Колор-монографија за манастирот „Свети Наум Охридски“ од академик Цветан Грозданов, капитално дело кое ги открива милениумските културни и уметнички слоеви на манастирот, еден од блескавите бисери на македонската црковна ризница, е промовирано денеска во Соборниот храм „Св.КлиментОхридски“ во Скопје. Монографијата е во издание на Македонската академија на науките и уметностите и книгоиздателството „Матица македонска“ од Скопје. Поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, г.г.Стефан во обраќањето рече дека неоспорно е оти најголемата величина и значење на Свети Наум се состои токму во неговата духовност, во неговата целосна предаденост на Бога и…
повеќе...Tag: министерка
Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените под мотото Стави точка
Министерката за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски заедно со дел од вработените што работат на проблематиката за семејно насилство во Министерството за труд и социјална политика се приклучи на одбележувањето на 16-дневната кампања по повод „Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените“, како дел од глобалниот активизам, што ќе трае до 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права. Годинава кампањата се одвива под мотото „Обој го светот во портокалово, ставете точка на насилството врз жените и девојките“. На Плоштадот „Карпошово Востание“ во Скопје голем број на…
повеќе...Промовирани 20 наслови од едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“
Дваесет нови наслови од едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“ беа промовирани во Музејот на македонската борба – Музеј на Внатрешната македонска револуционерна организација, Музеј на жртвите на комунистичкиот режим. На промоцијата присуствуваа премиерот Никола Груевски, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, продеканот на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Kирил и Методиј“, професорот Александар Атанасовски од Катедрата по историја на Филозофскиот факултет, историчари, преведувачи…. Најголем дел од книгите што беа промовирани денеска, односно 12 се од делот на светската филозофија и тоа, според премиерот Груевски, реномирани изданија,…
повеќе...Канческа-Милевска се сретна со дел од учесниците на 45. издание на Фестивалот „Златно славејче“
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска се сретна со дел од учесниците на Фестивалот за детски песни „Златно славејче 2015“ кој оваа година го слави својот 45-годишен јубилеј. На средбата присуствуваа директорот на Фестивалот Бобан Јосифовски, десет деца од хорот „Златно славејче“ и детските изведувачи Трајче Георгиев, Марко Бошњак од Босна и Херцеговина и Јован Алексиќ од Црна Гора. „Ја следиме вашата музика, вашите песни преку најразлични манифестации. Нешто што е највредно е негувањето на уметноста, а за да си уметник, пејач треба да имаш специфичен глас кој вие го имате. Тој глас треба да го негувате, надградувате и да се образовате во таа насока. Уметноста и културата се најсилниот аргумент за една држава и сите деца овде ги гледам како наши големи уметници во иднина “- рече Канческа-Милевска. Министерката…
повеќе...Ташевска-Ременски оствари средба со амбасадорот на Велика Британија Чарлс Гарет
Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски ја оствари првата работна средба со амбасадорот на Велика Британија Чарлс Гарет. На средбата министерката Ташевска-Ременски го информираше амбасадорот Гарет за тековните работи на Министерството, но ја искористи можноста на работната средба да го запознае и со приоритетите на нејзиното работење во периодот што претстои. Ташевска-Ременски и Гарет разговараа и за актуелната криза со мигрантите и бегалците, но и за лицата со хендикеп и сите останати категории на лица за коишто Министерството води грижа и нуди услуги.
повеќе...Ташевска Ременски: Запазени се сите процедури во работата на МТСП
Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски по денешната Меѓународна конференција за правата на лицата со попреченост одговарајќи на новинарски прашања истакна дека ги отфрла шпекулациите оти невработено лице одговара на прашања на граѓани и дека на Управната инспекција која вчера била во нејзиниот кабинет и дала документи кои, како што рече, одат во прилог на нејзиното тврдење. Во продолжение ви ги пренесуваме прашањата и одговорите. Како го коментирате ветото од страна на заменик министерот Спасов и вчерашната инспекција од страна на Државниот управен инспекторат? Ташевска-Ременски: Не сум…
повеќе...Меѓународна конференција „Конвенција на ООН за правата на лица со инвалидност и нејзиното влијание врз националното законодавство и политики“
Министерот за труд и социјална политика д-р Фросина Ташевска-Ременски се обрати на Меѓународната конференција на тема: „Конвенција на ООН за правата на лица со инвалидност и нејзиното влијание врз националното законодавство и политики“, во организација на Националното координативно тело за еднакви права на лица со инвалидност во Република Македонија, а во соработка со Министерството за труд и социјална политика. Главната цел на конференцијата е размена на искуства и добри практики за влијанието на Конвенција на ООН за правата на лица со инвалидност во процесот на унапредување и подобрување на правата…
повеќе...Mинистерката за култура во работна посета во Бугарија
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска и утре ќе престојува во работна посета на Република Бугарија каде што ќе учествува на вториот Форум за културна соработка меѓу Народна Република Кина и земјите од централна и од источна Европа. Во рамките на Форумот, денеска е предвидено министерката за култура да има свое обраќање на панел-дискусијата на тема „Актуелните предизвици во управувањето со културното наследство и размената на културни добра“, а ќе оствари и билатерални средби со повеќе министри за култура на земјите од регионот, меѓу кои и со бугарскиот министер за…
повеќе...Маестрален настап на кинескиот Национален театар на сцената на МНТ
Со силен аплауз и овации синоќа на сцената на Македонскиот народен театар беше поздравен грандиозниот танцов спектакл „Конфуциј“ во изведба на Националната опера и Театарот за танцова драма од Народна Република Кина. Изведбата на претставата беше проследена од голем број претставници на дипломатскиот кор во нашата земја, меѓу кои министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, амбасадорот на Народна Република Кина Вен Жен Шун, голем број уметници и љубители на театарот и танцот. На сцената продефилираа околу седумдесетина актери кои пленуваа со маркантноста на костимите и уникатната сценографија и комплетно ја доловија…
повеќе...Националната опера и театар од Кина гостува со танцова драма за Конфуциј
Во Македонскиот народен театар вечер ќе биде изведена танцова драма за кинескиот филозоф Конфуциј на ансамблот на Национална опера и театар за танцова драма од Пекинг во рамки на нивната голема турнеја. Гостувањето е резултат на минатогодишната посета на делегација на менаџери и уметнички директори на најзначајните инсистуции од културата на Македонија, и е меѓу неколку значајни настани кои гостуваа од Кина од каде што годинава на Танц-фест дојде и познатиот танцов ансамбл „Драгон кунг фу“. Кинескиот амбасадор во Македонија Вен Женшун, директорот на Национална опера и театар за танцова…
повеќе...