Актуелниот состав на нашата сениорска кошаркарска репрезентација е спој на младост и искуство, но несомнено е дека овој ‘коктел’ и тоа како функционира на паркетот. Со смирени глави и, нормално, смирени раце, нашите сениори запишаа нова победа во рамки на подготвителниот период. Овој пат, пулените на Јорданчо Давитков ја совладаа сениорската селекција на Португалија во рамки на турнирот „Трофеј Македонија“. Во првиот дел од натпреварот, во првите 15 минути се мачевме со пронаоѓање на вистинското темпо. Но истото може да се каже и за нашиот противник кој искористи неколку наши…
повеќе...Category: Спорт
Работнички надвор од игра, Шкендија оди во следната фаза од Лигата на Европа
Работнички ја заврши овогодишната одисеја во натпреварувањата од квалификациите за Лигата на Европа. Работнички денес во гости во Белорусија претрпе пораз од 3:0. На првиот натпревар Работнички и Динамо Минск одиграа 1:1, па според тоа Динамо Минск оди понатаму со вкупен резултат од 4:1. За разлика од Работнички, Шкендија имаше релативно полесен противник, тимот на ХЈК од Финска. По победата од 3:1 минатата недела, Шкендија денес успеа да одигра 1:1 во гости и со вкупен резултат 4:2 успеа да се пласира во следното коло од квалификациите за Лигата на Европа.…
повеќе...Започнува седмото издание на турнирот „Трофеј Македонија“
Натпреварите против Словачка и оној првиот на домашен терен против Бугарија и служеа на сениорската репрезентација за создавање на првична слика за можностите како колектив. Селекторот Јорданчо Давитков ќе има уште еден сериозен тест по кој сликата за составот ќе стане појасна. Станува збор за турнирот „Трофеј Македонија“ кој и оваа година ќе се одигра во Скопје. На ова издание, седмо во историјата на одржување досега, гости на нашата селекција ќе бидат репрезентациите на Босна и Херцеговина, Холандија и на Португалија – три силни селекции кои како и ние ќе…
повеќе...Трансфер на Енис Барди во Леванте
Енис Барди следната сезона ќе игра за Леванте. Нашиот 22 годишен репрезентативец е играч од средниот ред. Тој направи трансфер од унгарскиот Ујпешт, а пред еден месец настапуваше за младата фудбалска репрезентација на Македонија на Европското првенство во Полска. WebOhrid фото:levanteud.com
повеќе...Заложба за поголема соработка меѓу факултетите и пазарот на трудот
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски денеска се сретна со претставници на ЕУ твининг проект „Развивање соработка помеѓу универзитетите, приватниот сектор и државните органи“. Овој проект се одвива во рамки на Министерството за образование и наука, а се спроведува од страна на конзорциум институции од Франција и Обединетото Кралство. Целта е продлабочување на соработката меѓу високообразованите институции и пазарот на трудот. Претставниците на овој проект говореа за отворање на кариерни центри во склоп на факултетите. Формалното образование не е доволно, потребно е зголемена работа со младите и…
повеќе...Кошаркарите ќе одиграат пријателски двомеч против Словачка
Сениорите денес заминаа за Словачка, каде во престолнината во наредните два дена ќе одиграат пријателски двомеч. Селекторот Јорданчо Давитков ќе има можност за првпат од започнувањето на подготовките да ги согледа предностите и слабостите на националниот тим. Пред сениорската репрезентација претстои предизвикот наречен претквалификации за СП 2019 кој доколку се помине значи и автоматски пласирање во квалификациите за наредното Европско првенство кое ќе се одигра за четири години, во 2021 година. „Ги завршивме подготовките во Маврово и можам да кажам дека сум задоволен од пристапот на сите играчи. Беа доста…
повеќе...Никола Ѓорѓев позајмен во Твенте
Никола Ѓорѓев следната сезона ќе игра за холандскиот клуб Твенте. Тој ќе настапува како позајмен играч во наредните две сезони со опција за откупување на неговиот договор. „Ова за мене претставува еден прекрасен нов чекор. Добивам шанса да играм во поголема лига. Подготвен сум!“ – истакна Ѓорѓев за официјалната веб-страна на Твенте. Од Твенте велат дека Никола е талентиран играч кој го избрале и дека ќе треба да работи напорно за да го развие својот талент. Имено, Никола Ѓорѓев е Македонец роден во Швајцарија. Тој помина преку младинската школа на Грасхоперс…
повеќе...Шкендија и Работнички одат во следната рунда од Лигата на Европа
Шкендија забележа победа од 0:4 на гостувањето против Дачија во Молдавија и со вкупен резултат од 7:0 оди во следната рунда од квалификациите за Лигата на Европа. Работнички на домашен терен оствари победа од 6:0 против Тре Пене од Сан Марино и со вкупен резултат 7:0 оди во следната рунда од Лигата на Европа. Пелистер поторно беше поразен од Лех Познан, овој пат во Македонија. Пелистер претрпе пораз од 0:3 и е елиминиран со вкупен резултат од 0:7 од овогодишното натпреварување во Лигата на Европа. Во следната рунда, Шкендија ќе игра…
повеќе...Одреден календарот на натпревари за ВИП Суперлигата за сезоната 2017/18
На Конференцијата на клубови што се одржа во просториите на РФМ на 16 јуни одредени беа натпреварувачките броеви на екипите што наредната сезона (2017/2018) ќе се натпреваруваат во ВИП Суперлигата во машка конкуренција, а со тоа одреден беше и распоредот на натпревари. Сезоната почнува викендот на 16 и 17 септември 2017 година, а до крајот на календарската 2017 година ќе се одиграат 14 од вкупно 18-те кола. Пауза ќе има во периодот од 23 до 29 октомври за ЕХФ Неделата кога активни ќе бидат репрезентативните собири. Последните суперлигашки натпревари во…
повеќе...Скок од две места за Македонија на најновата ФИФА рејтинг листа
Според најновата ФИФА рејтинг листа Македонија забележа скок од +2 места и сега се наоѓа на 134 место. Овој напредок се должи на нерешениот исход 0:0 кој нашата репрезентација го одигра на 5 јуни на пријателскиот натпревар против Турција. Промени има и на врвот од ФИФА рејтинг листата каде се искачи Германија, додека пак Бразил и Аргентина следуваат на второто и третото место. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Андора од +57 места се искачи на 129 место. Најголем пад забележа репрезентацијата на Намибија од -62 места и се…
повеќе...