Тања Стојановска избрана за спортист на неделата и МВП на финалниот турнир од Првата Универзитетска лига во САД

Женскиот тениски тим на Универзитетот од Бафало, за кој на првата позиција игра Тања Стојановска, победи на финалниот турнир на МАК конференцијата (Mid American Conference) од Првата NCAA Универзитетска лига, со што се стекна со право да оди на завршниот NCAA турнир за најдобрите Универзитети од САД на 12 и 13 Мај. Тимот инаку имаше серија од 8 последователни победи во конференциската лига и на завршниот плеј-оф турнир. Тања Стојановска беше избрана за МВП на завршниот турнир на МАК конференцијата, како и за спортист на неделата на нејзиниот Универзитет, бидејќи…

повеќе...

Одиграно 30 коло од Првата МФЛ

Денес се одиграа натпреварите од 30 коло од Првата македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати: Пелистер  3:1  Македонија ЃП Ренова  1:1  Работнички Шкупи  1:1  Шкендија Силекс  3:2  Брегалница Вардар  4:0  Победа 1. Вардар 30 22 5 3 59:17 71        2. Шкендија 30 17 8 5 56:29 59        3. Работнички 30 13 9 8 40:27 48        4. Пелистер 30 12 8 10 33:25 44        5. Ренова 30 10 12 8 32:27 42        6. Силекс 30 9 12 9 36:37 39        7. Шкупи 30 7…

повеќе...

Објавен Конкурсот за доделување на Државната награда за спорт „8 Септември“

Одборот за доделување на Државната награда „8 Септември“ го објави Конкурсот за доделување на Државната награда за спортот „8 Септември“ во 2017 година. Со Државната наградата „8 Септември“ се оддава признание на спортисти, тренери и спортски работници за остварувања во областа на спортот. Во една година можат да се доделат најмногу до пет награди, од кои една награда е за животно дело за исклучителен придонес во развојот на спортот, афирмацијата и промоцијата на Република Македонија на меѓународен план. Со Државната наградата „8 Септември“ за животно дело за исклучителен придонес во…

повеќе...

Одиграна плеј-оф и плеј-аут фаза од футсал лигата за основни училишта

Вчера во рамките на училишните спортски лиги за основни и средни училишта, Сојузот за училишен спорт Охрид под покровителство на Локалната самоуправа Охрид се организира плеј–оф и плеј–аут фазите од лигата футсал во спортска сала „Билјанини Извори“ за основни училишта во која учествуваа учениците од VI и VII одделение во машка конкуренција. Во плеј- аут фазата од лигата во футсал се постигнаа следните резултати: ОУ „Св.Наум Охридски “ Пештани – ОУ„Кочо Рацин “ 4:0 ОУ„Св.Климент Охридски “-ОУ„Братство Единство “ 4:3 Во плеј- оф фазата од лигата во фурсал се постигнаа…

повеќе...

Охриѓанката Тања Стојановска повторно избрана во најдобриот тим

Тања Стојановска од Охрид, која е студентка на Медицинскиот факултет и стипендист на Универзитетот од Бафало, држава Њујорк, играјќи на првата позиција за својот Универзитет е повторно избрана во најдобриот тим на нејзината MAK конференција (Mid American Conference) од Првата NCAA Универзитетска лига. Ова е трета година по ред како влегува во најдобриот тим на крајот на годината, и е единствена од тој тим која успеала во тоа. Викендов, нејзиниот Универзитет игра на завршниот плејоф турнир, на кој учествуваат најдобрите Универзитети од МАК конференцијата. Повеќе информации и слики можете да…

повеќе...

Селекторот Гонзалес повика 19 ракометари за првиот собир на репрезентацијата

Селекторот на Машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Раул Гонзалес, го објави списокот на повикани ракометари за првиот собир од подготовките за квалификациските натпревари со селекцијата на Исланд, за пласман на ЕП Хрватска 2018. Собирот е закажан за понеделник (1 мај 2017) со почеток од 09:30 часот во ВИП Арена „Борис Трајковски“ во Скопје. Првиот од двата натпревари против Исланд, Македонија ќе го одигра на 4 мај 2017 со почеток од 20:00 часот во ВИП Арена „Борис Трајковски“. Втората средба ќе се игра во Рејкјавик на 7 мај 2017 со…

повеќе...

Успех на СК „Охрид“ на Меѓународниот турнир во Сандански, Бугарија

Викендов во Сандански, Р.Бугарија се одржа меѓународен Турнир во гаѓање со воздушно оружје на кој учествуваа повеќе клубови од Р.Бугарија како и стрелци од два клубови од Македонија. Во категорија јуниорки (јуниорки до 20 години) со извонредно висок резултат и свој личен рекорд од 404,7 кругови Јана Маркоска се пласира на првата позиција. Во истата категорија другиот претставник Мартина Петровска се пласира на четвртата позиција со 396,3 кругови. Во категорија на млади јуниорки ( јуниорки до 15 години) нашата јуниорка Анастасија Мојсовска исто така се пласира на првата позиција со…

повеќе...

Комплетирано 28 коло од Првата МФЛ

Викендов се одиграа натпреварите од 28 коло од Првата македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати: Работнички  1:1  Македонија ЃП Пелистер  1:0  Победа Ренова  4:0  Брегалница Шкупи  0:2  Вардар Силекс  1:1  Шкендија 1. Вардар 28 21 5 2 54:14 68        2. Шкендија 28 16 7 5 52:27 55        3. Работнички 28 13 8 7 39:25 47        4. Пелистер 28 11 7 10 29:23 40        5. Ренова 28 9 11 8 28:25 38        6. Силекс 28 8 12 8 33:34 36        7. Шкупи 28 6…

повеќе...

Јаховиќ во форма

Адис Јаховиќ постигна два голови во натпреварот кој неговиот клуб Гозтепе го доби со 3:2 против Адана. Ова не беше само дуел на Гозтепе против Адана, туку и дуел помеѓу двајцата најдобри стрелци во лигата, Микаел Поте и нашиот репрезентативец Адис Јаховиќ. На само 5 кола до крајот од првенството Поте има постигнато 21 гол, додека пак Јаховиќ има постигнато 18 голови. Имено, Јаховиќ важи за еден од нашите најдобри голгетери. И покрај тоа што не беше повикан за Македонската репрезентација во неколкуте последни репрезентативни дуели, Јаховиќ постојано е во голгетерска…

повеќе...

Одигран турнир во шах за основни училишта во рамки од училишните спортски лиги

Денес во рамките на училишните спортски лиги, Сојузот за училишен спорт Охрид под покровителство на Локалната самоуправа Охрид организираше турнир во шах за основни училишта. Во спортската сала при ОУ „Св.Климент Охридски“ – Охрид учествуваа повеќе ученици во машка и женска конкуренција. Најдобри во машка конкуренција беа учениците: Иван Велкоски од ОУ „Св.Климент Охридски“ прво место, второто место го делеа учениците Константин Лушески од ОУ „Братство Единство“ со Никола и Михаил Николовски од ОУ „Григор Прличев“, третото место го делеа учениците Михаил Рувинов од ОУ „Св.Климент Охридски“ со Антонио Достиноски…

повеќе...