Груевски: Oткупот и продажбата на земјоделски производи зголемени за 63,6 отсто

Премиерот Никола Груевски оцени дека зголемениот обем на откуп и продажба на земјоделски производи покажува оти вложувањето во земјоделството дава резултати. „Oткупот и продажбата на земјоделски производи во септември годинава во однос на истиот месец лани се зголемени за 63,6 отсто, само кај индивидуалните производители зголемувањето е 143 отсто“, – истакна премиерот Груевски. Земјоделците, како што рече, инвестираат во поголемо и поквалитетно производство што, пак, им овозможува од остварениот профит да вложуваат во механизација, нови површини и сите други активности кои придонесуваат за зголемување на производството.

повеќе...

Искористување на можностите на ИПАРД програмата 2007-2013 за 2013 година

Секторот за ТЛЕР при Општина Охрид и канцеларијата за административни работи и стручна поддршка на развојот на земјоделието, објавија информација во врска со годишните активности и резултати по објавениот јавен повик 1/2013 за користење на средства од Европската Унија во ИПАРД програмата во мерките: 1. Мерка 101 – Инвестиции за земјоделските стопанства зо преструктуирање и надградба до стандардите на Европската унија 2. Мерка 103 – Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски производи со нивно преструктуирање и надградба за достигнување на стандардите на Европската Унија 3. Мерка 302 – Диверзификација…

повеќе...

Коњановски: До август годинава од извоз на мед остварени 600 илјади евра

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски денеска во Битола ја отвори традиционалната манифестација „Денови на македонското пчеларство“ со апел да се конзумира квалитетниот македонски мед. Според евиденцијата на Министерството, во Македонија има околу 4.400 пчеларници со повеќе од 183 илјади пчелни семејства кои заклучно со август годинава обезбедиле 600 илјади евра од извоз на мед. „Продолжува поддршката на Владата за производителите кои имаат над 35 пчелни семејства, а следната година за поддршка на македонските пчелари во буџетот се планирани околу два милиони евра. Исто така, од ИПАРД-програмата може…

повеќе...

Охриѓани се запознаваа со европските можности за македонско земјоделство

Во рамки на проектот „Европски можности за македонското земјоделство“, денес во просториите на Секторот за Туризам и Локален Економски Развој се спроведе обука на охридските земјоделци, претседатели на Месните Заедници  и други чинители  за користење на средства  од инструментот за пред пристапна помош за рурален развој на Европската Унија (ИПАРД) за периодот  2007-2013 година. Пред присутните се презентираа практични примери на ИПАРД апликација со пополнување на барање  за користење на средствата. Меѓу другото, на денешната средба надлежните ги информираа присутните  дека врз основа на проектот  Општинско – корисна работа со…

повеќе...

Министерот Димовски се сретна со претставници од Светска банка и Европа Ре

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски одржа состанок со претставници од Светската банка и од специјализираната компанија за реосигурување ризици од катастрофа Европа Ре. Целта на состанокот, во рамки на Проектот за развој на осигурителен пазар од катастрофални ризици (SEEC CRIF), во кој се вклучени Македонија, Србија и Албанија, е да се добијат дополнителни информации за македонскиот осигурителен пазар и да се зајакне соработката со релевантните институции за нормално одвивање на натамошните проектни активности. Претставниците од Светска банка, соопшти по состанокот Министерството за земјоделство, го информираа министерот Димовски…

повеќе...

Министерот Димовски на 13-та „Валандовска Ракијада“

Мајсторите за варење ракија од валандовски регион по 13 – ти  пат ги покажаа своите вештини во подготовка на традиционалната домашна ракија. 40 натпреварувачи поделени во 20 екипи со исто толку казани си ги одмерија силите и се потрудија да го покажат најдоброто. Велат печењето не е тешко, но неможе секој да го работи. За добрата ракија најважен бил квалитетот на грзојето, но имало и мали тајни кои мајсторите никогаш не ги откриваат до крај. „Тајната не треба да се открие, ама нешто ќе откриеме. Ракијата се прави 90% од…

повеќе...

Коњановски: Вкупно 19.800 барања за легализација на земјоделската механизација

Вкупно 14 милиони евра субвенции се доделени последните четири години на производители во Свети Николе и Лозово. Од овој регион произлезе и идејата за легализација на земјоделската механизација, рече заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски. По посетата на општина Свети Николе, Коњановски нагласи дека во земјава за нешто повеќе од една година се доставени 19.800 барања за легализација на тракторите.  „Земјоделците биле во право кога побарале од нас сериозно да размислиме за легализација на земјоделската механизација. Тоа важеше една година во законот, имаше важност до 30 септември,…

повеќе...

Годинава 135 милиони евра земјоделски субвенции, догодина 140 милиони

Субвенционирање, можност за откуп на државното земјиште дадено под концесија, поддршка за формирање задруги е дел од помошта што Владата им ја дава на земјоделците. Една од најголемите поддршки во земјоделството, според премиерот Никола Груевски, се субвенциите, кои годинава изнесуваат 135 милиони евра, а нивната исплата оцени дека оди добро. „Тоа е рекорд во историјата на Република Македонија. Никогаш ниту приближно немало вакво нешто. Во времето на нашиот политички конкурент СДСМ, речиси и немаше субвенции до последната година кога принудно овозможија пет милиони евра за тутунарите. Велам принудно затоа што…

повеќе...

Зголемен откупот и продажбата на земјоделски производи за над 57%

 Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на вкупниот откуп и продажбата на земјоделски производи во август 2013 година изнесува 1 089 688 илјади денари што претставува зголемување за 57.7% во споредба со август 2012 година.  Вредноста на откупените земјоделски производи од индивидуалните земјоделски производители е зголемена за 34.4%, а продажбата од сопственото производство на претпријатијата е зголемена за 69.4%.  Зголемување на вредноста на откупените и продадените земјоделски производи се забележува кај житата, овошјето и грозјето, млекото и рибата, а намалување се забележува кај индустриските, градинарските и фуражните растенија,…

повеќе...

Формиран комитетот за земјоделство во рамките на меѓувладината македонско – руска комисија

Во функција на исполнување на подготвеноста за одржување на дијалогот на високо ниво помеѓу министерствата за земјоделство на Република Македонија и Руската Федерација, денес во Москва министрите Љупчо Димовски и Николај Фјодоров одржаа средба во пресрет на меѓувладината македонско – руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка. На разговорите беа разгледани прашањата за унапредување на соработката во делот на зголемување на извоз на овошје и зеленчук на рускиот пазар, како и на обемот на руските инвестиции во капацитети за откуп и преработка на овошје и зеленчук. Посебен акцент се стави…

повеќе...