По 29ти пат одржана манифестацијата „Вечер на Живко Чинго“ во Велгошти

Вечерва во Велгошти, во близина на манастирот „Света Петка“ по 29ти пат се одржа традиционалната културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“, во организација на МЗ Велгошти и Општина Охрид. Годинешната манифестација беше во знакот на одбележувањето на 30 годишнината од смртта на великанот, големиот македонски прозаист и драмски писател Живко Чинго. На споменикот на „Живко Чинго“ свежо цвеќе положија заменик градоначалникот на општина Охрид, Ангел Јанев со претставници од Советот на Општина Охрид, делегација на ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти, претставници од семејството на Живко Чинго, претставници од МК ВМРО-ДПМНЕ…

повеќе...

Отворена изложба од Драган Спасески Охридски

Синоќа во црквата „Света Софија“ во Охрид, во рамки на 57-то издание на фестивалот „Охридско лето“ беше отворен мултимедијален проект со ликовни дела на македонскиот уметник Драган Спасески Охридски. Отворајќи ја изложбата, историчарот на уметност, академик Цветан Грозданов подвлече дека циклусот насловен како „Мајка и дете“ содржи 30 изненадувачки експонати создадени од уметникот Спасески. „Овие експонати изненадуваат. Има голем циклус на мајка и дете.Тоа е циклус на Христос и Богородица. Тоа е циклус на обичен човек. Во црквата „Света Богородица-Перивлепта“ го има еден од најголемите вакви циклуси во светот, дело…

повеќе...

Утре ќе биде промовиран романот „Доилката“ од Лилјана Пандева

НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид утре организира П Р О М О Ц И Ј А на романот „ДОИЛКАТА“ од Лилјана Пандева добитник на наградата „Стале Попов“ на ДПМ за најдобро прозно остварување во 2016 година. Воведна реч ќе има Славе Ѓорѓо Димоски. Промотор на настанот е  Проф. д-р Кристина Николовска. Промоцијата која ќе се одржи во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид е со почеток во 20 часот.

повеќе...

Претставување на сатиричарот Александар Чотриќ во охридската библиотека

Културниот центар „Бран“, Ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга и НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, во рамките на VII-та Меѓународна манифестација „Струшки книжевни средби“ организираат претставување на Александар Чотриќ – сатиричар од Белград, Србија. Претставувањето ќе се одржи утре во 19:00 часот во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид. Промотори ќе бидат Тоде Илиевски и Петко Шипинкаровски. WebOhrid

повеќе...

Претставување на Александар Чотриќ, сатиричар од Белград (Србија) во охридската библиотека

Културниот центар „Бран” и Ревијата за книжевност „Бранувања” од Струга и НУ Библиотека “Григор Прличев” – Охрид во рамките на VII-та Меѓународна манифестација „Струшки книжевни средби” организираат Претставување на Александар Чотриќ, сатиричар од Белград (Србија). Промотори се Тоде Илиевски и Петко Шипинкаровски. Настанот ќе се одржи на 06.07.2017 година (четврток) во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид, со почеток во 19:00 часот.

повеќе...

Во сабота во Охрид летна шема на „Импровокација“

Тетарската импровизација „Импровокација“ (летна шема), во сабота на 24-ти јуни, ќе биде одиграна во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид, со почеток од 21:00 часот. Импровокатори: Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски, Филип Кипровски.Домаќин/хост – Филип Ангеличин Жура. Картите се во продажба во музичката продавница Зизи Топ, во претпродажба по цена од 150 денари, а на денот на изведба 200 денари. Број за резервации на карти : 075 283 066. Шоуто не е за помлади од 16 години!

повеќе...

„Поточиња 2017” во Охрид на 30ти мај

Љубителите на најдобрите детски хитови од детскиот фестивал „ПОТОЧИЊА”  ќе имаат можност во Охрид да го проследат новото издание на фестивалот „ПОТОЧИЊА 2017”. Фестивалот ќе се одржи во вторник на 30 мај во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид (голема сала) во 11 часот. Детскиот фестивал „ПОТОЧИЊА“ на македонската сцена за прв пат се појави во 2004 година. Со своите песнички за брзо време ги освои срцата на најмалите љубители на музиката и редовно секоја година со своето одржување ја најавува пролетта. Одржувањето на овој фестивал им овозможува на…

повеќе...

„Импровокација“ во сабота пред охриѓани

Во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охридскиот народен театар на 13ти мај (сабота) репертоарно ќе ја одигра седмата епизода од втората сезона на најпопуларното шоу „Импровокација”. „Импровокација“ започнува во 21:00 часот, а влезниците се купуваат во музичката продавница Зи Зи Топ. Новата „ИМПРОВОКАЦИЈА“ носи нови игри и многу забава. Ваквата форма на театар за прв пат се воведува во нашата земја па дури и во регионот. Целта на „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е преку еден неформален и забавен начин да ја демистифицира магијата на создавање театарски игри (сцени) за да го доближи театарот што…

повеќе...

„Распеано рибарче“ по 19ти пат

На 3, 4 и 5 мај во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржи 19 –тото издание на фестивалот на детска песна „Распеано рибарче 2017“. И годинава, како и лани ќе бидат изведени 13 песни , 13 нови – потенцијални хитови кои ќе го најдат патот до сите деца, ама и до нивните татковци и мајки, баби и дедовци а и учителките и воспитувачките, во училиштата и градинките. Традиционално пред почетокот и на ова издание веќе се готови песнарката и ЦД –то а по фестивалот во продажба…

повеќе...

Самостојно шоу на Сашко Коцев во Охрид

Еден од најдобрите стендап комичари и актери Сашко Коцев за прв пат со свое самостојно шоу „Детоксикација“ во Охрид. Шоуто ќе се одржи во сабота 6-ти мај, со почеток во 20.00 часот во големата сала на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид. Билетите по цена од 200 денари веќе се пуштени во продажба во музичката продавница Зи Зи Топ.

повеќе...