Народен собир на членовите на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид

Вечерва во Охрид пред општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се одржа народен собир на членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Целта на собирот е да се покаже политичката сила на ВМРО-ДПМНЕ, како и да се укаже дека секогаш треба да се почитува волјата на народот и националниот интерес на Македонија.  „Се собравме во масовен број членови на ВМРО-ДПМНЕ да го крениме гласот и да кажеме дека веќе ова вака не може, дека ние веќе како граѓани на нашата држава Република Македонија нема да дозволиме разнебитувње, двојазичност, федарализација и други тајни работи кои ги прави СДСМ…

повеќе...

Hello Travel Ohrid – превоз на патници

Hello Travel Охрид врши превоз на патници во земјава и странство со квалитетни и удобни возила 6+1, 8+1, 20+1, патници и минибуси до 21 патник. Hello Travel Охрид исто така врши превоз на патници во организирани екскурзии, интернационални аеродроми, семинари, свадби, after work party, како и врши превоз според Вашите потреби. Тел: 078 910 442 hellotravel.oh@gmail.com www.facebook.com/hellotravel.oh

повеќе...

Кои се желбите на охридските пратеници во Новата 2017 година?!

Последните денови од старата година ги користиме за да се потсетиме на годината што изминува, но и да си посакаме уште поубави желби во Новата година која ни претстои.  Какви се предновогодишните размислувања и кои се желбите на четворицата пратеници од Охрид, Жаклина Лазаревска и Томислав Тунтев од СДСМ, Љубен Арнаудов и Сашо Василевски од ВМРО-ДПМНЕ, дознаваме од одговорите на следните прашања кои им ги поставивме: По што ќе ја паметите годината која измина? Што очекувате, кои се вашите желби во Новата 2017 година? Вашата порака до граѓаните на Охрид и…

повеќе...

Терасите – привремен магацин за пелети

Терасите речиси и да не се користат толку многу во текот на зимските месеци. Па според тоа, нашите сограѓани ги преадаптираат во магацини за складирање на пелети, брикети, па дури и дрва. Таков е и овој случај кој што го регистрира нашиот објектив. Освен вратата која е слободна за спростирање алишта, останатиот дел од терасата е затрупан со пелети. WebOhrid

повеќе...

Рено Рудолф низ охридските улици

Охрид се украсува, празничната атмосфера од ден на ден се чувствува се повеќе и повеќе. Покрај вообичаените новогодишни украси, по охридските улици можеме да забележиме и еден невообичаено украсен автомобил. Еден наш сограѓанин се решил да го украси својот автомобил, па со тоа од Рено 4 направил Рено Рудолф. WebOhrid

повеќе...

WebOhrid е номиниран во три категории за „Сајт на годината 2016“

WebOhrid и оваа година учествува во трката за избор на најдобар веб сајт во Македонија. Гласањето за најдобар сајт за 2016 година започна oд 24-ти ноември и ќе трае до 9-ти декември. WebOhrid e номиниран во три категории, и тоа: Најдобар сајт за 2016 година, Најдобар дизајн и Најдобар сајт за вести и информации. Најдобрите веб сајтови за 2016 ќе се прогласат на 14-ти декември 2016 година во холот на Македонска опера и балет во Скопје. Mанифестацијата „Сајт на Годината“ во организација на Media Solutions и системот за онлајн реклами…

повеќе...

Не е лесно да си продавач/ка

Во денешно време ниту една работа не е лесна, а камоли работа како продавач, и тоа во бутик. Луѓе влегуваат-излегуваат, гледаат, прашуваат, растуриваат, па заминуваат. Сето тоа мора да го средат продавач/ките кои најчесто се осигурани на скратено работно време, а работаат скоро и по цел ден. Во таква ситуација не помага, ниту кафето, водата, весникот, дури ни цигарите кои дополнително „убиваат“. За среќа, тука е аналгинот! WebOhrid

повеќе...

Нови бандери – идеални за огласи

Тукушто поставени бандери низ Охрид, а граѓаните веќе „ги ставија“ во употреба. На една од нив осамна оглас: „ПРОДАВАМ – ВНАТРШНИ ВРАТИ-И-ПРОZОРИ телефон-070 ххх-ххх“ Според изгледот и квалитетот на дрвената табла, тешко дека некој ќе биде заинтересиран да се јави на овој оглас. WebOhrid

повеќе...

Додевски: Извидници ќе ја спасуваат ДЗС (Дирекција за Заштита и Спасување)

Деновиве во охридските портали, имавме прилика да прочитаме дека: “Осумнаесет учесници од девет балкански држави (Македонија, Србија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Албанија, Словенија и Турција) беа дел од тренинг семинарот за преживување и спасување во природа, што го организираше Сојузот на извидници на Македонија во соработка со Дирекцијата за заштита и спасување на РМ, а со поддршка на Иницијативата за подготвеност за катастрофи и превенција на југоисточна Европа.”, како и тоа дека: “Учесниците преку интерактивни работилници имаа можност да споделат искуства и знаење од областа на трагање,…

повеќе...