Ненадоместлива загуба за МВР – четворица врвни професионалци трагично ги загубија животите

„Синоќа се соочивме со едни од најцрните и најтешки моменти во историјата на Министерството за внатрешни работи.  Загубивме четворица наши искусни колеги, кои со своето знаење, дух и професионализам, оставија длабок печат врз нас и врз работењето на Министерството. Тие беа и ќе останат пример како се сака својата земја и како се работи во полза на граѓаните. Дозволете да им изразам најдлабоко сочуство на семејствата на: 1. Драги Мицев роден 1969 година во Струмица, началник – пилот на хелихоптерската единица со работен стаж од 34 години.  2. Марјан Трајковиќ роден…

повеќе...

Јанкулоска: „Соработката помеѓу државите заради превенција од нови ризици“

„Република Македонија го препознава значењето од соработката помеѓу државите заради превенција од нови ризици, како и намалување на постојните. Како и многу пати до сега, ние ја искажавме својата солидарност при неодамннешните поплави во Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Бугарија кои предизвикаа загуба на човечки животи и големи материјални штети, преку обезбедување на несебична и навремена  пријателска помош“.Ова меѓу другото го истакна министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска во своето денешно обраќање на европскиот министерски состанок за намалување на ризици од катастрофи којшто во организација на италијанското претседателство…

повеќе...

Проектите од културното наследство во Охрид течат според утврдената динамика

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ги посети локалитетите Долни Сарај и Антички театар во Охрид каде веќе се завршени проектите за поставување монтажни покривни конструкции, со што овие овие сцени ќе бидат заштитени од надворешни влијанија. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ги посети локалитетите Долни Сарај и Антички театар во Охрид каде веќе се завршени проектите за поставување монтажни покривни конструкции, со што овие овие сцени ќе бидат заштитени од надворешни влијанија. Покривните конструкции на двете сцени, проект за кој Министерството за култура издвои 15 милиони денари, ќе…

повеќе...

Македонија и Србија ќе ја интензивираат соработката во културата

Соработката во областа на културата меѓу Македонија и Србија е на високо ниво, а со идните активности би се продлабочиле културните врски, оценија министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и српскиот министер за култура и информирање Иван Тасовац.  Министерката Канческа-Милевска по средбата изјави дека во изминатиот период реализирале повеќе заеднички културни проекти. „Преку Годишната програма гледаме да поддржиме што повеќе и наши институции со проекти кои се претставуваат во Србија и индивидуални проекти на уметници и да дадеме што повеќе средства за српската заедница во Македонија“, рече Канческа-Милевска. Таа посочи дека…

повеќе...

Почна конференцијата на советот на министри за култура од ЈИЕ

Исклучително е важно да се користат искуствата на Советот на Европа за рехабилитационите проекти во областа на културното наследство, насоките на УНЕСКО, формулирани во Конвенциите за движното и недвижното наслдство. Нашиот регион располага со богато културно наследство, со голем диверзитет на изразување и единство на различностите. Овие карактеристики се голем потенцијал за развој на нашите релации, но ние мораме уште поефикасно да соработуваме и со клучните партнери во регионалните процеси. Ова денеска отврајќи ја Министерската конференција на Советот на министри за култура на ЈИЕ на тема „Јакнење на културата во…

повеќе...

Промовирани првите десет дела од „Врвови во светската филозофија“

Првите десет дела од проектот „Врвови во светската филозофија, историја, психологија и психоанализа“ денеска беа промовирани на Филозофскиот факултет во Скопје. Проектот предвидува превод на вкупно 366 капитални дела, со што на македонскиот читател ќе му се овозможи непосреден пристап до идеите и учењата што ги дефинираат светската филозофија, историја и психологија од нивните зачетоци до денес. На промоцијата присуствуваа премиерот Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска. „Владата издвои 133 милиони денари и го почна овој проект кој очекуваме да заврши во текот на 2017 година. Со овој…

повеќе...

Презентиран Предлог законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство

Mинистерот за труд и социјална политика, Диме Спасов и министерот за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска денес на прес конференција за медиумите информираа за Предлог-Законот за превенција, спречување и заштита од семејно насилство. Законски проект што Владата на Република Македонија го разгледа и усвои на вчерашната владина седница и кој ќе биде доставен на јавна расправа во која учество ќе можат да земат невладините организации, експертите, институциите. „Со донесување за првпат на нов посебен Закон за превенција, спречување и заштита од семејно насилство, не само што го следиме примерот на многу…

повеќе...

Воспитно-образовна „Сообраќајна врвулица“ за најмладите од ЈДГ „Весели Цветови“

Во рамки на воспитно образовните активности насловени како „Сообраќајна врвулица“ денес деца од ЈДГ „Весели цветови“ ја посетија ПС Кисела Вода каде што беа пречекани и до министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска. Министерката Јанкулоска изјави дека оваа едукативна  активност всушност е дел од програмата на МВР за превенција, а со цел и најмладите да се едуцираат за прашања од областа на сообраќајот и безбедноста за навреме да ги научат основните правила и прописи на однесување. „Тие се гости во полициската станица за да може да се запознаат со сите…

повеќе...

Заштитниот шлем го намалува ризикот од смрт за 40, а ризикот од повреди за 70 %

„Мотоциклистите според нашите, но и според сите релевантни европски и свестски статистики и анализи спаѓаат во групата на позагрозени учесници во сообраќајот. Имено податоците покажуваат дека на свестско ниво 23 проценти од жртвите во сообраќајни несреќе се мотоциклистите, во Европа тој процент е некаде околу 12 а кај нас од бкупниот број повредени или загината околу десет отсто мотоциклисти“, изјави меѓу другото министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на денешната манифестација на плоштадот Македонија, со која беше означен крајот на кампањата „Недела на безбеденост на мотоциклистите“ што изминативе денови ја…

повеќе...

Меѓународен фестивал на комедијата во општина Аеродром

Театарската манифестација „Аеродром се смее“ која беше организиранa првпат минатата година во општината Аеродром, оваа година прераснува во меѓународна и натпреварувачка. Фестивалот ќе се вика „Гола месечина“, го организираат Театар Комедија и Општина Аеродром со поддршка на Министерството за култура и ќе трае од утре до крајот на месецов. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека меѓу приоритетите на Министерството е локалниот културен развој и затоа се вклучува во поддршка на манифестации во општините низ државата. Меѓу нив е и „Топол културен бран“ чија цел е достапност на културата до…

повеќе...