Од утре почнува процесот на исполнување на критериумите за акредитација и стандардизација на јавните здравствени установи во Македонија. За таа цел денеска на сите директори на јавните здравствени установи од секундарно и терциерно ниво им беа дадени укажувања односно сет мерки кои треба да ги преземат во зададени рокови за да ги исполнат стандардите за акредитација. Министерството за здравство континуирано ќе доставува укажувања и примери за добра пракса, кои ќе послужат како соодветен пример за конкретни стандарди. Целта е да се овозможи стандардизирано ниво на квалитет на здравствените услуги во…
повеќе...Tag: здравство
Годишна работилница на ФЗОМ со Здружение на приватни лекари на Македонија
Личниот влог, посветеноста и поддршката кој приватните лекари ја имаат во директорката на ФЗОМ, Маја Парнарџиева-Змејкова е причината зошто др.спец. Лилија Чолакова Дервишова, претседателот на Здружението на приватни лекари на Македонија и додели благодарница на директорката на ФЗОМ за несебична поддршка и соработка на Здружението на приватни лекари на Македонија. Фактот дека во Фондот за здравствено осигурување на Македонија приватните лекарии имаат партнер за соработка, влијае на подобрување и на состојбите во здравството, но е и од директна користа и за пациентите и за самите лекари. Ваквото признание за успешна соработка не е резултат само на една личност, туку на целиот мој тим во ФЗОМ. Парнарџиева-Змејкова се заблагодари на…
повеќе...Донаторите на органи и крв доживотно ослободени од партиципација за лекување
Лекарите кои вршат трансплантации и персоналот кој им помага при истите ќе имаат посебен додаток од две празнични дневници, истакна премиерот Груевски при гостувањето во Дневник 2 на МРТ1. „Тие ќе имаат посебен додаток и лекарите и персоналот. Лекарите, донаторите на органи и ткива, како и донаторите на крв ќе бидат доживотно ослободени од партиципација при лекување“, истакна тој. Доколку некој лекар во помала средина врши за него посложена дијагноза или интервенција, во иднина ќе треба тоа да го прави во консултација со специјалист. Ќе мора да изврши консултација со…
повеќе...Завршна информација за состојбата на грипот во земјава
Во текот на 20-тата недела од 2014 година (од 12.05.2014 – 18.05.2014 година), во Република Македонија пријавени се 32 лица заболени од грип/заболувања слични на грип, во однос на 11 заболени лица во истата недела во претходната сезона на грип и 3 заболени лица просечно, во последните 10 години. Во сезоната 2013/2014, заклучно со 20-тата недела/2014, вкупниот број на заболени од грип во републиката изнесува 29.074, а морбидитетот на 10.000 е МБ=141,5. Во споредба со истиот период минатата година, постои зголемување на вкупниот број на пријавени случаи за 16%, а…
повеќе...Министерот Тодоров во работна посета на здравствени установи во Солун
Министерот за здравство Никола Тодоров, денеска престојува во работна посета на повеќе реномирани здравствени установи во Солун – Република Грција, меѓу кои и општите приватни болници Сент Лук и Еуромедика – Кијанос Ставрос. Како што соопшти Министерството за здравство, целта на посетата е спроведување на Програмата за доедукација на македонски здравствени работници во Република Грција, разгледување на можностите за ангажирање грчки лекари во насока на воведување иновативни методи во здравствениот систем во Република Македонија, како и анализирање на опциите за евентуален ангажман на здравствени промотори. Воедно, во рамки на посетата,…
повеќе...Вкупниот број на заболени од грип во републиката во сезоната 2013/2014 изнесува 29.042
Во текот на 19-тата недела од 2014 година (од 05.05.2014 – 11.05.2014 година), во Република Македонија пријавени се 29 лица заболени од грип, што е намалувaње од 56,7% во однос на минатата недела, а зголемување од 3,6% во споредба со бројот на заболени во 19-тата недела минатата сезона. Во однос на просечниот број на заболени за оваа иста недела во изминатиот 10-годишен период, бројот на пријавени случаи е поголем за 2,4 пати. Во сезоната 2013/2014, заклучно со 19-тата недела/2014, вкупниот број на заболени од грип во републиката изнесува 29.042 (МБ…
повеќе...Нови 70 специјализации за доктори од јавното здравство
Нови 70 специјализации во угледни клиники во странство се обезбедени за доктори од јавните здравствени установи во Република Македонија по општа медицина, како и специјализанти, информира на денешната прес-конференција министерот за здравство Никола Тодоров. „Со имплементацијата на овој проект, ги продолжуваме континуираните заложби за зајакнување и унапредување на стручниот кадар во здравствените установи, како и подигнување на квалитетот на знаење и стручни вештини на докторите, особено од аспект на совладување на нови методи за кои досега пациентите беа испраќани во странство. На овој начин, ја пополнуваме празнината, која е настаната…
повеќе...Бесплатни здравствени потврди за упис во градинка и училиште
Потврдите за примени вакцини и превентивна стоматологија за упис на децата во предучилишни и училишни установи, родителите може да ги обезбедат бесплатно во здравствениот дом во место на живеење. Министерството за здравство ги информира дека потврдата за вакцинален статус ја издава службата за имунизација во здравствениот дом, а потврдата за забен статус ја издава службата за детска превентивна стоматологија. „Напоменуваме дека потврдите се бесплатни и ги издава исклучиво докторот, кој врши вакцинација во службите за имунизација, односно службата за превентивна стоматологија и тие не треба да се издаваат од матичните…
повеќе...Најавените проекти во здравството продолжуваат со реализација
Mинистерот за здравство Никола Тодоров денеска во придружба на градоначалникот Арсенчо Алесковски денеска го посети Здравствениот дом „Професор д-р Димитар Арсов“ во Крива Паланка. Тодоров нагласи дека интензивно се работи на темелна реконструкција и адаптација на сутеренски простор на бруто 500 метри квадратни на Здравствениот дом во Крива Паланка, во кои ќе бидат сместени ургентен центар, амбуланти, лабораторија, перална и стерилизација, тоалети и гардороби за персонал. „Овој простор целосно ќе се реконструира со замена на подови, плафони, ѕидни облоги, прозори, врати, целокупна инсталација запазувајќи ги европските стандарди за енергетска ефикасност.…
повеќе...На Детска хирургија извршени уште 14 кардиохирушки интервенции кај деца
Нова серија од 14 неонатални кардиохируршки интервенции (10 на отворено срце, четири изведени како интервентна кардиологија, а една – комбинација од интервентна кардиологија и операција на отворено срце) кај деца со сериозни срцеви проблеми се извршени од 21 април досега на Клиниката за детска хирургија, каде по шести пат престојува тим детски кардиохирурзи од САД. Попладнево ќе биде извршена уште една, 15. по ред интервенција во рамки на овој престој на тимот од САД. Од минатата година досега околу 70 неонатални кардиохируршки интервенции се извршени на Клиниката за детска хирургија.…
повеќе...