Селекторот Ангеловски го објави списокот за Шпанија

Македонската А репрезентација на 11 јуни против Шпанија во Скопје на Националната арена „Филип Втори“ ја очекува нов двобој во квалификациите за Светското првенство во Русија 2018 година. Пет дена претходно, на 5 јуни нашиот најдобар национален тим ќе одигра пријателски натпревар со Турција исто така на домашен терен. Селекторот на нашата репрезентација Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за натпреварот од 6 коло во Г групата од мундијалските квалификации и контролниот дуел со Турција. Во составот на А репрезентацијата на Македонија за дуелот со…

повеќе...

„Спортот и семејните вредности 2017“ промовиран во Охрид

Во организација на Агенцијата за млади и спорт, Сојузот на спортските федерации и Општина Охрид, денеска во спортската сала на ОУ „ Григор Прличев“ беше промовиран проектот „ Спортот и семејните вредности“ . Децата, заедно со родителите, со помош на професорите се рекреираа и спортуваа играјќи штафета со топка,подавање под нозе и со глава, фудбал и ракомет, штафетно пресоблекување дрес и шутирање топка на мали голчиња. Семејниот спорт и рекреација, според организаторите на проектот, имаат многу предности,меѓу кои најважно е позитивното влијание на детското здравје, односно здравјето на целото семејство,развој…

повеќе...

МОК домаќин на Конференцијата на Европскиот олимписки комитет и Форум на Меѓународниот олимписки комитет

Во периодот 18-21 Мај, Македонскиот олимписки комитет е домаќин на Меѓународниот олимписки комитет и на Европските олимписки комитети на собирот на кој ќе се презентираат извештаи за зимските Олимписки игри ПјонгЧанг 2018, Младинските олимписки игри Буенос Аирес 2018, Европските игри Минск 2019, летните Олимписки игри Токио 2020, зимските Олимписки игри Пекинг 2022, а извештај ќе поднесе и Светската Анти Допинг Агенција како и организаторите на зимскиот Европски младински олимписки фестивал Ерзурум 2017 и Летниот Европски младински олимписки фестивал Ѓер 2017. Олимпискиот канал, спортскиот и финансискиот менаџмент, користењето на социјалните мрежи…

повеќе...

Во Охрид ќе се одржи Семинар на ракометни тренери

На 10 и 11 јуни 2017 година во Спортската сала „Билјанини Извори“ во Охрид, под организација на Здружението на ракометни тренери на Македонија ќе се одржи Семинар на ракометни тренери. Рокот за пријавување на Семинарот е 20 мај 2017 година.

повеќе...

ОУ „Братство Единство“ победник на финалниот турнир во одбојка од училишните спортски лиги

На ден 16.05.2017 во рамките на училишните спортски лиги на сојузот за училишен спорт Охрид под покровителство на Локалната самоуправа Охрид организираше финален турнир во одбојка во Спортската сала „Билјанини Извори“ за основни училишта. Учествуваа четири екипи, кои со заеднички сили се потрудија да одиграат најдобро што можат за своето училиште. Се одиграа два натпревари, а постигнати беа следните резултати: Натпреварот за трето мессто се играше помеѓу учениците од ОУ „Св.Наум Охридски“ Пештани и ОУ „Живко Чинго“ Велгошти и како победник на овој натпревар е екипата на ОУ „Св.Наум Охридски“…

повеќе...

Пелистер го освои фудбалскиот Куп на Македонија

Пелистер по пенали ја совлада Шкендија и по 16 години повторно го освои Купот на Македонија. Пелистер по изведувањето на пенали ја совлада екипата на Шкендија со 4:3 и стигна до втората титула од Купот на Македонија. Мечот во регуларниот дел и по продолженијата заврши без голови, 0:0. Во 22 минута Шкендија имаше добра шанса, откако Ибраими проигра до Стенио Жуниор, кој од прва шутираше, но преку голот. Четири минути подоцна Илијовски биеше, но малку крај стативата. Истиот фудбалер потоа не успеа со удар со ножички да го загрози Захов.…

повеќе...

Проект „Обединети преку спорт“

Невладината организација ТАКТ, започнува со реализација на проектот „Обединети преку спорт“, поддржан од амбасада на САД во Македонија, чија цел е да се промовира социјално вклучување на маргинализираните групи преку спортски активности, зајакнување на жените преку спортот, и решавање на конфликти и градење на мирот преку спортот. Проектот ќе создаде Мрежа на Спортски Лидери, кои ќе учествуваат на работилници и активности за градење на капацитети, предводени од национални и меѓународни експерти. Лидерите ќе развијат и имплементираат акциски планови во нивните заедници, промовирајќи ги горенаведените теми. Покрај ова, лидерите ќе имаат…

повеќе...

Финале на училишните „Игри без граници 2017“

Успешно заврши реализацијата на втората сезона од веќе познатиот и општо прифатен проект на Извидничкиот езерски одред „Пионер” од Охрид, наречен „УЧИЛИШНИ ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ”. Како и минатата година така и оваа со завршувањето на училишната година заврши повеќе месечниот циклус на овогодинешните Училишни игри без граници – 2017. Игрите започнаа во месец февруари и се одржаа во повеќе основни училишта од Охрид и Дебрца. На истите во оваа сезона зедоа доброволно учество повеќе од 400. ученици од второ до деветто одделение. Со спроведување на проектот во кој се преплетуваа забавно-едукативни…

повеќе...

Финалето од фудбалскиот Куп на Македонија на 17 Мај на стадионот Младост во Струмица

ФФМ, клубовите финалисти и МВР на заеднички состанок ги договорија деталите околу организацијата на натпреварот и преземените мерки за финалето во Струмица да биде вистински фудбалски празник. На денешниот состанок Васко Дојчиновски комесарот за натпреварување, а воедно и делегат на Куп пресметката меѓу Шкендија и Пелистер ги информираше клубовите за нивните обврски кои произлегуваат од Правилникот за натпреварување, како и за важноста натпреварот да мине во фер и спортска атмосфера. Фудбалската федерација на Македонија преку официјалниот дистрибутер Mktickets ќе изврши дистрибуција на потребниот број билети за двата клуба, како и…

повеќе...

Извлечени полуфиналните двојки од ракометниот Куп на Македонија

Денес во просториите на РФМ се одржа извлекувањето на полуфиналните двојки во машка и женска конкуренција за Купот на Македонија 2017. Во Купот во машка конкуренција, во полуфиналето беа извлечени финалистите од минатата сезона, скопските ривали Вардар и Металург, додека во второто полуфинале ќе играат Охрид 2013 и дебитантот на Фајнл Фор турнирите, тимот на Еурофарм Работник од Битола. Фајнл Фор турнирот ќе се одригра во Битола на 20 и 21 мај 2017. Во полуфиналето во женска конкуренција пак, ќе играат Вардар – Гевгелија и Металург – Прилеп. Фајнл Фор…

повеќе...