Замаглено огледало на улицата „Св.Кирил и Методиј“

Пред да се искачите или пак на слегување од „Горна Порта“ тука е незгоднот свијок на улицата „Св.Кирил и Методиј“ каде што е потребно исклучително внимавање при разминувањето на возилата. Токму за таа цел е поставено и сообраќајното огледало, но по се изгледа дека тоа не е од корист во овие ладни утра. Имено, поради временските услови, ниската температура и влажноста на воздухот, ова огледало секое утро е замаглено. WebOhrid

повеќе...

Гласајте за WebOhrid за најдобар сајт за 2015 година

WebOhrid и оваа година учествува во трката за избор на најдобар веб сајт во Македонија. Гласањето за најдобар сајт за 2015 година започна oд 24-ти ноември и ќе трае до 9-ти декември. WebOhrid e номиниран во три категории, и тоа: Најдобар сајт за 2015 година, Најдобар дизајн и Најдобар сајт за вести и информации. Вашата поддршка може да ни ја дадете на следниот  → линк ←. Најдобрите веб сајтови за 2015 ќе се прогласат на 14-ти декември 2015 година во холот на Македонска опера и балет во Скопје. Сајт на годината е манифестација…

повеќе...

Невестинско оро ја блокира улицата „Мирче Ацев“

Најмногу свадби во Охрид се прават кога времето е најжешко, односно среде лето. Речиси и да нема хотел во Охрид во кој нема закажана свадба за време на викендите од мај па се до октомври. Оваа денешна свадба, поточно невестинското оро, за момент го блокира сообраќајот на улицата „Мирче Ацев“. Нека е со среќа! WebOhrid

повеќе...

Велосипед на плин или плин на велосипед!?

Сме слушнале за „Супер Бабичка“, но очигледно постои и „Супер Дедо“! Во неговата длабока старост, овој наш сограѓанин вози велосипед на кој има плинска боца која е простум поставена и се разбира добро врзана. Сигурно е лесно човек да се симне со велосипед до бензиските пумпи со празна боца, но за враќање со полна плинска боца, и тоа на угорницата кон Велгошти… е тоа е кондиција! WebOhrid

повеќе...

Робот го чува дворот на „Македонски шуми“

Робот кој ѕирка од тревата! Оваа необична глетка може да се забележи поминувајќи покрај дворот од ЈП „Македонски шуми“ ПШС „Галичица“ на улицата „15-ти Корпус“. Станува збор за парче старо железо кое така оставено многу наликува на робот кој ѕирка од тревата. WebOhrid

повеќе...

Розов дожд на охридскиот плоштад

Денешниот ветер кој ги „вознемири“ јапонските цреши од плоштадот до пристаништето во Охрид, направи розов „дожд“ од цветови кој претставува вистински феномен. Нашите сограѓани, но и бројните туристи, поминувајќи покрај овие дрвја направија фотографии за спомен од ова романтично попладне во Охрид.  WebOhrid

повеќе...

Престројување во последен миг

Многу често се случува да се премислиме во последен миг и да се престроиме од една во друга коловозна лента и тоа токму на семафор. Во овој случај, на семафорот кај Охридска банка во Охрид, еден автомобил од Тирана се престрои од една во друга коловозна лента притоа блокирајќи ги и двете. Ваквите ситуации биле и ќе бидат чести, особено во летниот период кога во Охрид се очекуваат многубројни гости од земјава и од соседството кои доаѓаат со свој автомобил. WebOhrid

повеќе...

Словенски камп-приколки го „нападнаа“ Охрид

Убавото време во текот на овие празнични денови го користат сите, и граѓаните и туристите. Нашата екипа наиде на група туристи од Словенија, кои со своите камп-приколки го посетија Охрид. Популарните „Кампервани“ за момент беа паркирани на Градскиот плоштад во Охрид, од каде ја продолжија нивната обиколка, разгледувајќи ги убавините на охридско-струшкиот регион и Македонија. WebOhrid

повеќе...

Заштитени гуми

Временските услови и тоа како влијаат врз гумите на возилата. Со оглед на тоа што нема гаража, поаѓајќи од изреката: „Добра гума глава чува!“, сопственикот на ова Југо се решил на ваков начин да ги заштити гумите. WebOhrid

повеќе...

Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

По повод големиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден, редакцијата на WebOhrid упатува честитки до сите православни христијани, со желба за многу здравје, среќа, љубов, успех, благостојба и спокој во секој дом. Нека ни е честит големиот христијански празник Христово Воскресение- ВЕЛИГДЕН и За многу години. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ ! НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ! WebOhrid

повеќе...