Продолжуваат инфраструктурните зафати во Општина Дебрца

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски беше во работна посета во Ново Село и Оровник, каде изврши увид врз градежните активности што се одвиваат во селата, кои претставуваат дел од планираните инфраструктурни зафати во делот на подобрувањето на патната инфраструктура во Општина Дебрца, односно во селата се врши асфалтирање на неколку улички кои се поврзуваат кон локалната патна инфраструктура во селото. Во Ново Село станува збор за асфалтирање на главната улица која води кон селото која е со ширина од 3,5 метри и должина од 280 метри, каде што се…

повеќе...

Пуштено во употреба училиштето во Оровник

Свечено пуштено во употреба Основното училиште во Оровник. Реконструкцијата се одвиваше во две фази. Со пуштењето во употреба на училишната зграда од новата учебна 2016/2017 година ќе се овозможи учениците од прво до петто одделение, наставата да ја следат во попријатни услови и дека со замената на надворешната столарија, замената на кровниот покривач, поставувањето на топлинската изолација и со замената на светилките ќе биде заштедена електричната енергија, а со тоа ќе се намалат трошоците за греење. „Инвестициите во образованието, се инвестиции во иднината. Со секоја тула ставена во ѕидот на училиштето, всушност ја…

повеќе...

ЈПК „Дебрца“ воведе рестрикции за користење вода во Оровник, Подмоље и Горенци

Поради зголемената потрошувачка на вода, Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ апелира до корисниците да не се злоупотребува водата, освен за неопходните потреби. Од ЈПК „Дебрца“ истакнуваат дека се принудени да воведат рестрикции за следните денови во следните населени места: 01.08.2016 (понеделник) вода нема да има во населените места Оровник и Подмоље; 02.08.2016 (вторник) вода нема да има во населеното место Горенци; 03.08.2016 (среда) вода нема да има во населените места Оровник и Подмоље; 04.08.2016 (четврток) вода нема да има во населеното место Горенци; 05.08.2016 (петок) вода нема да има…

повеќе...

Верниците масовно се упатуваат кон манастирот Света Недела во Оровник

Православните верници го одбележуваат празникот посветен на Светата Великомаченичка Недела. Многубројни верници од целата држава, како и наши иселеници од синоќа масовно се упатуваат во манастирот Света Недела во селото Оровник, палат свеќи и се молеат за здравје и среќа. И оваа година прославата беше збогатена со музика, овој пат присутните ги забавуваа Екстра Бенд Плус и Сара Камчева. Повеќе за манастирот Света Недела во село Оровник Во местото викано „Капеш“, веднаш над селото Оровник, на патот кој води за „Тројанско поле“ и соседното село Лакочереј, се наоѓа месноста „Лекојта Вода“. На…

повеќе...

Прекин со водоснабдувањето во Подмоље, Оровник и Горенци

ЈП за комунална дејност Дебрца ги информира жителите на населените места Подмоље, Оровник и Горенци дека денес и утре од 14 часот до 18 часот ќе има прекин во снабдувањето со вода порди недостаток на вода и големта потрошувачка и Честите дефеци на главната мрежа како последица на изградба на автопатот. ЈПК Дебрца апелира до жителите на истите населени места на совесно и рационално користење на водата за пиење.

повеќе...

Продолжува реконструкцијата на училиштето во Оровник

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски изврши увид врз градежните активности кои се одвиваат околу проектот за реконструкција на Основното училиште во Оровник, каде деновиве започна втората фаза од реконструкцијата на Основното училиште. „Во втората фаза се предвидува замена на кровот, изработка на фасада, изработка на нови плафони, глетовање и молерисување на внатрешните ѕидови, поставување на нова електрична, водоводна и канализациона инсталација и нови санитарии за најмалите ученици. Со завршувањето на втората фаза од реконструкцијата, училиштето ќе добие комплетно нов лик и од следната учебна година учениците во подрачното основно училиште…

повеќе...

Основното училиште во Оровник добива нов лик

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски изврши увид врз градежните активности кои се одвиваат околу реконструкцијата на Основното училиште во Оровник. Во моментов пред сам крај е првата фаза од реконструкцијата. Во првата фаза од реконструкцијата отстранет е стариот дрвен под, изведена е армирано бетонска меѓукатна конструкција, изработени се нови подови од керамички плочки и ламинат, заменети се сите внатрешни врати, извршена е замена на надворешната дрвена столарија со нова изработена од ПВЦ профили како и реконструкција на санитарните јазли. Вкупната инвестициона вредност на првата фаза за реконструкција изнесува 1.311.500,00…

повеќе...

Започна реконструкцијата на подрачното основно училиште во Оровник

Градоначалникот на Општина Дебрца, Игор Трајкоски изврши увид на градежните активности за реконструкција на Подрачното Основно Училиште во село Оровник. „Реконструкцијата на Училиштето е проект на Општина Дебрца во соработка со Југозападниот плански регион кој го спроведуваа проектот за енергетски ефикасни објекти во Југозападниот Плански Регион, за кој проект се одобрени средства од Бирото за регионален развој. Објектот е изграден 1954 година поради што беше потребна негова итна реконструкција.“- информираат од Локалната самоуправа. Оттаму додаваат дека според динамиката за изведување на градежните активности предвидено е отстранување на стариот дрвен под, изведба на армирано…

повеќе...

Рестрикции во водоснабдувањето во општина Дебрца

Од Јавното претпријатие за комунална дејност „Дебрца“ поради зголемената потрошувачка на вода апелираат до корисниците да не се злоупотребува водата освен за неопходните потреби. „Принудени сме да воведиме рестрикции за следниве денови во следните населени места: денес вода ќе има во населените места Оровник и Подмоље, утре  вода ќе има во Горенци, во недела вода ќе има во населените места Оровник и Подмоље и во понеделник вода ќе има во Горенци. Овој редослед ќе биде се додека има недостиг на вода и не се стабилизира состојбата.“ – информираат од ЈПК „Дебрца“.

повеќе...

Православните верници масовно се поклонуваат пред Света Недела во Оровник

Православните верници го одбележуваат празникот посветен на Светата Великомаченичка Недела. Многубројни верници од целата држава, како и наши иселеници синоќа масовно се поклонуваа пред Света Недела во селото Оровник, палеа свеќи и се молеа за здравје, среќа и бериќет. За многу години празникот! Повеќе за манастирот Света Недела во село Оровник Во местото викано „Капеш“, веднаш над селото Оровник, на патот кој води за „Тројанско поле“ и соседното село Лакочереј, се наоѓа месноста „Лекојта Вода“. На ова место од памти век постои изворче со лековита вода, богата со минерали. Ова место уште…

повеќе...