќа на паркинзите во централното градско подрачје возачите избегнувајќи ги овие места, најчесто паркираат на поранешниот полигон, односно сега познат како „паркингот кај Европа“. Деновиве објективот на WebOhrid регистрираше една желка која очигледно е засегната од состојбата со паркинзите во градот. WebOhrid

повеќе...

Колумна: екс®Т(ЕР)ремНО

Помина денот Д и следните три дена екстерно тестирање, после многуте турбуленции и превирања, како по печатените така и по електронските медиуми. Голем број забелешки од страна на родителите и просветните работници, а од другата страна објаснувања и смирувања на состојбите дека тестовите се всушност чиста рутина и нема да се некој поголем проблем за учениците. Но дали е навистина така? Всушност на текстов ме наведе мојата 5 годишна ќеркичка со прашањето што е тоа екстерно тестирање. И велам како да ти објаснам кога ни мене не ми е најјасно. Дел…

повеќе...