Ракометарките на Вардар СЦБТ втора година по ред се победници на Купот на Македонија во женска конкуренција. Вардар СЦБТ повторно за противник го имаше Металург, кој беше достоен противник само во првото полувреме. Разликата во квалитет беше очигледен, но и младите ракометарки на Металург покажаа борбеност и мотивираност до крај да му парираат на ривалот. На крајот Вардар СЦБТ забележа победа со резултат 34-16.
повеќе...Tag: жени
Младинките ги добија противниците за ЕП во ракомет
Младите ракометарки на Македонија до 19 години го добија ривалите од групната фаза на ЕП што летово ќе се одржува во Валенсија, Шпанија. Ние ќе играме во групата Б, и доколку минеме понатаму ќе вкрстуваме со ривалите од група А. Најдобрите две репрезентации од секоја група ќе продолжат во главната фаза, а другите ќе разигруваат за пласман од 9 до 16 место. ГРУПА А: Данска, Хрватска, Црна Гора, Србија ГРУПА Б: Русија, МАКЕДОНИЈА, Германија, Литванија ГРУПА Ц: Шведска, Романија, Унгарија, Франција ГРУПА Д: Португалија, Норвешка, Шпанија, Белорусија
повеќе...Охрид добитник на специјалната награда за млади готварски таленти
Факултетот за туризам и угостителство и Женскиот центар „Бисера“, поддржани од Општина Охрид, ја освоија специјалната награда за млади готварски таленти -спој на традиционално и модерно, на натпреварот за најубава македонска традиционална трпеза што минатиов викенд се одржа во Битола. Целта на случувањето беше промоција на македонските традиционални вредности. Тричлената жири комисија составена од лиценцираните судии, Љупчо Гиевски, Миле Неделковски и Марк Де Јонг, одлучија токму Охрид да ја понесе наградата за трпеза којашто претставуваше спој на традиционалната охридска трпеза со модерно послужување. Дел од учесниците на натпреварот, носеа традиционални…
повеќе...Женската А репрезентација ќе се бори за пласман на Европското фудбалско првенство во Холандија 2017
Женската А репрезентација е во Групата 1 за квалификација на Европското првенство во Холандија, 2017 година. Македонската женска репрезентација влезе во извлекувањето во последниот шешир, а за противници ги доби Исланд, Шкотска, Белорусија и Словенија. Во останатите групи беа извлечени следните репрезентации: Група 2: Шпанија, Финска, Република Ирска, Португалија и Црна Гора Група 3: Франција, Украина, Романија, Грција и Албанија Група 4: Шведска, Данска, Полска, Словачка и Молдавија Група 5: Германија, Русија, Унгарија,Турција и Хрватска Група 6: Италија, Швајцарија, Чешка, Северна Ирска и Грузија Група 7: Англија, Белгија, Србија, БиХ…
повеќе...Заев од осмомартовскиот марш: Слободата ја враќаме!
Претседателот на СДСМ Зоран Заев, се обрати на традиционалниот Осмомартовски марш под мотото „Кој род се: слободата, вистината, иднината“. „Е, ова е глетка над глетките. Е, ова е гордост над сите гордости. Е, ова е најубавата страна на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија. Нека се слушне на сите страни од Тетово до сите краишта на Македонија. Распукала Шар планина. Овој Осмомартовски марш ја испраќа силината на пораката на жените на Социјалдемократскиот Сојуз. Слободата ја враќаме. Среќен 8-ми март, дами мои. Ве гледам вака собрани, единствени, радосни, насмеани, со кренато чело. И…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески на самохраните мајки и сите жени им го честита 8-ми Март
Со низа активности општина Охрид и годинава го одбележа Меѓународниот ден на жената, 8-ми Март. Утрово градоначалникот Никола Бакрачески во придружба на волонтерите од Црвен Крст на 60 –ина самохрани мајки корисници на социјална помош им го честита празникот подарувајќи им цвеќе и пакети со средства за лична хигиена. „Им го честитам денот на сите жени и мајки, им посакувам многу здравје, остварување на нивните планови и успех во кариерата. Целта на ваквите средби е и да се оствари директна средба на која ќе поразговараме за нивните проблеми, идеи, размислувања…
повеќе...Сообраќајните полицајки добија цвеќе и пригодни подароци од своите колеги по повод 8-ми март
На четирите дами во охридската полициска станица за безбедност во патниот сообраќај, денес на пригоден коктел им беше честитан 8 март, Меѓународниот ден на жената. Полицајките, од своите колеги добија цвеќе и пригоден подарок, но и искрени човечки желби за лично и семејно здравје и успех во работата. Сообраќајните полицајки, од колективот добија признание дека подеднакво, рамноправно, енергично и ефикасно ги извршуваат не така лесните полициски сообраќајни работни задачи. Сообраќајците ја истакнаа врвната професионалност на колешките и нивната внимателност во чувањето на редот и безбедноста во сообраќајот. Дамите во охридската…
повеќе...8-ми март – Меѓународен ден на жената
Меѓународниот ден на жената е меѓународен празник што се одбележува на 8-ми март секоја година. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа посебно инсистираше социјалистичкото движење. Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените…
повеќе...Ракометарките на „Моби Дик“ остварија голема победа против ЖРК „Вардар“
Ракометарките на охридската екипа „Моби Дик“ кои се натпреваруваат во пионерска конкуренција денеска остварија голема победа против екипата на ЖРК „Вардар“. „Китовите“ во текот на целиот натпревар имаа водство, а финалниот резултат на семафорот беше 17:14 во корист на домашната екипа. Со оваа победа, охридските ракометарки значително ги зголемија шансите за учество во завршниот Final4 турнир на кој ќе се одлучи шампионот на Македонија. Со оваа победа тие се зацврстија на горниот дел од табелата и го делат второто место заедно со екипата на „Стружанка“. Следниот викенд „китовите“ имаат тешко…
повеќе...Одбележана 20-годишнината на Женскиот Центар „Бисера“
Женскиот центар „ Бисера“, синоќа одржа пригодна свеченост по повод одбележувањето на 20 годишнината од основањето на оваа невладина организација. На свеченоста присуствуваше и претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњаноска. „Кога ќе се спомене женското движење во Охрид, првата асоцијација е Женскиот центар „ Бисера“ . Верувајте дека тоа е голем комплимент за Вашата работа и секојдневната борба за еманципација на жената во нашето општетство. Вака здружени, врз темелите на поранешните организации на жените, од генерација во генерација, ги пренесувате искуствата и градите нови и применливи практики за…
повеќе...