Тодоров: За три години вработени се 2000 луѓе во здравството

Министерот за здравство Никола Тодоров, на Сител 3 истакна дека најголемата критика за „Мој термин“ е дека немало термини, а всушност термин нема ако има помал број на доктори од потребното. „Тоа е резултат на невработување на доктори со години наназад, непуштање на доктори на специјализација, како и одливот од јавно во приватно здравство. Сега имаме обратна ситуација, 170 специјалисти се вратија во јавното здравство. Ние изминативе 3 години вработивме 2000 луѓе во здравството. Сега вработуваме 180 лица во Итна медицинска помош“, рече Тодоров. Сепак, тој потенцира дека доктор што…

повеќе...

Успешно изведени првите интервенции во новиот Центар за спинална хирургија

Осумгодишно девојче со сколиоза и сериозен деформитет на ‘рбетниот столб успешно е оперирано во новоформираниот Центар за спинална хирургија, кој функционира во рамки на Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) во Скопје. Оваа прва ваква сложена интервенција во Македонија, како и уште четири интервенции ги изврши реномираниот ортопед-трауматолог од Истанбулскиот универзитет Уфук Талу заедно со македонски хирурзи од ТОАРИЛУЦ. По тој повод, министерот за здравство Никола Тодоров го посети Центарот за спинална хирургија и изјави дека во Центарот досега инвестирале околу 40…

повеќе...

Тодоров: Опфатот на вакцинацијата 96 отсто, предвидена вакцина и за стрептокока

Вакцинацијата генерално се одвива одлично, а од 2018 година е предвидено и вакцина за стрептококата да влезе во генералниот календар, истакна министерот за здравство Никола Тодоров на синоќешната отворена владина седница. „Таа е честа бактерија која што е позната за пошироката јавност, посебно на оние кои што имаат деца во градинки и училишта. Веројатно имаме десет пати поголема количина од претходно што сме набавувале. Предвидена е таа во 2018 година да влезе во генерален календар и затоа сега постепено ги зголемуваме количините. Има многу видови стрептокока – шест, седум, девет,…

повеќе...

Тодоров: Државната кардиохирургија комплетно готова до средината на јануари

До средината на јануари комплетно ќе биде готов просторот на Државната кардиохирургија со две операциски сали, интензивна нега и постинтензивна нега, најави министерот за здравство Никола Тодоров. На отворената владина седница, која траеше до раните утрински часови, Тодоров информираше дека е екипиран кадарот, а од средината на март како ментори во Државната кардиохирургија ќе дојдат кардиолози од Цирих. „Овој проект го започнавме некаде на почетокот од оваа година со основањето на Државна кардиохирургија. Тоа е проект којшто е повеќе децении најавуван, почнуван, но не успеал да се реализира. Сега работата…

повеќе...

Догодина 1.000 лекари ќе се обучуваат во најреномирани странски болници

Во текот на наредната година околу 1.000 нови лекари и друг медицински персонал од Македонија ќе бидат испратени на обука во најреномирани болници во странство. Од нив околу 800 се лекари, а останатите техничари и помал број медицински сестри. „Само за јануари годинава се планира 100 нови лекари и медицински персонал да заминат на обука. Планираме таа динамика да се задржи до крајот на годината за да се реализира програмата. Се трудиме што поголем број од нив да заминат во високо развиените медицински центри. Годинава 29 доктори беа медицинскиот центар…

повеќе...

За реконструкција на болници и набавка на опрема 210 милиони денари

За реконструкција на Битолската и Прилепската болница и изградба на нов Ургентен центар во Кумановската болница, како и за набавка на опрема, Владата ќе инвестира 210 милиони денари, информира министерот за здравство Никола Тодоров на отворената владина седница. „Практично со оваа информација денеска почнуваме со имплементација со носење одлука за повеќегодишна набавка за распишување најпрво на проекти за реконструкција во Прилеп, реконструкција во Битола, изградба на нов ургентен центар во Куманово и распипување тендери за набавка на шест мамографи и опрема за Св. Наум Охридски, односно старата Градска болница во…

повеќе...

ЈЗУ со термини за прием на пациенти кои сакаат да упатат поплаки и предлози

Од почетокот на месецов директорите на сите јавни здравствени установи од секундарно и терциерно ниво воведоа термини за прием на пациенти/странки кои сакаат да упатат поплака, сугестија или пофалба за работењето на установата, а тоа може да го сторат во директна комуникација со директорот на установата или главната сестра. Ова денеска на прес-конференција го истакна ресорниот министер Никола Тодоров, кој рече дека причината што ги задолжиле директорите на сите ЈЗУ да воведат приемни термини е поради тоа што поголем дел од пациентите кои упатувале поплаки до Министерството за здравство посочувале…

повеќе...

Едукација на матични лекари 2014 / 2015

Почитувани, согласно Законот за медицинските студии и континуираното стручно усовршување на докторите на медицина („Службен весник на Република Македонија“ бр.16/13 и 39/14), започнуваат едукациите за избрани лекари организирани од Министерството за здравство. Присуството е задолжително. За повеќе информации датумот, местото и времето на одржување на едукациите погледнете го РАСПОРЕДОТ. а. РАСПОРЕД (ЛИНК) – АЖУРИРАН (17.12.2014) б. Групи Пункт Битола – Ажуриран список  Пункт Велес – Ажуриран список Пункт Гостивар – Ажуриран список Пункт Кочани – НОВ Ажуриран список Пункт Куманово – Ажуриран список Пункт Охрид – Ажуриран список Пункт Прилеп…

повеќе...

Од идниот месец бесплатни часови по пливање за деца со Даунов синдром

Идниот месец ќе почне реализацијата на пилот-проектот за промоција на физичка активност и развивање на спортски вештини по пливање кај деца со Даунов синдром. Проектот е дел од Програмата за јавно здравје на Министерството за здравство за 2015 година. Активностите ќе се реализираат преку Заводот за физикална медицина и рехабилитација-Скопје, со организирање часови по пливање кои ќе бидат бесплатни за тие деца. Ова на прес-конференција го истакна министерот за здравство Никола Тодоров, кој рече дека целта на пилот-проектот е подобрување на психофизичка состојба на децата со Даунов синдром, како и…

повеќе...

Пациентите и докторите во ноември повеќе го почитувале закажаниот термин за преглед

Бројот на пациенти кои изминатиот месец не дошле на закажаниот термин и истиот не го откажале е за 42 отсто намален во однос на претходниот месец, покажала анализата на податоците од системот МојТермин. Во септември кога почна анализата на податоците од системот, бројот на докторите кои доцнеа на првиот закажан термин за преглед изнесуваше 162, во октомври тој број се намали на 32, а во ноември е сериозно намален во споредба со претходните месеци и изнесува 24 доктори. Само кај двајца доктори (еден од Градската општа болница „8 Септември“ и…

повеќе...