Кражба во црквата „Св. Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар

Три засега непознати лица рано утрово се обиделе да извршат кражба на икони од црквата „Св. Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар. Полициската патрола од полициската станица во Дебар утрово во 03 часот и 10 минути на ул. Павле Џиковски“ ги забележала тројцата непознати како во возило марка „Голф“ со дебарски таблици ставаат повеќе предмети. Полициските службеници ја спречиле кражбата но трите лица сепак успеале да избегаат кон боровата шума над населбата „Варош“ по што, при преглед на патничкото моторно возило „Голф“ пронајдени се 10 икони. Дополнително при преглед на…

повеќе...

Тешка кражба во продавница за мобилни телефони во Струга

Засега непознат сторител извршил тешка кражба во продавницата за продажба и сервисирање на мобилни телефони „Дени мобил“ во Струга. Тој бесправно одзел околу сто мобилни телефони од различни марки донесени на поправка како и нови два мобилни телефони марка „Ајфон-5-С“, три мобилни телефони марка „Ајфон-4-С“, еден мобилен телефон марка „ЛГ-Ф-50“, еден мобилен телефон марка „Сони Ериксон-СТ-26“ и еден лап-топ марка „Ацер“. Кражбата во продавницата лоцирана на улицата „27 март“ во Струга е извршена во периодот од 22 часот на 15-ти до 08 часот на 16-ти март оваа година со кршење…

повеќе...

Ограбена црква во струшко Октиси

Засега непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Св.Димитрија“ во струшкото село Октиси и одзел четири кандила поставени кај црковниот олтар над иконите. Кражбата е извршена во периодот од декември минатата до март оваа година, по претходно насилно кршење на цилиндарот од главната влезна врата на црквата од северната страна. Сторителот употребил тврд предмет со кој насилно ја оштетил металната заштитна решетка од влезната црковна врата. Откако влегол во внатрешноста на црквата, тој извршил пребарување низ црковните простории по што противправно ги одзел четирите кандила. На лице место извршен е…

повеќе...

Кривична пријава за тетовец кој ограбил жител на струшко Подгорци

Поради постоење основи на сомнение за казнено дело „кражба“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Џ.С. (35) од Тетово. На седми февруари оваа година, пријавениот искористил згодна прилика и од џебот на И.А (78) жител на струшкото село Подгорци одзел паричник со 145 евра и 10.500 денари. Кражбата се случила пред Стопанска банка во Струга каде И.А. ја подигнал својата пензија. Излегувајќи од банката во него се втурнале две лица по што оштетениот набрзо забележал дека му го нема паричникот. И.А. кражбата веднаш ја пријавил во полициската станица…

повеќе...

Тешка кражба во стан на улица „Булевар Туристичка“

Вчера во Охрид на ул. „Булевар Туристичка“ во стан сопственост на Р.З.(57), непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што делувал на влезната врата од станот, влегол внатре, извршил пребарување и одзел околу 6.000 евра, околу 2.000 денари, разновиден златен накит и еден рачен часовник, а потоа го напуштил местото на настанот. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

повеќе...

Тешка кражба во црквата „Св.Петка“ во струшко Долна Белица

Вчера во 09.30 часот во ПО Велешта е пријавено дека во периодот од 22-ри февруари до први март годинава, непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Св.Петка“ во с.Долна Белица, струшко. Тешката кражба е извршена на тој начин што сторителот низ отворената влезна врата влегол внатре и со подесен предмет ја откорнал вратничката од металната каса во која се оставаат пари, при што одзел околу 1.000 денари.

повеќе...

Кривични пријави за двајца стружани поради кражба

Полициската станица Струга поднесе кривична пријава против А.П.(61) и К.И.(53), за сторено кривично дело „кражба“. На 24.11.2014 година, во с.Горно Татеши, струшко, извршен е претрес на семејната куќа на А.П., каде се пронајдени два кубни метри огревно дрво даб, за кои немал соодветна документација. Од извршен разговор со синот на A.П. утврдено е дека K.И. наводно предходно по грешка исекол дрва од парцела на A.П., а како извинување ги донел пронајдените дрва во нивниот двор.

повеќе...

Поднесено известување поврзано со малолетник од Охрид како можен сторител на кражби

Поради постоење основи на сомнение за сторено едно казнено дело „тешка кражба“ и една „кражба“ СВР Охрид, до Основното јавно обвинителство поднесе известување поврзано со малолетно лице од Охрид како можен сторител на казнените дела. Пријавениот шеснаесет годишен малолетник, тешката кражба ја извршил на 13 октомври оваа година во канцеларија на одделението за даноци од локалната самоуправа Охрид. Тој се искачил на спратот од новиот дел од општинската зграда во изградба и се префрлил до прозорот на канцеларијата на одделението за даноци. Успеал насилно да го отвори прозорецот, влегол во…

повеќе...

Тешка кражба во манастирот „Св.Богородица Пречиста“ во близина на Кичево

Манастирот „Св.Богородица Пречиста“ во близина на Кичево беше мета на засега непознат сторител, кој ноќеска извршил тешка кражба и однел односно против-правно присвоил три сребрени крста, еден манастирски печат и едно резбано сребрено кофчеже со мошти од „Св. Параскева“. Тешката кражба во манастирот е извршена околу два часот ноќеска откако претходно насилно и со подесен алат скршени се цилиндарот од металната решеткаста врата и резето од помошната просторија. Сторителот, потоа насилно ја отворил дрвената врата од јужната страна на манастирот, се упатил во внатрешноста на црквата и извршил пребарување низ…

повеќе...

Непознат сторител извршил тешка кражба во продавница во Струга

Во периодот од 03 до 04.12.2014 година, во Струга непознат сторител со употреба на погоден предмет влегол во продавница за сребрен накит сопственост на В.А.Р.(24) од Скопје, при што извршил тешка кражба на разновиден сребрен накит и дигитален сеф во кој имало документи. Извршен е увид, материјалната штета дополнително ќе биде утврдена, а се преземаат мерки за откривање на сторителот.

повеќе...