Омега Експрес е компанија за превоз на патници во земјава и странство. Исто така врши превоз на патници во организирани екскурзии како во Македонија така и во странство. Компанијата постои повеќе од 10 години, и е една од најдобрите превозни копании во Македонија кои поседуваат сопствени високо квалитетни и удобни возила кои ви овозможуваат удобно патување. 075 / 45 38 39 078 / 45 38 39 omegaekspres@yahoo.com http://omegaexpress.weebly.com
повеќе...Tag: вебохрид
Поставени реквизити за најмладите
Од први јули, на потегот помеѓу хотелот Палас и Студентскиот дом „Никола Карев“, поставени се различни детски реквизити. Најмладите во Охрид летово можат да се забавуваат со овие детски реквизити, кои навистина претставуваат атракција, а за нив и голема радост. Детските реквизити ќе бидат во нашиот град до крајот на месец август. WebOhrid
повеќе...Се продава куќа или…!?!
Охрид, Охрид, убав мил, отсекогаш рај бил, особено во летните месеци кога доаѓаат туристи од сите краеви на светот. Период кога буквално сè е достапно за изнајмување, а зошто да не и за продажба!? Во овој случај се продава куќа веднаш до црквата „Св.Никола“ во „долна Влашка маала“. Сигурно секој би се запрашал што се продава, куќата или локацијата. Едно е сигурно – локацијата е атрактивна. WebOhrid
повеќе...Медиумска (не)писменост
Сигурно не се чудите и нема да се чудите ако прави грешки некое порталче или медиумче во нашава „голема“ Македонија. Но, дали е тоа нормално за голем (национален) медиум!? Конечно се воспостави бродската линија Охрид-Поградец! Значи да потенцираме ПОГРАДЕЦ, без Д кое го имаат Подгорица или Подгорци, Подгор и.т.н. Утре во Поградец ќе се одбележи Денот на Охридското Езеро, и… погодете што! Сите си најавуваат дека Денот ќе се одбележи во Подградец. Јасно е дека голем дел од новинарството во Македонија работи на принципот copy-paste, па сега… ако згреши еден, односно…
повеќе...Само Рајот може да има толку многу рајски птици
Пауните, често наречени рајски птици, претставуваат симбол на Св.Наум. Иако, според некои кажувања, пауните биле донесени на овој простор пред век и половина, тие изгледаат како отсекогаш да живееле овде, од самиот почеток, кога Бог го создал овој Рај. Ги има насекаде: во парковите, на дрвјата, на кровот од манастирот, а често и пред самата порта од овој храм, што претставува вистинска атракција за посетителите на ова свето место. WebOhrid
повеќе...Христос воскресе, навистина воскресе!
По повод големиот христијански празник Воскресението Христово – Велигден, редакцијата на WebOhrid упатува честитки до сите православни христијани, со желба за многу здравје, среќа, љубов, успех, благостојба и спокој во секој дом. Нека ни е честит големиот христијански празник Христово Воскресение- ВЕЛИГДЕН и За многу години. ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ ! НАВИСТИНА ВОСКРЕСЕ! WebOhrid
повеќе...Писмо: Радиодифузна или радиоконфузна такса!?
Денес ми стигна „честитка“ – сметка за радиодифузна такса за месец јануари 2014, со рок за плаќање до 15 февруари 2014. На сметката јасно се гледа дека печатот за испраќање е „удрен“ на 20 февруари, значи цели 5 дена покасно од предвидениот рок за плаќање. И убаво си пишува дека на износот што нема да се плати во пропишаниот рок се пресметува и наплатува камата во висина од 0,03% за секој ден задоцнување. Ова ми звучи како намерно задоцнување, да се доцни што е можно повеќе денови, за каматата да…
повеќе...Да се биде советник во општина Охрид претставува голема чест, меѓутоа и огромна одговорност – Интервју со Климе Шешоски
Интервју со Климе Шешоски, советник во охридскиот Совет. WebOhrid: Кога човек ги набљудува активностите на Локалната самоуправа за Охрид во изминатава година, неодминлив лик на фотографиите од настаните е г.Климе Шешоски, еден од најзабележителните советници во Охридскиот Совет. Тоа значи дека сте дел од потесниот круг на соработници во кои верува градоначалникот?! Која е улогата на Климе Шешоски во Советот на град Охрид? Кои се, конкретно, Вашите задачи во тимот ?! Шешоски: Да се биде советник во општина Охрид претставува голема чест меѓутоа и огромна одговорност. Посебно за да се биде дел од…
повеќе...Писмо од професор Мулиќ од БиХ до градоначалникот на општина Охрид Бакрачески
Професор Сулејман Мулиќ од БиХ, до редакцијата на WebOhrid испрати допис во коj стои: Почитуван господин градоначалник, Со години патуваме на разни дестинации ширум светот, но кога во јули 2013 година, од Тузла, БиХ, дојдовме во Охрид и го откривме хотелот „Ривиера“, нашите патувања се сведоа овде, во Вашиот, но и наш град Охрид. Од јули до декември 2013 година дојдовме пет пати, секој пат поминувавме околу 1800 километри, од Тузла до Охрид и од Охрид до Тузла. Она што нас постојано не привлекува во хотел „Ривиера“ првенствено се прекрасните, љубезни…
повеќе...Празнична песничка
Ете бидна Бадник, Божик, на сите Бог нек ни поможит. По нив идет Стара Нова, шо да прајш, да славиш морат. За Водици крст се фрлат, скокет луѓе во мраз вода. Дупнат чорап, нозе камен, ракивче на стомак гладен. Крстот ќе дојт пак во Варош, ќе не пцует цел народ. Ај кј и да е ќе дојт и лето, ете ти го и Скопјето. А до тогаш зима пуста, имат дури и магла густа. Кајче веслам, со весла мафтам, е не, низ чаршија ќе се пафтам. Кј да одам, морам…
повеќе...